Пукање во школо во Белград

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.150
Поени од реакции
34.677
Па тоа е поентата, некој ако сака да направи нешто лошо - 100 пати полесно ќе набави нелегално оружје (отколку легално) и ќе го направи (зло)делото. Велат дека не пиштол, туку дека калаш може лесно да се набавело. Не знам лично, не ме чуди со такви количини нелегално оружје.

Значи кај е проблемот?
Во легалното оружје? Или во актот кој може да се деси и со нелегално оружје, алатки, па и автомобили? Денес на 3Д принтер ќе испринта нешто за еднократна употреба ако треба.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.767
Поени од реакции
19.076
Па тоа е поентата, некој ако сака да направи нешто лошо - 100 пати полесно ќе набави нелегално оружје (отколку легално) и ќе го направи (зло)делото.

Значи кај е проблемот?
Во легалното оружје? Или во актот кој може да се деси и со нелегално оружје, алатки, па и автомобили?
Во се е проблемот, во целиот систем. Ама кај шо можи полицијата да интервенира нека интервенира. Овој законски не требало да поседува оружје по сите параметри а поседувал.
Автоматски споено мислење:

Шо е смешно толку @Bafra
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Во се е проблемот, во целиот систем. Ама кај шо можи полицијата да интервенира нека интервенира. Овој законски не требало да поседува оружје по сите параметри а поседувал.
Пишува дека имал дозвола, зошто мислиш дека не требало да поседува?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.150
Поени од реакции
34.677
Законски? Законски неколку десетици стотици луѓе не би смееле да имаат возачка дозвола. Секој што треба и што нетреба има возачка дозвола. Секојдневно умираат луѓе во автомобилски несреќи. Но полицијата седи по обиколница на автопат да не брза некој, додека во Скопје на црвено се поминува како за добар ден.

Тука критикувај ја полицијата, не затоа што не гледале слики по фејсбук кој се сликал со оружје. Па така од ахем - од еден етникум ќе треба поголемиот дел од машката популација да ги поапсат.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.767
Поени од реакции
19.076
Пишува дека имал дозвола, зошто мислиш дека не требало да поседува?
Ова го најдов, некој поупатен за законот кај нас за поседување на оружје нека објасни
Инаку, според законот за оружје, физичко лице има оправдана причина за набавување на оружје ако докаже дека постојат оправдани причини за поседување на оружје, а особено ако неговата лична безбедност, безбедноста на неговото семејство или имот се сериозно загрозени, поради што е потребно поседување на оружје заради нивна заштита и сигурност или ако работите и задачите што ги врши на работното место се од таква природа што можат да предизвикаат опасност од загрозување на неговиот живот или имот.
Исто така, може да поседува оружје ако е член на ловечко или стрелачко друштво, собира колекционерско оружје, или ако му е доделена награда во вид на оружје за постигнати резултати во спортско стрелаштво или официјални натпревари во лов, ако оружјето е доделена од страна на државни органи или пак е донесена судска одлука за наследување на оружјето.
Дозволата за оружје се издава со рок на важење од десет години, а на лица постари од 65 години живот со рок на важење до пет години. Условите за продолжување на дозволата ги утврдува надлежниот орган по службена должност, а ако лицето е постаро од 65 години е потребно да достави и лекарско уверение не постаро од една година.
 
Океј, ама од кај знаеш дека не исполнува некој од критериумите? Врз основа на сликата или?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.150
Поени од реакции
34.677
Во процесот на давање дозволи не гледаат по профили на социјални мрежи, не па за проверување на некој што со децении има дозвола.

Што е со правите проблеми?
Зошто руралните места се празни додека градовите се пренаселени и се живее во нечовечки услови, во неквалитетни станови каде се слуша и кога комшиите имале оброк што предизвикува гасови? Зошто се одродуваме од традиционалните вредности?

Зошто се дешаваат овие работи, и од кога почнаа - од каде дојдоа?

Па и Sir Oliver не е баш некој релевантен извор на информирање.
Во негова одбрана, барем вкусот за стрипови му е добар. :unsure:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.767
Поени од реакции
19.076
Земајќи ја
Па и Sir Oliver не е баш некој релевантен извор на информирање.
Земајќи ја во предвид целата ситуација нивните конфликти траеле повеќе време, сторителот е над 72 години, полицијата сето тоа го евидентирала и не му го одзела оружјето.
Сопругата изјавила дека таа бука ја слушал само тој,значи можно е и деменција да имал со оглед на годините.
Не знам ова шпекулираме врз база на информациите кои ги кажаа на вестите
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
588
Поени од реакции
1.581
Мозокот е добар слуга,а лош господар.Сите зборуваат за Коста а мене исто ме чудит и вториов лудак 21 годишниов Урош.Колку скаат психолози да им влезат во психата никогаш нема да ја најдат причината.Иначе и двајцава се социопати,колку и да се различни по карактер.Психопат е скрос различен од социопат,врши убиства со години,нема емоции и тешко е да го фатат.Таков е случајот со Лазе Чеканот од Охрид.Во секој случај монструозни мозоци.Иначе сите сме под влиание на западот па не убиваме љуге по улици и школи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom