Работи од минатото

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Земзела. Најјака појава што ја имам видено во цртан филм.


- и цртаниот со ташната кога оживуваше , со пенкалата , гумата :pos:не можев да го најдам како се викаше.
Земзела беше бедес :D
Тој цртанот со ташната, пенкалата сакав да го постирам предходно ама не знам и јас како се вика. :)

Sent from my CMX HTC Pyramid
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Секое утро ми почнуваше вака :D
(уште во 6:30 ќе станам да ги изгледам приказниве,па златно славејче одеше потоа и од 8 почнував,забавиште бев иначе).
Нешто подоцна се појавија се сеќавам Јелена или како и да се викаше тоа едно девојче ми беше ептен срцкаста,па љубоморев на секој шо ќе и се доближеше или фатеше за рака :pos:. Исто така неможам а да не го спомнам ,исто и еден друг цртан шо го даваа на МТВ со оние со долгите опашки....Марсупилами или како и да беше :D

Понатаму,за грицки...Оние стапчињата цели со сусам,потоа имаше едни холидејки ги викавме кај нас на Ети,манчмелоу со жолта позлатена хартија...по 5 денари беа,дневно се предозирав со такви :D . Во маало игравме бишка(жмурка со топка,па често се случуваше некој цела вечер да мижи,па плачки... :D ),па имавме забранети места за криење,па на комшииве им сметавме дека бевме голема багра(10-12 души :D ). Исто и вистина или предизвик игравме,обично предизвикот ни беше да се качиме на некоја цреша/слива/кајсија и да крадиме од таму. Нема никогаш да заборавам кога еден другар се качи на една кајсија и овој дедово шо беше негова излезе со пушка,наполнета со сол. Па кога го пукна под гзот негде,3 дена му беше модро местото :D .За вистина-се знае...Која ти е симпатија,која ја сакаш...Имаше една стара куќа у маало и навечер кај 9-10 саатот сите ќе се наседнеме таму и почнувавме приказни за Крвава Марија,вампири,духови...Летоска седнавме со другариве од маало да се потсетиме на тие времиња...ех колку ми фалат у пичку матер :D
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.762
Поени од реакции
8.022
Не ми се верува, го забравивте то ко со душа чекавме мал ветер да дој :D

ФОРТУНА! :vozbud: Бар така ја викавме ние :pipi:

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Рекламата за Партнер цигари :)
Рекламава за Стоби Флипс, ептен овде стара (РТБ), ама изгледа доста време ја користеле
До продавница не пуштаа по КАФЕ.Едно беше

И викавме од пред зграда да ни фрлат 10 денари за сокче, Охриѓани anyone?

Jaдење строго во прибор од Порцеланка :D Не можам да најдам слика имаше и едни само со плавa темна линија

Го памтите девојчево?
 
Член од
16 март 2010
Мислења
330
Поени од реакции
204
Не ги сретнав никаде, мастиките во форма на цигари, ехее колку пати дедо ми го имам зезнато дека е цигара украдена од мама за да му ја дадам :love:

Имаше и еден филм на МТВ1 идеше, дали сериски беше или незнам, со едно мајмунче што прави бељи и две дечиња што го чуваат, се утепав од барање, ама незнам како се вика.
едит: Го најдооов!! Мајмунчето Алис!
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Па кога јас бев мала (15 години сум :D) имаше и телевизори во боја и компјутери, ама пак сме си играле со некои од работиве што ги наведовте вие. Еве ги моите омилени:

Како мала секогаш ми биле поинтересни игрите што ги играа машките, па си играв џамлии со нив :cool:

Лелеее гемчееее! :D Ќе сме седнеле јас, брат ми и братучед ми со часови со гемчињата :D


Од ова едноставно не се стануваше :)


Не лути се човече - јас се лутев, а за вас незнам... :P

Најјаката игра која сме ја играле со часови и пред легнување ќе сме оставеле се поставено на маса за утредента да продолжиме - монопол! :D

Маички со ликови од цртаните :)

Секое лето во викендичката јадење дирекно од дрво - најслаткото задоволство :)


Плочка на паркингот позади зграда :P

Без овие работи на плажа никако :D


На мајка ми и го трошев целиот сјај на ова :pos:


Ова!




Кој не ги правел ваквите бродчиња и ги пуштал во базентче? :D


- Милка, киндер јајце...
Игри со топка, најјакото нешто!
На роденден со молив, гума и тетратка дефинитивно не сум одела.
Сум седела на компјутер, но многу малку, не ми бил нешто посебно интересен. Првиот компјутер го добив некаде 2000 година на мои 3 години, ама добро не сум почнала одма со компјутерот. :D

Сум дремела и на тв, особено кога почнаа хрватските серии 2005 мислам, па од нив научив хрватски и многу ја засакав Хрватска.
Драгонбол, Покемон, Јуџио итн...
А најјаката игра на телевизор:

Сите се чудеа од каде толкави сметки :P

Првиот мобилен го добив во прво одделение :P
Велосипеди - полна ни е викендичката со велосипеди :D

Имав многу барбики, ама не си играв многу со нив. Повеќе сакав мечиња и кукли-бебиња и сеа ми текна како го зафркнав татко ми :pos:мајка ми ми имаше купено нова кукла-бебе и јас постојано си играв со него. Брат ми и татко ми беа во Хрватска на натпревар, јас бев малечка и сега зборат татко ми и мајка ми на телефон а јас татина маза одма дај ми го тато :D и збориме и наеднаш му викам еј тато знаеш што, имаме бебе! И татко ми: "Бебе, какво бебе?" ахахахахахахахах кога ќе ни текне ова :pos: ама каков му беше гласот неможе да се објасни :pos:уште го чувам ова "бебе" :P
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.014
Поени од реакции
74.329
За сите што сакате да се потсетите на најразни цртани/емисии од минатото што ги давале на МТВ, скоро 90% може да ги најдете на јутјуб во uploads на овој user :)
http://www.youtube.com/user/moby1981retro

Еве две што ги немаме спомнато до сега :)

За жал му фали тоа што го барам цело време :D
Ако убаво се сеќавам беше нешто како Кинеска приказна. Двајца браќа, едниот беше храбар, другиов плашливец. Храбриов прво ќе утепа тигар, ама плашливиов ќе го бутне на крај и ќе се претстави како он да го убил тигарот :D Па после ќе има војна, и храбриов ќе убие се пред себе, а плашливиов ќе се крие во еден шатор, ама на крај пак ќе му ја украде славата. И сега не ми текнува баш што ќе се случува, ќе дојде еден старец со едни јајциња црвено и плаво и везе неам што беше работата, мислам ќе му наредат на плашчивиов да си го убие братот, и крајот не го памтам. Еден ептен лошо нацртан цртан филм :icon_mrgr:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Многу работи се веќе спомнати. Се сетив на:

Хи Мен и господарите на вселената! Пластични/гумени фигури, неоригинали се разбира...

Го читав стрипот и собирав сликички за овој албум. Имаше наградна игра - главна премија: Лада Самара :pos:

Тоблеронето беше реткост

Се сеќавам дека и рубикови коцки имаше многу. Главно ги вртев без врска, онака...:X3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom