Рамна Земја?

Член од
29 јули 2022
Мислења
3
Поени од реакции
5
Нашето искуство за животот е дека живееме на рамна површина. Има многу причини зошто е тоа така. Причината број 1 е: тоа е факт без разлика дали ни се допаѓа или не. Не е 3D објект кој е суспендиран во вакуум. Ова се користи како психолошки механизам на контрола, бидејќи ние како човечко суштество имаме тенденција да бидеме љубопитни; имаме тенденција да сакаме да истражуваме.

Ако сакате луѓето да ги затворите и задржите во одредена област, треба да ги убедите во нешто како: „тие се на надворешноста на тродимензионална сфера, суспендирана во вакуум во бесконечна празнина“. И ни е наметнато дека оваа бесконечна празнина, без причина исплука нешто што ние го нарекуваме: материја (универзумот, светови, галаксии, планетоиди...) а ти си многу мала прашинка во сето тоа, размислете. Ова се трикови за да не срушат, да не измамат, да не натераат да се сомневаме во сопствениот разум. Ако натерате човечко суштество да го прифати тоа од мали нозе, веројатноста е дека никогаш нема да се впушти во доменот на желбата слободно да истражува. Затоа што мислиш дека се е откриено. Така ни е кажано. Психолошки да те ограничи, емотивно да те отепа. Како дете имаш изговор, како возрасен немаш.

Сите тврдења направени за нашата објективна реалност лежат во областа на студената, тешка, фактичка, неемотивна практичност. Ако ова го примените за сите тврдења за глобусот и изјавите што се даваат за него и ја барате практичната референца меѓу нив, нема да најдете апсолутно НИШТО.
Треба да ги разбереме темелите и основите на тоа каде всушност постоиме. Таму ќе го најдеме вистинското знаење. Во моментов ние не работиме од разум или логика, туку работиме од емоционален импулс (дел од дизајнот на социјалниот инженеринг).

Сакаат да бидете потчинети! Почитувајте ги наредбите! Регургитирајте! Прави како што велиме! се под маската „Слобода“. Но сепак не можете ни да ги доведете во прашање објективните изјави и тврдења што се даваат, без бомбардирање на опозицијата. Тоа не остави во ситуација каква што сме сега.

Мора да бидете способни да препознаете манипулација и лаги. ЗНАЕТЕ дека човечките суштества лажат, знаете дека човечкото суштество ќе лаже во своја корист. Причините зошто оваа измама е направена не ми се позната, ниту некој друг што го познавам, но би можел да шпекулирам. Но, шпекулирањето не ги одзема фактите дека не живееме на надворешноста од топката земја што се движи низ вакум со огромна брзина, во 4 различни насоки. Така се збунуваат луѓето, на тој начин се ставаат во конфузија за да можат да бидат принудени, податливи, да може да се контролираат со која било идеја или концепт што ќе им се нафрли.

Она за што треба да бидете свесни, е дека ова се случува... Мора да бидете доволно интелектуално искрени за да излезете од вашата мала култна пристрасност, да зачекорите до целта. Ние сме дел од нешто огромно овде. Ние сме дел од нешто со поголема историја, помагична историја. Излезете од оваа вообичаена глупост што ја живеете во моментов и придружете се. Единствениот начин да се реши целосно е ова место целосно да се истражи. Не знаеме колкаво е ова место, колкав е периметарот. Не знаеме што е над нас, до каде се протега тоа нешто.

Јас сум љубопитен и возбуден да знам, а истото треба да биде и секој друг, зошто ако ги немаме клучевите, разбирањето, знаењето за самото место во кое постоиме, како настанало и за што се работи без тоа се друго во кое учествуваме, се само идеи и концепти кои произлегуваат од имагинацијата на човекот. И срањата што ги гледаме во моментов се од имагинацијата на алчните, контролирачките и манипулативните ѓубриња! Имаме право како луѓе да ја утврдиме целта на нашата реалност.
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
#YouCanSeeTheStringsPeople
Автоматски споено мислење:

Ме интересира... Сите вие кои го поддржувате хелиоцентризмот, дали некој од вас се сомнева за нешто од хелиоцентричниот модел дека можеби е погрешен и би сакал да знам што е тоа во што се сомневате каде е грешката во тој модел? Дали според вас хелиоцентричниот модел е совршен и сите направени "мерења" и истражувања се прецизни и точни? Можно ли е никој од вас да нема сомнеж и да си признае себеси и овде дека можеби сепак не е се така совршено и прецизно кај хелиоцентричниот модел? Милиони километри,светлосни години и разни други фантастични мерења со чудни имиња за цифри кои не можат да се замислат а па камоли да се проверат... Можно ли е да не постои никаков сомнеж кај вас ? Јас лично иако сум убеден дека земјата е попрво рамна отколку топка која се врти и не знае на каде лета сепак се уште истражувам за рамна земја и не сум премногу сигурен во се. Дали и вие се чувствувате несигурни кога го браните овде хелиоцентричниот модел? Дали вие го "тестирате практично" хелиоцентричниот модел или само слепо верувате во него? На пример следбениците на рамна земја веруваат дека водата секогаш го наоѓа своето ниво и дека водата е рамна(водорамно познато?) кога е мирна на пример: вода во чаша,вода во базен,вода во езеро,река или море. Тој тест или експеримент може во секое време да се:
-провери
-измери
-повтори
Кај хелиоцентризмот на кој начин може да се провери "закривување на вода" во природата на пример на:
-Езеро
-Море
-Река итн.
Дали тој експеримент може во секое време да се провери, измери и повтори? Дали можеби и вие ги "ловите и лоцирате" грешките во хелиоцентричниот модел како што ги ловиме и ние љубителите на вистината и ако да кои се тие грешки или погрешни проценки според вас? И ќе ве замолам да се сконцентрирате...
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Јас лично иако сум убеден дека земјата е попрво рамна отколку топка која се врти и не знае на каде лета сепак се уште истражувам за рамна земја и не сум премногу сигурен во се.
Делуваш премногу сигурен, со тоа што одредени прашања кои ти ги поставиле ги одбегнуваш, демек прости прашања. Да беше скептичен, ќе се потрудеше да најдеш одоговор на тие прашања и врз основа на одговорите немаше да тресеш зелени.

Ај остави тоа дал земјата е рамна или не, оти реално имате право на сомнеж (мал право но сепак нека постои), но како тоа го оспорувате движењето на планетава?
Твоите извори што велат врска тоа ... планетава стои ли во место, иако цел универзум се базира на движење.... неконтролирано ли паѓа низ универзумот ... ако планетава стои мирно, како тогаш сонцето се движи (ваљда се движи според вас), како останатите небесни тела ја менуваат местоположбата... Водата во природата тече во права линија или во спирала (земи тегла вода, нека тече од повисоко и гледај што прави водата) ... ако е во спирала која е таа сила што влијае на водата, од каде е...
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Оваа тема овде е специјално отворена не само за докажување на законите за рамна земја туку и за "ловење грешки" и побивање на хелиоцентричниот модел. Така што сите вие што се надевате дека овде разговорите за хелиоцентризам се офтопик се лажете. Строго препорачливо е сите хелиоцентристи и северџани оваа тема да ја читаат во присуство на родител или старател.

@Bafra јас одговорив на сите прашања овде доколку читаш се што се објавува. Да сигурен сум во законите за рамна земја бидејќи до нив се доаѓа со докази кои пак во секое време може да се ПРОВЕРАТ,ИЗМЕРАТ И ПОВТОРАТ за да се ПОТВРДАТ.
но како тоа го оспорувате движењето на планетава?
Токму за тоа пишував. Прашањето ти е погрешно поставено. Остави тоа што ние го оспоруваме "движењето на земјата" туку како можеш ти да си ги докажеш сите тие "прецизно измерени" различни движења на земјата? Јас немам проблем со тие мерења затоа што не верувам дека земјата се врти или движи на било кој начин. Проблемот во врска со движењето на земјата тебе те мачи затоа што е овде логично оспорен и побиен со факти. Поентата е во тоа што ТИ СИ ОВДЕ НА ОВАА ТЕМА ЗАТОА ШТО ВО НЕШТО СЕ СОМНЕВАШ ВО ВРСКА СО МОДЕЛОТ НА ХЕЛИОЦЕНТРИЗАМ а не си дојден да ме испрашуваш мене. Инаку би бил на темата за хелиоцентризам. Попрво би можел да се изнесеш со твое мислење за грешките во хелиоцентричниот модел отколку да ми кажуваш пример со тегла полна со вода која кога ќе ја истуриш водата ДАЛИ ТАКА ЌЕ МОЖЕШ ДА ГИ ИЗМЕРИШ ОНИЕ 1670КМ/Ч "ротирање на земјината топка"? Дали на "спиралата" влијае само воздухот или спиралата е доволна за тебе дека сепак "земјата се врти? Затоа пишав СКОНЦЕНТРИРАЈТЕ СЕ.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Поентата е во тоа што ТИ СИ ОВДЕ НА ОВАА ТЕМА ЗАТОА ШТО ВО НЕШТО СЕ СОМНЕВАШ ВО ВРСКА СО МОДЕЛОТ НА ХЕЛИОЦЕНТРИЗАМ а не си дојден да ме испрашуваш мене
Е така де, се сомневам во тој модел, па сега барам некој како тебе да ми ги објасни и докаже нивните тврдења дека не се врти.
Јас само гледајќи ги ми укажуваат на тоа дека планетава и сите други небесни тела во универзумот се во постојано движење. Значи јас гледајќи ја водата кога паѓа, согледувам дека се движи во спирала, таа спирала е доказ за движењето на моделот хелиоцентризам, како и ред други движења, примери. Вечерно време земи снимај небото и објасни оти се движат ѕвезди, месечина, комети, метеори...
Ти кој доказ ќе го посочиш дека тоа не е точно, дека тоа е поради ова и ова, вака и вака се случува? Значи не само да негираш, туку доказ, друг пример со објаснување.
Јаболкото пред да падне, прво се искачува на одредена висина. Водата од длабочината на земјата се движи нагоре и извира на површината. Тоа за мене е доказ дека постои левитација, т.е. сила која другата страна од паричката на која се наоѓа гравитацијата, значи двете сили взаемно дејствуваат.
Сконцентрирај се, не биди свештено лице, кое бара стриктно само на него да му веруваме.
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Ај остави тоа дал земјата е рамна или не, оти реално имате право на сомнеж (мал право но сепак нека постои), но како тоа го оспорувате движењето на планетава?
Дали при здрав разум и свесно го постави ова прашање на тема РАМНА ЗЕМЈА и остана жив? Која е поентата на првите зборови од прашањето "Ај остави тоа дал земјата е рамна или не..." Сериозно? Во тоа твое смешно прашање е целата суштина на оваа тема. Ако е темата РАМНА ЗЕМЈА тоа значи дека ние следбениците на овој закон негираме "летечка водена топка што се врти" и не се знае каде ќе заврши.
Автоматски споено мислење:

Е така де, се сомневам во тој модел, па сега барам некој како тебе да ми ги објасни и докаже нивните тврдења дека не се врти.
Јас само гледајќи ги ми укажуваат на тоа дека планетава и сите други небесни тела во универзумот се во постојано движење. Значи јас гледајќи ја водата кога паѓа, согледувам дека се движи во спирала, таа спирала е доказ за движењето на моделот хелиоцентризам, како и ред други движења, примери. Вечерно време земи снимај небото и објасни оти се движат ѕвезди, месечина, комети, метеори...
Ти кој доказ ќе го посочиш дека тоа не е точно, дека тоа е поради ова и ова, вака и вака се случува? Значи не само да негираш, туку доказ, друг пример со објаснување.
Јаболкото пред да падне, прво се искачува на одредена висина. Водата од длабочината на земјата се движи нагоре и извира на површината. Тоа за мене е доказ дека постои левитација, т.е. сила која другата страна од паричката на која се наоѓа гравитацијата, значи двете сили взаемно дејствуваат.
Сконцентрирај се, не биди свештено лице, кое бара стриктно само на него да му веруваме.
Зошто тогаш покрај сите овие работи што ги нафрли нема начин да докажеш како може да ги потврдиш 1670км/ч "ротација на земјата" на кој начин можеме физички додека стоиме надвор во место да почувствуваме ете барем и 30км/ч движење на земјата? Каде е според тебе проблемот во тоа зошто не можеш да го почувствуваш ротирањето на земјата за која постои математичка пресметка со точна брзина на движење? Зошто ние рамноземјашите физички го пропуштаме движењето на земјата а вие не го чувствувате? Конечно...ДАЛИ ДОДЕКА СТОИШ НАДВОР ВО МЕСТО ЧУВСТВУВАШ НЕКАКВО ДВИЖЕЊЕ НА ЗЕМЈАТА?

П.С
Ако чувствуваш врти на 112...
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Зошто тогаш покрај сите овие работи што ги нафрли нема начин да докажеш како може да ги потврдиш 1670км/ч "ротација на земјата" на кој начин можеме физички додека стоиме надвор во место да почувствуваме ете барем и 30км/ч движење на земјата? Каде е според тебе проблемот во тоа зошто не можеш да го почувствуваш ротирањето на земјата за која постои математичка пресметка со точна брзина на движење? Зошто ние рамноземјашите физички го пропуштаме движењето на земјата а вие не го чувствувате? Конечно...ДАЛИ ДОДЕКА СТОИШ НАДВОР ВО МЕСТО ЧУВСТВУВАШ НЕКАКВО ДВИЖЕЊЕ НА ЗЕМЈАТА?
Чувствувам во однос на сонцето, во однос на ѕвездите и месечината.
Значи јас ти дадов наједноставни примери за движење, сега ти треба да ми докажеш дека тие примери не се движат, бидејќи тврдиш дека земјата не се врти, си седи мирно.

Проблемот што ти го имаш со ротирањето и оти не го чувствуваш е ист со сликата што ја имаш постирано, планетата како топка, со нацртано човече на горниот дел и уште едно нацртано човече на долниот дел, со главата надоле. Тоа сеуште ми е многу тешко да го соџвакам, па затоа ред по ред.
Докажи го твоето тврдење дека планетата мирува. Откако ќе докажеш, тогаш докажи како и зашто сонцето и месечината се движат, а планетава мирува.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.079
Поени од реакции
5.281

Ќе се повикам на ставот од мојот омилен професор, кој на едно предавање рече: „...Моето око гледа дека Сонцето се врти околу Земјата. Кој мисли поинаку, нека ме убеди...„.

Основниот и суштинскиот проблем кој го имаат поклониците на науките е многу прост; тие се модерни верници, кои веруваат во секоја глупост и апсурд кој доаѓа од самите науки, но за нив (за поклониците) тоа не е проблем, затоа што сите научни ставови се „научно докажани„.

А од тие „докази„ не можам да видам ниту еден...

Поклоцините на хелиоцентризмот непрекидно се повикуваат на „најновите„ научни/астрономски сознанија за состојбите во Вселената и со Земјава, но некако не им паѓа на памет да се посомневаат, барем на кратко, во она кое им се нуди како наука. Затоа, се‘ што велат модерните авторитети, попут Нил Тајсон (за кого не верувам дека со свое око го има видено обликот од Земјава), за поклониците е вистина сама по себе, вистина во која не смее да е сомнева (попут догма...) а и вистина која за обичен смртник ниту е достапна, ниту е проверлива.

Плус, поклониците на науките се склони кон апстрактно и „до зла бога„ изрелативизирано размислување, па за нив е проблем ако движењето од Сонцето е очигледен настан но е астрономски неточен, но ако Тајсон им каже вистина дека „у ствари„ Земјава се „врти„ околу Сонцето, а тоа е движење кое никој жив не го видел, е токму тоа „вртење„ на Земјава околу Сонцето е апсолутна и несоборлива вистина...
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Чувствувам во однос на сонцето, во однос на ѕвездите и месечината.
Сине физички не го чувствуваш... Зошто е толку тешко тоа да се признае? Зошто ги спомнуваш сонцето,ѕвездите и месечината кога јас конкретно те прашувам за оние 1670км/ч? Дали во текот на денот под твоите нозе чувствуваш бар 30км/сек. движење на земјата под твоите нозе?
Screenshot_2022-07-31-16-54-30-94_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Ќе се повикам на ставот од мојот омилен професор, кој на едно предавање рече: „...Моето око гледа дека Сонцето се врти околу Земјата. Кој мисли поинаку, нека ме убеди...„.
Ок е и така да тврдиш, дека сонцето се врти околу земјата. Е сега објасни како сонцето се врти, а земјата мирно стои. Која е таа сила за сонцето да се движи да се врти... таа сила влијае или не влијае на земјата?
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.156
Поени од реакции
9.843
Ок е и така да тврдиш, дека сонцето се врти околу земјата. Е сега објасни како сонцето се врти, а земјата мирно стои. Која е таа сила за сонцето да се движи да се врти... таа сила влијае или не влијае на земјата?
А од каде идејата дека ако сонцето кружи над рамна и стационарна земја дека мора и земјата да се врти? Тоа што прашуваш за силата на сонцето да се движи не го знае ни официјалната псевдонаука...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Сине физички не го чувствуваш... Зошто е толку тешко тоа да се признае? Зошто ги спомнуваш сонцето,ѕвездите и месечината кога јас конкретно те прашувам за оние 1670км/ч? Дали во текот на денот под твоите нозе чувствуваш бар 30км/сек. движење на земјата под твоите нозе?
Мајче, како така зашто ги спомнувам движењето на сонцето, ѕвездите и месечината... зар тие не постојат, кога ги гледаме, нели добиваме впечаток дека се движат, па како тие се движат, а планетава стои мирно.... Рековме штом тврдиш нешто, мора да го докажеш тоа.

Остави ги сега тие 1670 км/ч, за нив понатака ќе почнам да осознавам, сега ме интересира вашето тврдење дека земјава мирува.

По твоја аналогија, кога други ме возат накај Бугарија, кај Крива Паланка ми се лоши, а кога јас возам, не ми се лоши. Има сигурно некоја финта, ама и таа ќе ја осознаам.
Автоматски споено мислење:

А од каде идејата дека ако сонцето кружи над рамна и стационарна земја дека мора и земјата да се врти? Тоа што прашуваш за силата на сонцето да се движи не го знае ни официјалната псевдонаука...
Не мора де, ама тогаш докажи дека земјата не се двиижи и зашто, а се друго на неа и околу неа се движи. Ако не се движи, стои ли во исто место, или паѓа во амбисот на универзумот.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.079
Поени од реакции
5.281
Ок е и така да тврдиш, дека сонцето се врти околу земјата. Е сега објасни како сонцето се врти, а земјата мирно стои. Која е таа сила за сонцето да се движи да се врти... таа сила влијае или не влијае на земјата?
Ова прашање е одговоерно токму од „рамноземјашите„, а јас не сум дел од тоа здружение, па верувам дека нивниот одговор на твоево прашање е задоволителен, гледано од нивна позиција.

Но, ако јас треба да ти одговорам, од позиција сомничав лик, кој не „паѓа„ на научни „вистини„, тогаш одговорот би бил ваков: Сонцето се врти затоа што „некој„ ја одредил таквата позиција и таквата улога од Сонцето во однос на Земјата. Сонцето има и тоа како свое влијание на Земјава (светло, температура, годишни времиња...), посебно за одржување на животот на неа (на Земјава).

Целата Вселена, сите нејзини тела, вклучувајќи го и Сонцето, се позиционирани и се „држат„ на своите позиции преку силите кои постојат во физичкиот/материјалниот Свет, а кои се горе-долу познати и до некаде испитани (јака нуклеарна, слаба нуклеарна, електро-магнетска и омилената („универзаланата„) гравитациона сила).
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.336
Поени од реакции
7.701
Сонцето се врти затоа што „некој„ ја одредил таквата позиција и таквата улога од Сонцето во однос на Земјата. Сонцето има и тоа како свое влијание на Земјава (светло, температура...), посебно за одржување на животот на неа (на Земјава).

Целата Вселена, сите нејзини тела, вклучувајќи го и Сонцето, се позиционирани и се „држат„ на своите позиции преку силите кои постојат во физичкиот/материјалниот Свет, а кои се горе-долу познати и до некаде испитани
Тоа " некој " значи многу добро и прецизно знаел што прави, штом одредил таква позиција и движење на Сонцето. Нели тогаш автоматски би требало да се согласиме дека тоа " некој " сигурно заел што е најдобро за земјата за да може да постои и функционира како што функционира. Па затоа одредил земјата да се движи, врти, оти ако не го прави тоа, нема да има живот на неа, а ни земјата да постои. Движењата на водата најдобро ги отсликуваат универзалните сили. Па ако некој тврди спротивно, треба да ги побие тие закони, правила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom