Радикален ислам во Македонија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580
Џихад на Балканот, следна генерација

Сениште се шири низ Европа, влијанието што стотиците европски доброволци во џихадот во Сирија и Ирак може да го имаат во нивните татковини кога ќе се вратат. Во анализата објавена во „Ворлд афеарс џурнал“ се оценува дека можеби како никаде во Европа таа потенцијална опасност не е толку голема како на Балканот.

Босна и Херцеговина, според проценките, имала, по бројот на жители, најмногу доброволци во Сирија во споредба со која и да било друга земја во Европа. Постојат наводи дека сега во Сирија имало неколку стотици борци од југоисточна Европа.

Иако муслиманите во овој дел на Европа остануваат еднa од најумерените исламски популации во светот, проценката е дека од пет до десет насто биле индоктринирани со поекстремни форми на исламот типични за Саудиска Арабија и Египет.


Тоа не е случајно, туку, како што се наведува во анализата објавена во „Ворлд афеарс џурнал“, резултат од долгорочните напори на екстремистите да го радикализираат локалното население.

Иако муслиманите во југоисточна Европа остануваат еднa од најумерените исламски популации во светот, проценката е дека од пет до десет насто биле индоктринирани со поекстремни форми на исламот типични за Саудиска Арабија и Египет.
Во изминативе децении тие создале софистицирана инфраструктура на безбедни засолништа во изолирани села и во џамии под контрола на радикални свештеници, но и на електронска пропаганда.

Милитантните исламисти своите намери ги остваруваат и преку мрежа на невладини и хуманитарни организации, често финансирани од познати донатори на Ал Каеда.

ЦИА проценува дека една третина од невладините организации во Босна имаат терористички врски или вработуваат луѓе кои имаат терористички врски.

Белата џамија во Сараево е седиште на Сулејман Бугари, имам роден на Косово, за кој агенцијата Стратфор вели дека бил посредник меѓу албанските и босанските екстремисти.

На Косово, според новинските извештаи, една џамија во Приштина и една во Митровица биле центар за регрутирање милитанти за Сирија.

Во Македонија, пак, вехабистите биле ангажирани во борбата со Исламската верска заедница за преземање на контролата на четири џамии, меѓу кои Јајапашината и Султан муратовата.


Милитантите на Балканот развиле и мрежа на печатени изданија и он лајн спотови за ширење на верска нетрпеливост, славење на насилството и антиамерикански, антисемитски и антидемокартски пораки.

Омразата и хомофобијата се значајни елементи на милитантаната исламистичка идеологија.

Според поранешниот шеф на бугарските муфтии Недим Генџев, милитантните исламисти во југоисточна Европа се обидувале да создадат „фундаменталистички триаголник“ меѓу Босна, Македонија и Бугарија.

Иако нивните шанси за успех се минимални, тие можат да им направат огромна штета на западните интереси и на можностите за формирање стабилни демократски општества во регионот.

Со новата генерација балкански муслимански свештенци школувани во Саудиска Арабија и Египет и стотици милиони долари од богати донатори за изградба на школи и медреси на Балканот се повеќе ќе се брише разликата меѓу традиционалната умерена форма на исламот што се практикува во југоисточна Европа и онаа екстремната која доаѓа од истокот, се наведува, меѓу другото, во анализата објавена во „Ворлд афеарс џурнал“
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Е колку ми е мерак што го обезглавија тој британецот тие од исламска држава. Пред да оди во Ирак и Сирија ги помагал радикалите хуманитарно во Босна и сега тие истите му ја исекоа главата бравос на таквите сечете не ми е мака воопшто.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580
РАДИКАЛНИОТ ИСЛАМ НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО СТРУШКО,БЕЗБЕДНЈАЦИТЕ ПО КАФЕАНИ!!!
SHARE ON:
SEPTEMBER 16, 2014

Македонија дефинитивно има голем сериозен безбедносен проблем , со навлегување на голема врата на Исламскиот фундаментализам.Дечките кој државата ги плаќа за прибирање на контраобавештајни податоци , како прави маникени ,се шетаат по улици и кафеани и глумат големи обавештајци , им недостига уште легендарниот актер Сашко Коцев ,да ги подземе во некоја негова Стенд Ап комедија , секако за статисти , за друго ,не се знае дали би ги бивало, за декор ,можеби!

Македонските безбедноси служби немаат воопшто точен податок ,колку државјани на Македонија ратуваат во Сирија, Авганистан , Ирак?! Тоа пред се се малди дечки кој се обучени од страна на исламските радикални фундаменталисти, кој се враќаат во Македонија и се најголема потенцијална опасност за безбедноста на Македонија ,а и во регионот пошироко. Тие во своите глави веќе имаат друг чип, оној фундаменталистички , и нема ниту момент да размислуваат, за до колку е потребно, да го употребат оружјето и нивното знаење за војување во некоја си прилика , како во Македонија , така и во регионот.

Во повќе наврати пишувавме за делувањето на „Црвено Црната Алијанса“, нејзините контакти во Струга во делот на СУБК,како и во СТрушко,а и во Дебар, Гостивар,Тетово. Оние кој треба да внимаваат на нивното делување , кој државата ги плаќа за зачувување на безбедноста и уставниот поредок , тие повеќе сакаат да дознаат од портали , или пак некој да ојде кај нив и да им сервира све на тацна , а тие само да ја напишат службената белешка!!!

Исламскиот Фундаментализам на голема врата е навлезен во Македонија , но за дечките кој преферираата ресторани ,а во интерес на безбедноста на Р.Македонија ,ќе им дадеме сознанија ,а тие нека си проверат .

Струга ,Лабуништа веќе 10 години наназад се едни од најаките вехабистички центри во овој дел на Балкан. Посебно е развиен во делот на селото Лабуништа , каде имаат едукативни центри , печатење на пропагандни материјали , снимање и копирање на ЦД -Дискови за ширење на Вехабизмот. За шал никој не превзема ама баш ништо оперативно на теренот ,како би се спречило овој важен регрутен центар да се сузбие.

Додека разузнувачите од СУБК Охрид , оделение Струга уживаат по охридските ресторани, одсвем Лабуништа во период од само неколку месеци и соседното село Октиси,постана дел од Вехабистичкото братсво. За таа цел во Џамијата во Октиси ,главниот Оџа Рамадани е припадник на Вехабистичкото движење во Македонија. За таа цел на посета на Октиси пристигнува и водачот на вехабизмот во Македонија Бекир Алими (види фото), каде во џамијата во Октиси прават собир на вехабистичките приврзаници , како и план како и на кој начин да се прошири движењето ,а и можноста за регрутирање на војници за борбите во Сирија.

Одсвем Струшко-Дебарскиот регион ,кој поради стратиграфијата , како и гранични места кој се погодни за префрлување на оружје и лјудство, вехабизмот на голема врата навлеува во Гостивар , особено во месноста на планинскиот дел на Чегране , каде според определени сознанија на ОхридСкај формиран е и тренинг камп.

Ваквата појава на радикалниот излам е загижувачка , пред све од безбедносен карактер како на Македонија , така и на регионот, па така нерзабирливо е тоа што жител на селото Велешта -Струшко погинува во Сирија како припадник на радикалните исламисти ,а во Македонија за истото или не се знае ,или пак се премолчува?! Која би била целта на премолчувањето?? Кој се финасиерите на вехабистите ,а кој немаат бради ,а тераат милионски бизниси во Македонија со што го финасирааат радикалниот ислам , секако дека е прашање на оделот на контра разузванање при СУБК Охрид !

Сашо Денесовски
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.604
Поени од реакции
9.238
Е колку ми е мерак што го обезглавија тој британецот тие од исламска држава. Пред да оди во Ирак и Сирија ги помагал радикалите хуманитарно во Босна и сега тие истите му ја исекоа главата бравос на таквите сечете не ми е мака воопшто.
Oвој и нему сличните требало да мислат кога за пари добиени од продажба на хероин пишуваа нарачани текстови за конфликтите во Македонија, Косово и Босна. Си мислеа дека оние што им ги даваа тие пари, истите нема да им ги истераат низ нос. Сега нека жнеат тоа што посеале.[DOUBLEPOST=1411033963][/DOUBLEPOST]http://www.blic.rs/Vesti/Svet/496034/CIA-BiH-u-svetskom-vrhu-po-broju-dzihadista
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580
ТАРИФА ЗА ВАХАБИСТ: Сто евра за носење брада, двесте за кратки панталони
Според експертите, цената неколкукратно може да се зголеми доколку и жените во една фамилија се придржуваат на строгите вахабистички норми. Тие треба да носат никаб, традиционална црна ткаенина со која го прикриваат лицето и можат да им се видат единствено очите

повеќе
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.358
Поени од реакции
84.580

На социјалната мрежа „Фејсбук“ осамна фан страница насловена како Џихадистите од Кондово.

Како профилна е поставена фотографија од три млади маскирани момчиња.

Страната досега има 57 лајкови, а е формирана пред два дена.

Иако џихадистите низ светот добро се грижат да ги сокријат трагите каде се и кои им се лицата, на тројцата креатори на оваа фејсбук страна може многу лесно да им се влезе во траг. Кога ќе се помине преку нивната заедничка фотографија каде се со ножеви или маскирани веднаш се појавуваат фејсбук профилите со вистинските имиња и со ликот на џихадистите од Кондово.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.603
Иако џихадистите низ светот добро се грижат да ги сокријат трагите каде се и кои им се лицата, на тројцата креатори на оваа фејсбук страна може многу лесно да им се влезе во траг.
Уште да се замараше некој во државава со ова...
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863

На социјалната мрежа „Фејсбук“ осамна фан страница насловена како Џихадистите од Кондово.

Како профилна е поставена фотографија од три млади маскирани момчиња.

Страната досега има 57 лајкови, а е формирана пред два дена.

Иако џихадистите низ светот добро се грижат да ги сокријат трагите каде се и кои им се лицата, на тројцата креатори на оваа фејсбук страна може многу лесно да им се влезе во траг. Кога ќе се помине преку нивната заедничка фотографија каде се со ножеви или маскирани веднаш се појавуваат фејсбук профилите со вистинските имиња и со ликот на џихадистите од Кондово.
Кај џихадисти, па и неписмени! Види го знамето. Тоа е официјалното знаме на Сирија. Во моментов на терен само Асад го користи тоа знаме. Опозицијата го користи со зелена боја место црвената. Џихадистите и другите исламисти имаат сосема други знамиња.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.603
Џорџ прецедникот наш вика ако не примеле во Нато ќе сме биле стабилни и немало да имаме проблеми со овие.

До тогаш ваљда ќе треба да се стегнеме и да трпиме и да се надеваме дека нема да постројат нова група деца некаде. Посебно сега од ЕУ кога ќе не натераат да донесеме закон за 15 години затворска казна за секој кој војувал во странска војска, да се надеваме дека кога ќе се вратат сами ќе се пријават за отслужување и нема да прават проблеми.
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
Se slikal so boksirac i pisal dzihadist. Od niv se gleda koja e celta na takvite. Nemaat poznavanje a sakaat da napravat da se mrazi islamot. Oni valjda i neznaat sto znaci Dzihad.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
ТАРИФА ЗА ВАХАБИСТ: Сто евра за носење брада, двесте за кратки панталони
Според експертите, цената неколкукратно може да се зголеми доколку и жените во една фамилија се придржуваат на строгите вахабистички норми. Тие треба да носат никаб, традиционална црна ткаенина со која го прикриваат лицето и можат да им се видат единствено очите

повеќе
Ова го има веќе во Прилеп пред некоја година. Најчесто го прават циганите кои пуштаат бради, а имам видено и неколку забулени жени и се шетаат на парк или пак во град.
Нормално задолжително е одење во џамија за да се земи тарифата.

Во последно време зачудувачки забележувам и Албанци како излегуваат на парк фамилијарно во поголеми групи од по пет души минимум што малку ме чуди од причина што во Прилеп скоро и да нема Албанци и најчесто се по селата. Тие пак во селата не можат да кренат глава од работа преку лето, па ич не ми е верно дека ќе дојдат специјално дотерани на парк за да се релаксираат.
 
Член од
29 септември 2014
Мислења
100
Поени од реакции
33
Ке се шири секако,како доаѓа се поголема немаштија така ова муслиманиве(и не само они) ке забегаваат во Сирија и сл.места ,се за париии..ужас
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.519
Поени од реакции
18.366
Ке се шири секако,како доаѓа се поголема немаштија така ова муслиманиве(и не само они) ке забегаваат во Сирија и сл.места ,се за париии..ужас
Aman so siromastijava. Kaj muslimanive siromasni i od muka otidoa na pecalba vo Sirija, falea uste bednite siromasni hristijani da odat na Bliski Istok da secat glavi i rusat dzamii. Uzas.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom