Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
aj nekoj neka naprai za mene....
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Има дужници по форумов..има..
Ќе дочекам може годинава..МОЖЕ!
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Егзотик шо напраи? :)
Брат, до гуша сум закопан со обврски.Верувај од ко ти ветив, знам дека ептен задоцнив ама ептен сум во зорт.Викендов ако успеам да склопам нешто, арно:)
 
Член од
15 јануари 2009
Мислења
66
Поени од реакции
7
Ај една за мене што ќе кажите да ве видам
 
С

Сатори

Гостин
Чудно ми е зашо никој не бара анализа.
НЕКОЈ МЕНЕ МИ ВЕТИ!АМА УШТЕ НЕМА А МИ РЕЧЕ ЗА МИНАТИОТ ВИКЕНД
Тој некој т.е. некоја потенцираше дека е малку бавена и мрзлива за да седне да куца, ама, 100% ќе го направи тоа утре.

Туку, и јас сакам некоја анализа ... све што имам прочитано, освен неколку квалитетни, истата па истата работа ми ја пишуваат.:nesum:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Тој некој т.е. некоја потенцираше дека е малку бавена и мрзлива за да седне да куца, ама, 100% ќе го направи тоа утре.

Туку, и јас сакам некоја анализа ... све што имам прочитано, освен неколку квалитетни, истата па истата работа ми ја пишуваат.:nesum:

Да пробам јас, а?
Ајде. Знам дека, читајќи те, си носител на титулата како една од нај едуцираните и една од нај уметничките души на форумот. Па за човек кој стигнал толку високо што може да се споредува со писател, детски анализи мислам нема да го задоволат неговото его за квалитетна псајхоанализа.
Сепак ајде. Морам да ги пофалам перфектни постови, кои содржат широк и квалитетен спектар на зборови, доволно развиена имагинација која знаеш да ја употребиш каде што треба и во точно одредено време, но и реалност пред се'.
Несакам да излезе некоја површна анализа, затоа што незнам доволно за тебе како личност и морам да пукам преку постовите, аватари и остали шаблонски заебанции.
Сатори. Една од по-лојалните јузери на форумов. Една тинејџерска која штотуку навлегува во вистинската слика на животот, храбро. Добро созреана е, свесна е за се' што се случува околу неа, за грубоста на светот која гребе во секоја душа на човек.
Се познава дека таа тоа го сфатила и научила да живее со тоа, не е уште едно исплашено девојче кое без потпора не би издржало ни ден. Во иднина те гледам како една успешна и самостална жена, којзнае, may even a precident.
Kaко и да е, како и секое живо суштество, има потреба од љубов. Сака да биде сакана.
Дај и го срцето и таа ќе ти го даде нејзиното. Романтична е, колку што сум забележил.
Само.. љубовта може да дојде и како слаба точка кај секого. Не дозволувај таа да донесува одлуки место тебе. Но сигурен сум дека си свесна за тоа, ти умееш да ги контролираш работите, да ги превземеш во свои раце.
Alfa girl.
Супер член кој обожавам да го читам, низ било кој подфорум. Толку од мене, знаејќи те форумски.
Па оваа прилика ја користам да побарам од билокого.
Dark king, пробај. Враќам.

Peace out.
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Jaс се нафаќам да ја анализирам Лејди Сатори во сабота
 
С

Сатори

Гостин
Благодарам wot, убава анализа.:smir:
А Архангел, ја чекам твојата и за брзо време ќе ја направиме договорената размена.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Stereo m`c

