Работи кои секој Sony Ericsson сервисер треба да ги знае

GlaDOS

Surreal Fag
Член од
27 март 2012
Мислења
141
Поени од реакции
38
1. ЕROM- Eraseable Read Only Memory. Биосот на вашиот телефон. Кога има проблеми (корумпирање) со ЕRОМ-от вашиот телефон е мртов и IRDA диодата трепка 5-6 пати
2. GDFS- Global Definition File System. Ова е најважниот дел на вашиот телефон. Слично на NVRAM (Non-Viotile Random Access Memory). Секои GDFS фајлови се различни за секој телефон. Тие ги содржат најважните работи за вашиот телефон како IMEI бројот. Пред модирање на секој Sony Ericsson телефон треба да се зачуваат, односно да се направи back-up за да не дојде до понатамошни проблеми. Кога има проблеми (корумпирање), телефонот стартува, покажува мала бела слика и потоа "умира" и се рестартира цело време. Со овој дел на телефонот нема играње, можете трајно да го уништите телефонот.

3. FIRMWARE- Софтверот на вашиот телефон. Тој се состои од 2 дела:

-FS (File System): Содржи јазици, слики, анимации, звуци, подесувања и др. Содржи се што не е "чист" софтвер

-MAIN: "базата" / системскиот софтвер

Воглавно, исто е како Windows-от. Имате CD од кое ќе го инсталирате Windows-от (FS) и Windows-от (MAIN).

4. CID- Овој "број" го покажува нивото на заштита од модирање на системските фајлови кои што се складирани во телефонот, декодирање на телефонот, примена на пачови и др. Досегашни CID верзии (броеви, како сакате) се: 29, 36, 37, 49, 51, 52, 53, 80 и 81. Sony Ericsson базирани телефони како LG и Sharp го користат истиот систем, но други, различни верзии. OTP-то (One Time Programmable memory) и EROM-от ретко се заштитени од CID-от. Тоа може да се види во K600 и К608.

5. CDA- Oвој број дефинира која верзија на софтвер треба да ја има телефонот. Generic (дебрандиран) телефон К750 ќе биде CDA102337/12, а додека брендиран К750 ќе користи CDA102338/62. И двата телефона ќе бидат флеширани со истите системски фајлови, но вториот ќе биде брендиран на софтвер кој го инсралираат од Sony Ericsson. Повеќе информации на точка 7. Customization

6. BLUE/BROWN/RED CERT- Оваа "боја" дефинира со кој вид на телефон ние се справуваме. BLUE(Сини) CERT телефони никогаш не се програмирани да работат на некој софтвер. BROWN (Кавени) CERT телефони се "developer". На нив се тестира секој софтвер. Повеќето луѓе кои што се внесени во светот на modding тестираат пачови на BROWN CERT телефони со кои можат да додадат работи во телефонот (софтверот) кои досега ги немал телефонот. Повеќе за пачови на точка 8. Patches. RED (Црвени) CERT телефони се типичните Sony Ericsson телефони кои сите ние ги користиме. Во светот се употребува конвертирање од RED во BROWN CERT со што се добиваPROTOTYPE модел на телефонот. Секако тоа не е бесплатно.

7. Customization- Инсталирање или Менување на оригиналните игри, ринг тонови, слики, икони и др што одат со брендиран или дебрандиран телефон. Оваа фаза се нарекува крајна фаза после успешно флеширање на телефон. Најчесо се започнува со:

- Пишување/Инсталирање на Custmize.xml и сервер & java сертификати во /tpa/preset/custom
- Кога телефонот се стартува после флеширање, тој ги "чита" xml фајловите, ги одобрува подесувањата кои се напишани во тие xml фајлови и проверува дали се валидни. Тоа се случува на тој Please Wait екран.

8. Patches/Patching - Пачовите ви дозволуваат да внесувате делови од raw код (во HEX формат) во софтверот на вашиот телефон. Пачовите имаат .vkp формат на датотека. Воглавно, пачовите ги променуваат оригиналните податоци на софтверот со модираните податоци, па така функциите на телефонот можат да се зголемат. Пачовите се прават за специфични модели на телефони за специвични софтвери. На пример, не можете да примените пач кој е наменет за W910 во К850 или W995 R1HA035 во W995 R1GA026. Можат да се користат на други модела само ако се портирани за тој модел со тој софтвер. Еве еден пач како изгледа.

Код:
;Модел на телефонот и софтверска верзија
;Вид на пач
;Кој го создал пачот
;+44140000 базичната адреса (base address)
;0000 A4E6 (првите 2 бајта се оригиналните вредности, следните 2 бајта (модирани) се тие кои ќе ги заменат првите 2 бајта)
Код:
;W995 R1HA035 GEN
;Add OK to some of the information windows(MessageBox)
;pAtChFiLe=/boot/phone_app.cxc
;v. 1
;(c) IronMaster
;(p) blacklizard
14DAD4AA: 09D1 C046
за да го примените пачот ќе треба да направите copy-paste во notepad и да го зачувате во vkp формат со ANSI Еncoding пример ''Add OK to some of the information windows.vkp'' .

9. Декодирање - Некои оператори ги заклучуваат своите телефони, односно ги кога ќе ги заклучат, ја примаат само нивната SIM картичка. На пример како AT&T ги заклучуваат своите Ајфони или нашиот T-Mobile ги заклучува Alcatel или T-Mobile телефони. Sony Ericsson телефоните можат да се заклучат и да се декодираат, постарите телефони бесплатно а поновите треба да се плати за тоа. Еве една листа:

DB2010: Бесплатно

DB2020
- CID52: Бесплатно
- CID53: Со метод на Any CID Unlock (Simox Autopatcher) Не е бесплатно

DB3150: Оmnius; Не е басплатно

DB3210:
- CID52: Оmnius; Не е басплатно
- CID53: Оmnius; Не е басплатно

DB3350:
- CID53: Оmnius; Не е басплатно
- CID81: SETool; Не е бесплатно

10. DB2000, DB2010, DB2020, DB3150, DB3210, DB3350 = SEMC - (Sony Ericsson Mobile Communications) хардверски платформи. Тоа е нешто слично како чипсетот во компјутерот. Листа на Sony Ericsson платформи:

DB1000:

T300, T306, T310, T316, T606, T608, T610, T616, T630, T637
P800, P900, P910
Z600

DB2000:

K608, K600
M600
P990
V600, V800
W900, W950
Z800, Z1010

DB2010:

D750
J300
K300, K310, K320, K500, K510, K700, K750
S700
W300, W550, W600, W700, W800, W810
Z520, Z525, Z530, Z550

Може да биде модиран и флеширан со SETOOL2LITE или XS++ или Far manager . Може да биде декодиран со бесплатни софтвери како setool , far manager + jdflasher

DB2012:

W200

Може да биде модиран/флеширан SETOOL2LITE или XS++
Неможе да се декодира

DB 2020:

K550, K610, K618, K770, K790, K800, K810
S500
V630
W580, W610, W660, W710, W830, W850, W880, W888
Z610, Z710

Mоже да биде модиран/флеширан со SETOOL2LITE или XS++ или Far manager
Може да биде декодиран со бесплатни софтвери како setool , far manager + jdflasher

DB 3150 (познат како A200 или A2)

C702, C902, K630, K850, V640, W508, W595, W760, W890, W902, W910, W980, Z750, Z770

Може да биде модиран/флеширан со А2Uploader
Може да биде декодиран со Omnius

DB3200

BeJoo, Equinox, F100, Jalou, J105, w508, w518

Може да биде модиран/флеширан со А2Uploader
Може да биде декодиран со Omnius

DB3210

C510, C901, C903, C905
G705
W705, W715, W995
T715

Може да биде модиран/флеширан со А2Uploader
Може да биде декодиран со Omnius

DB3350

Aino, Cedar, Elm, Hazel, J10, J108, Yari, Zylo, X5

Може да биде модиран/флеширан со FarManager + SEFP2 Plugin или Omnius
Може да биде декодиран со Omnius

PNX5230

W380, w350, Z310, Z555

Неможе да се модира/флешира/декодира со бесплатни програми (Оmnius)

PNX6513

Spiro, Yendo

Неможе да се флешира/модира/декодира со бесплатни програми (Omnius)

PDA/Smartphones

G700, G900, M600, M608, P1, P990, W950, W960 x1, x2, x3

Неможе да се флешира/модира/декодира со бесплатни програми

S1 MSM7227

Aspen, X8, X10 mini, X10 mini pro

Неможе да се флешира/модира/декодира со бесплатни програми

S1 OMAP3430

Satio, Vivaz, Vivaz pro

Неможе да се флешира/модира/декодира со бесплатни програми

11. ЕММА - Телефонот е Заштитен од ЕММА картицата (smartcard). Сега, ова време, се користи ЕММА3. Постои и ЕММА2 но е бескорисна за ЕММА3 телефоните. ЕММА картата дозволува комуникациа со CID-от на телефонот.

12. FOTA - Flash Over The Air од Sony Ericsson. Дозволува update на телефонот преку интернет на телефонот (3G; Wi-Fi). Тоа е нешто што може да направи поголема месечна сметка


13. IMEI - International Mobile Equipment Identity. Toa е број кој соржи 15 бројки за "потеклото", моделот и серискиот број на телефонот. Моделот и потеклото содржат 8 од тие 15 бројки, тој дел е познат како Тype Allocation Code (ТАС). Остатнатиот дел од IMEI-от се нарекува Luhn check digit numbers. Во Sony Ericsson телефоните, IMEI бројот е складиран во ОТP (One Time Programmable memory) и во GDFS. Има опција да го смените IMEI бројот со SeTool. Тоа во повеќето земји е нелегално.

©
D@v!d_P5yCh0
ака GlaDOS 2011/12
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.728
Поени од реакции
21.307
гледам се разбираш од sony ericsson .. ако не те мрзи кажи дали си имал искуство со ARC S !!!
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Па ние нема сервисери да се правиме.... :pos:
 

GlaDOS

Surreal Fag
Член од
27 март 2012
Мислења
141
Поени од реакции
38
гледам се разбираш од sony ericsson .. ако не те мрзи кажи дали си имал искуство со ARC S !!!
Само со ARC, а со АRC Ѕ не...

Оваа тема не е само за сервисери. Има многу програмчиња кои ќе го направат брз мобилниот, да менуваш икони, можеш да му ставаш повеќе функции ( пачови ) итн, а за да го направиш тоа мораш прво ова да го прочиташ. Јас ова го напишав за тие што сакаат малку повеќе од својот телефон
 
Член од
7 март 2012
Мислења
238
Поени од реакции
21
здраво на сите
Имам sony ericsson xperia x8 на 19 април ми заврси гаранцијата и сега неможам да го носам на поправка па морам да прашам некој да ми помогни. Мислам дека имам вирус во телефонот и мислам дека е спуштен преку маркет или некоја друга апликација го скенирав телефонот со аваст нортон есет и никој не ми покажа дека има вирус а телефонот кочи кога одам на лево тој оди на десно кога стегам на горе тој оди на десно кога стегам мени тој отвора повици кога стегам единиц стега некој трета бројка понекогаш дури и како тачот да ми го исклучува кажувајте помош вчера го ресетирав преку сетингс фактори ресет и го рестартирав после то ама бадијала пак истото и сабајлево ми звони мобилниот одвај кренав не фајчаше тачот поздрав и плис помагајте
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Само со ARC, а со АRC Ѕ не...

Оваа тема не е само за сервисери. Има многу програмчиња кои ќе го направат брз мобилниот, да менуваш икони, можеш да му ставаш повеќе функции ( пачови ) итн, а за да го направиш тоа мораш прво ова да го прочиташ. Јас ова го напишав за тие што сакаат малку повеќе од својот телефон
Другарче ај кажи кај да најдам бесплатен SPB Shell za sony ericsson SATIO a da ne e TRIAL верзија...или пак да сменам изглед и да личи на Android значи не само тема и икони туку целосно ... фала поззз
 

Kajgana Shop

На врв Bottom