1. Одите низ шумата. Со кого одите?
Со другарка или партнер.
Одг: Најважна можеби и не, но дефинитивно една од топ три.
2. Одите низ шумата. Гледате животно. Каков вид на животно е тоа?
Мечка
Одг: Кој проблем? Многу ги имам. Ама некој ќе се најде, тука негде со димензиите.
3. Каква реакција има помеѓу вас и животното?
Кај мене ќе има страв, а кај него...?
Одг: Да, дефинитнивно стравувам и бегам од нив.
4. Навлегувате подлабоко во шумата. Излегувате на една ширина и пред вас се појавува вашата куќа од соништата. Опишете ја нејзината големина.
Нема шанси да е куќата од моите соништа во планина така да ќе си претпоставам дека е некоја обична, мала, дрвена куќичка ,не по моа мерка и желба, туку соодветно на тоа во кое место се наоѓа. Нешто како викендичка.
Одг: Леле, катастрофа. Значи и покрај тоа што пишува куќа од соништата, јас пак, мала па мала.
5. Дали околу вашата куќа има ограда?
Околу таа (не мојата идеална) што ја замислувам, да има, жива, природна.
Одг: Пуф, затворена сум.
6. Влегувате во куќата. Влегувате во трпезаријата и ја гледате трпезариската маса. Опишете што гледате на и околу масата.
Околу трпезариската маса има столчиња, а на неа можеби само вазна со природни цвеќиња.
Одг: Има цвеќиња, природни и тоа. Значи, има доза на среќа. Добро е.
7. Излегувате од куќата преку задната врата. На тревата има една чаша. Од што е направена чашата ( керамика, стакло, хартија , итн.)?
Стакло
Одг: Безвременски. Јухуууууууу, топови.
8. Што ќе направите со чашата?
Ќе ја измијм, па ќе ја вратам на нејзиното место, веројатно во некој дел од комодата во кујната.
Одг: Епа како сега ова, ќе ја избањам личноста од одговор 1 и ќе ја вратам на место на живеење???
9. Одиш по краевите на имотот, каде што се наоѓаш себе си , како стоиш пред некаква вода. Каков тип на вода е тоа ( бара, река, океан, итн...)?
Река, не знам зошто, онака ми дојде тоа прво на памет.
Одг: Мала. Рекичка.
10. Како ќе поминеш преку водата?
Пошто замислив река, веројатно би било плиткичко и доволно да поминам само одејќи, да не се ни замарам да пливам. Значи, сума сумарум, река од најмали димензии
Одг: Речиси воопшто не. Ахххх
П.С. Се изнамачив, прво одговарај, па после споредувај, па пак пишувај.
Важно, успеав, ништо не ѕирнав.