Дечко во фаза на метаморфозирање. Од локален фраер и дечко са насловне стране се преобразува во упростена форма на карактер кој е лесен да се открие. Не се служи со затскриени форми на дејствување. Премногу е едноставен и прилагодлив кон секакви карактери, што прави и неговите непријатели да жалат што не му се пријатели. Искрен е и не поднесува внатрешни превирања. Едноставно душевната мака (кога ќе го почувствува), го прави изолиран. Не сака да биде во друштво тогаш кога не е во најдобро можно светло, едно заради тоа што не сака да ги заморува пријателите со својата лоша емоција, а друго затоа што мрази да го гледаат потиштен, депримиран и во не-најдобро светло. За Дејан имам забележано дека е многу искрен и чувствителен, сентименталноста го води кон креативни моменти. Кога ќе му дојде бран од чувства, може да синтетизира и лавина и оган и да направи некои навистина изненадувачки убави дела. Непредвидливоста се` должи на неговата многу приемчива магнетна душа. Лоша карактеристика му е импулсивноста и тоа што кога ќе му се стапне на жуљ станува совршена личност за да му ја посветите песната ,,Остани џубре до краја". :wink: Нема самоконтрола кога некој му го зема она што го заслужил, така што е голем борец. Моментално не се препознава самиот себеси или барем доживува експанзија на позитивноста која со години се собирала во него. Лесно се спријателува, проценува и тешко му е да каже не. Не е постојан, не сака монотони работи, социјалното богатство(пријателите) му се многу важни. Од нив нема да се откаже никогаш. Тврда глава-орев. Обожава тетоважи, но сметам дека со тоа сака да ја овековечи моменталната желба бидејќи знае дека ќе му се смени. Иако е ова делумно нелогично, сепак не сака да биде лесно предомислив. Спонтан човек. :back:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
И Мими дужи, покрај Магде и Фантом.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
Пробистипка:back:​
Знаејки те 15 години за тебе можам да напишам и цел роман, а не само анализа ама ке гледам анализава да биде што е можно пократка.
Незнам од кај да почнам има толку работи за кажување.Иако е доста срамежлива особа по природа сепак е многу дружељубива и сака ностоп да кумуницира со лугето.Иако во последно време сака да ги анализира и прибира тие со кои се дружи.Според неа машките се многу подобри пријатели од женските, бидејки тие поумеат да слушаат и да дадат добри совети.Верува во машко-женски пријателства и затоа постојано е опкружена со пријатели.Особини кои ја красат се искреноста, довербата и спремноста во секој момент да ги сослуша другите.Негативната страна се гледа во нејзината тврдоглавост и кога ке се налути тешко на тој што е околу неа.Кога е лута што подалеку тоа подобро:pos2:.Иако наликува на цврста особа таа е многу емотивна и чуствителна.Ја нервираат и најмали ситници ама со својот цврст став успева се да победи.Можеби е премногу сериозна за своите години и премногу сериозно ги свака некои работи во животот, сепак е многу паметна девојка која честопати изнудува восхит со своето знаење и интелигенција кај другите.Кога зборува понекогаш никој друг не ни може да дојде на ред од неа:pos2:.Кога ке се најде во некој проблем знае и со денови да не спие и е убедена дека мора се да се реши, никогаш не се откажува на пречките бидејки верува дека упорните секогаш успеваат во животот.Избегнува конфликти бидејки е изгледа премногу добра и не сака да се замара со докажување и препирање.Не е многу по лудите журки, урлање и рипање , за неа идеална помината вечер е добро друштво, добра музика и пријатен разговор.Иако најмногу од се ги обожава забавите со гитарчиња, добри песни и тоа музика што ја слуша(и тоа ју-рок, некои добри балади).И да таа е антиалкохоличар и го мрази алкохолот затоа кога некој слушне дека не се пијанчи реакцијата му е .....Штоооооо? ....Е како па да не.Голем гурман иако по изгледот тоа и баш многу неможе да се заклучи бидејки ни килограм нема повеке.Бидејки многу го сака готвењето голем број на постови се поврзани со тоа.Добра готвачка е и прави добри специјалтети, ама иако има за тоа голем талент сепак не обожава многу да готви.Спортист во душа добра кошаркарка и каратистика иако поради одредени проблеми мораше да прекине и со тоа и се сруши еден голем сон ама тоа што не ја уништува ја прави посилна.Сега школото и стана главна занимација и големиот сон што го има верува дека само со школувањето може да го оствари, па затоа школото многу сериозно почна да го свака.
Си го сака родениот град иако иднината не ја гледа во него:Себеси се гледа во Штип или пак во некој град во Хрватска.Бидејки тоа се местата од нејзините соништа, места кои ја смируваат и и даваат позитивна енергија.Голема љубов кон книгите особено кон психолошките романи и дела напишани од политичари

[FONT=&quot]Е за љубовта затворена книга малце е тоа ретко кој може да навлезе во тој нејзин свет.Голема срцекршачка бидејки во последно време патот до нејзиното срце е исто како лавиринт.Сака да сака и да биде сакана и кога е заљубена има толку многу љубов за давање иако во последно време се изменија нејзините свакања за љубовта.Љубовта е само збор и не е лесно човек да се заљуби се е само опсесија и привлечност.И да таа е летно девојка зимата ја мрази од дното на душата.Поарно тука да престанам со анализата бидејки тешко мене иначе :pos2::back:
[/FONT]
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Како напредува темава? Толку многу барања, толку малку психоанализатори. И јас ја затворам ординацијата, само што денес/утре ќе морам да го исполнам ветувањето што и` го дадов на Луси Лу. И едвај чекам да видам како Бебушка ме доживува. :wink:
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
kit-katce


Оваа личност е личноста која најмногу со секој нејзин пост остава голем впечаток.
Ги има сите особини кои и требаат за да биди успешна во животот.
Особините кои најмногу се истакнуваат кај оваа личност се:Искреноста,самоувереноста,реалистичното гледање на светот околу себе,безграничната педнатност и цврстината на ставовите.


Искреноста е особина која е истакната кај оваа личност во голема мера и таа сака кај сите да остави впечаток на личност која секогаш била/е/ќе е отворена и искрена.Оваа особина е најдобрата и најубавата особина(според мене)затоа што луѓето ги ценат ваквите луѓе и оваа личност имам претчувство дека има мн пријатели кои никогаш не би ја навредиле.


Самоувереноста која кај оваа личност има граница која гарантира успех понатаму.Самоувереноста во таа граница е добра поради тоа што секогаш ќе има бодар дух(и има бодар дух)и секогаш ќе се бори до самиот крај.


Кит-Катчето има реалистично и модерно сваќање кон светот кое исто така секогаш и кај секого е добредојдено поради создавањето на планови кои се во рамките на возможното.Не велам дека никогаш не фантазираш ама тоа мислам дека е сведено на минимум.


Педантна личност која доста внимава на своето облекување,својот стил и својот изглед.Исто така доста обрнува внимание на изгледот кај другите и секогаш е спремна на секого да му помогни во изборот на облека пошо има доста голем вкус за облекување и тоа е плус од мене(иако јас мн мн не внимавам на облекувањето).


Има цврсти ставови кои секогаш ќе бидат добредојдени на форумите затоа што поради ваквите личности секогаш има добра дискусија.Значи нејзините ставови се едни и единствени и очигледно е дека не сака никој да и наметнува мислења.Знае да прифати туѓо мислење,но секогаш го преферира она што таа си го има замислено...

Дружељубива девојка која секогаш има луди идеи и ми изгледа како девојка создадена за забава.Има прекрасна смисла за хумор и секогаш е добра и од неа се шири позитивна енергија.Никого не нападнала лично како што 70%од членовите на форумов(се вклучувам тука и себе)напаѓаат други членови и од тука се развива кавга.


Секогаш она што си го има си го кажува директно.Без оглед на тоа дали некој се лути или не му е пријатно.Тоа е особината која ја делиме.Секогаш директно и без мотање партали.Сите оние кои се лутат кога ќе им плеснеш у лице нешто директно не трба да постојат.Мислам дека е тоа и твоето мото не само мое.


Кит Катче има огромна позитивна енергија која знае да ја сподели со околината.
Секогаш кога читам нејзин пост се чувствувам позитивна личност.Секогаш е спремна за хумор дружење и муабети.


Има огромна страст кон чоколадата.Понекогаш и од сон се буди само да апни едно чоколадце.Оваа страст ја имам и јас и би ти препорачал да пробаш да ја контролираш пошо гнасна работа е да имаш страст кон благото.


Прекрасен човек се на се.Само имам една забелешка.
Зошто мразиш кога некој ти се пушта(дудла).Кога некој ти дели комплименти треба на фин начин да ги примиш пошо тие комплименти се добронамерни секогаш
(кога станува збор за комплименти кон карактерот),а кога некој почнува да ти дели комплименти од видот-преубаво лице имаш,убава усна,убаво тело и тн. треба да одговориш со знам или и тие да ги примиш на фин начин а не да маваш блокови.Ако ти маваш блокови на комплименти сите контакти ти се блокирани со сигурност тврдам.


Тоа е од прилика она што го имав да ти го кажам.Ако не те аресе.....Црвенко
И сакам коментар за анализава дали ќе биде на мсн или тука се едно.
ИЗВИНИ ЗА ДОЦНЕЊЕТООООО
 

Kajgana Shop

На врв Bottom