Работна дисциплина?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Дали и колку ние, во нашава држава, имаме работна дисциплина?
Дали и колку даваме се` од себе за да ја завршиме дадената работа, точно така како што се бара од нас?
Дали и колку мислиме дека треба да сме добро платени за да работиме, а не да сработиме добро за да сме добро платени?
Зошто често се случува некој што тука неможел ни пенкало во рака да држи, кога ќе замине во странство знае и може да работи и по цел ден, а притоа и да е многу посреќен?

Бидејќи јас мислам дека работна дисциплина кај нас нема, прашањето ми е зошто е тоа така, нормално за тие кои мислат исто така. Другите нека си го кажат и образложат нивното мислење, се разбира.
:pipi:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Дали и колку ние, во нашава држава, имаме работна дисциплина?
Дали и колку даваме се` од себе за да ја завршиме дадената работа, точно така како што се бара од нас?
Дали и колку мислиме дека треба да сме добро платени за да работиме, а не да сработиме добро за да сме добро платени?
Зошто често се случува некој што тука неможел ни пенкало во рака да држи, кога ќе замине во странство знае и може да работи и по цел ден, а притоа и да е многу посреќен?

Бидејќи јас мислам дека работна дисциплина кај нас нема, прашањето ми е зошто е тоа така, нормално за тие кои мислат исто така. Другите нека си го кажат и образложат нивното мислење, се разбира.
:pipi:
Пред се зависи од тоа која функција ја имаме јас/ти/било кој друг на работното место. Сепак класа до класа образование до образование си доведува до таа култура.
Генерално кај нас е како ќе ти свирам така ти ќе играш, ако не играш си одиш фала пријатно. И нормално дека секој треба да си го цени својот труд, и за него да биде доволно платен. Епа не иде на некој да му направиш некое огромно дело(адвертајзинг) и гомнарот да те истапша само по рамо и оноа класичното ДОБРО Е ДОБАР СИ. При една таква грешка на предпоставениот и таа култура што би ја имал било кој ќе ја изгуби.
Ама муштеријата е секогаш во право-класична реченица да ама ај нека седне да му објаснам што уствари сум му направил.
Ако па седнеме и добро работиме за да бидеме добро платени ќе се изгориме или па воопшто нема да седнеме слушајќи разно разни муабети, ама ако има исклучоци да се живи и здрави.

На кратко:)
Работна дисциплина нема затоа што нема заеднички јазик помеѓу работник/надгледувач. Примарната работа е тоа да се најде заеднички јазик т.е. компромис помеѓу мене и тебе како делумно кажано соработници
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јој, најпрвин, оние кои дома не работат и во странство ќе забушаваат и нема да се пробијат од портир до рецепционер, а камо ли повеќе.

А ние сме јужњаци, што по јужно тоа повеќе народот е опуштен, сака да ужива, сонцето е криво за тоа.

Плус, ние ја имаме бељата што живеевме во вештачкиот комунизам долги години и тоа ни влезе брзо под кожа па сме убедени дека е доблест да заебеш, да не работиш а заработиш и да не си го заработуваш лебот.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Плус, ние ја имаме бељата што живеевме во вештачкиот комунизам долги години и тоа ни влезе брзо под кожа па сме убедени дека е доблест да заебеш, да не работиш а заработиш и да не си го заработуваш лебот.
Проблемот е во тоа што покрај таквите поместени стандарди ги губиме и оние малку добри “работници“ кои ги имаме бидејќи не успеале да се “снајдат“ во забушантската средина и случајно се предубедиле дека треба добро и чесно да сработат во животот.
Не ги стимулирме и не ги наградуваме како што треба и тие си бегаат во странство. Затоа не можам да ги осудам. Не сите.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Има и еден друг проблем ,надвор од тоа дека не се стимулираат работниците.Значи кога јас сум се обидела на неколку работни места и не сум го добила соодветниот третман за мојот труд изразен преку плата,точно е дека ќе почнам да плукам по владетелот ,зошто колку и да сакаш да ја задржиш работната навика со голем ентузијазам,фрустацијата дека си омаловажен на секој можен начин преовладува.

Другиот проблем кој би сакала да го посочам е за оној друг дел од работната класа.Поима немаат како изгледа таа работна дисциплина и поима немаат како изгледа еден работен ден,па уште пред да почнат да работат и било каква одговорност да превземат ме убедуваат како работниците не го добиваат заслуженото.Значи како знаат кога немаа пробано,овде пак настапува сидромот на кукање.Уште пред да се обидат да бидат на било кој платен список знаат дека нема да го добијат заслуженото место на тој список.

Не оправдувам никој што не се обидел да создаде нешто во сопствената држава,туку веднаш поитал да биде роб на туѓо парче земја.Точно е дека нема работна дисцпилина кај нас,ниту работникот се обидува тоа да се измени ниту луѓето кои се задолжени да тој работник има нормален ден ,не се обидува да најде заедничка точка за да се има хармонија .Значи проблемот не е само едностран,проблемот е на глобално ниво во државата.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
За во државната администрација воопшто не треба да го правиме муабетов, целата приказна се сведува на тоа дека сите „клатат врата„ за да земат и секоја чест на исклучоците кои достоинствено си ја заработуваат својата месечна плата.

За во приватните компании мислам дека ситуацијата е веќе друга. Сосема е оправдано менаџерот да бара ред и дисциплина и секако работа затоа што на него од тоа му зависи месечниот приход. Или во превод работата, дисциплината и редот се правопропорционални со месечниот приход на компанијата.

И се повеќе гледам фирми, кои се свртуваат на т.н. западноевропски систем на работа, со строга контрола, со електронски идентификација на работното време, со поголем број на менаџери иии...на целава оваа слика само недоставуваат поголеми плати како дополнителна мотивација за ред, дисциплина, послушност и за постигнување подобри резултати.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Ima sekako...

Rabotna disciplina? Ima sekako! Ako nekoj rabotnik nema rabotna disciplina nema da raboti kaj "GAZDA" ni dva dena. Toa ti e denesniot "kapitalizam" takozvana demokratija. Koj gazda e glup da plakja nediscipliniran rabotnik.

:toe:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Плус, ние ја имаме бељата што живеевме во вештачкиот комунизам долги години и тоа ни влезе брзо под кожа па сме убедени дека е доблест да заебеш, да не работиш а заработиш и да не си го заработуваш лебот.
Ова со комунистичките навики, работи не работи плата земаш беше најголемиот проблем кај нас како народ.
Сега, работите се сменети, во приватниот сектор енавистина владе различна атмосфера-па дурии во државната администрација се прават некакви навидум квалитативни промени, но се тоа е гола вода.

Имаме работна навика, но исто така имаме и комуњарска злоба во крвта на еден голем дел од народот, тоа кога ќе го снема за едно 50-тина генерации ќе може да се оди напред со светлосна брзина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom