Прочистување од цигари

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.007
Неможев да најдам нешто слично поврзано со ова така да решив пост да направам.
Што е најефикасно да се прочистам од цигари ? Пушев скоро 3 години,полека ја намалував дозата на никотин и сега не пушам,но сум како задишан цело време.Нешто за да се прочистам,совет ?
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Неможев да најдам нешто слично поврзано со ова така да решив пост да направам.
Што е најефикасно да се прочистам од цигари ? Пушев скоро 3 години,полека ја намалував дозата на никотин и сега не пушам,но сум како задишан цело време.Нешто за да се прочистам,совет ?
Почни да спортуваш,и движи почесто на чист воздух по планините..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Неможев да најдам нешто слично поврзано со ова така да решив пост да направам.Што е најефикасно да се прочистам од цигари ? Пушев скоро 3 години,полека ја намалував дозата на никотин и сега не пушам,но сум како задишан цело време.Нешто за да се прочистам,совет ?
... на прво место е ВОДА, да би се исфрлиле сите токсини од цигарата, најбрзо преку порите на кожата е пиење големи количини вода во текот на денот!

 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
753
Поени од реакции
1.007
... на прво место е ВОДА, да би се исфрлиле сите токсини од цигарата, најбрзо преку порите на кожата е пиење големи количини вода во текот на денот!

Океј за ова и чај и вода конзумирам,но нешто поефикасно..?
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
За да го редуцираш негативниот ефект од пушењето потребно е време, ако си пушел активно 3 години, рачунај дека за да се прочистиш ќе ти треба 2 пати повеќе време одошто си пушел, и кога конечно ќе се средиш, ефектот од пушењето никогаш нема да можеш комплетно да го анулираш, при екстремна физичка активност белите дробови секогаш ќе ти патат.

А околу тоа што да правиш, овие горе убаво ти рекоа. Спортувај и пи многу вода.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Неможев да најдам нешто слично поврзано со ова така да решив пост да направам.
Што е најефикасно да се прочистам од цигари ? Пушев скоро 3 години,полека ја намалував дозата на никотин и сега не пушам,но сум како задишан цело време.Нешто за да се прочистам,совет ?
Eв ти 6 продукти што треба да консумираш
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Како некој чај би ја исчистил плуќата? Или вода што и да е.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.856
Мислам дека време треба ептен,читав некаде дека медот помагал,па јебига се ќе пробам.
Ништо од тоа нема да ти помогне, треба време да мине некоја година и ќе ти се исчисти плуќата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Океј за ова и чај и вода конзумирам,но нешто поефикасно..?
... детоксикација на телото од акумулираната содржина на цигара од предолго пушење како никотин, катран, смола итн не се врши само во белите дробови туку и во јетрата, кај пушачите прв дефицит во телото, како резултат од пушењето се витамините посебно Витамин Ц!



- дефицит и испразнети депоа со витамини (Вит А, Вит Е, Вит К, Вит Б група) се надополнува со богата исхрана со свеж црвен пипер, свежа зелка, портокал ( Вит Ц), морков, брокула, киви (Вит А, Вит Б, Вит Е), спанаќ (Фолна)!
- детоксикација на телото со јагоди и калинки (освен содржина на витамини) препорачливи и поради подобрување на циркулацијата!
- антиоксиданси (лук, кромид, целер), сок од свеж лимун, грејпфрут, ананас,
- млечни производи треба да се избегнуваат, освен ако се добие желба пак да се запали една цигара предходно да се испие една чаша млеко со што цигарата добива одватрен вкус во уста и ќе не натера да ја фрлиме!
- лесна физичка активност!
- инхалација со камилица и етерично масло од еукалиптус при што ќе се шираат дишните патишта и ќе се испровоцира искашлување со што ќе се исфрлат побрзо токсините!
-провоцирано потење во сауна и наизменично туширање со топла и ладнаа вода
- елиминирање на токсини преку бубрези со појачано пиење минерална вода, и разни витамински чаеви, брусница!



...ова е околу детоксикација со исхрана, но што со негативните моменти со прекинување на цигарата?
- никотинските рецептори ќе го пореметат лачењето на допаминот во мозокот „на моменти на среќа“ и доаѓа до мала „криза“ за никотин која според сигналот даден од мозокот непријатно да не вознемири и да посегнеме по цигара,тоа трае од 5-10 минути што е време да се тргне вниманието од таа никотинска желба дали некоја активност или џвакање мастика, ете го излажавме мозокот!
-зголемување на телесна тежина во првите три месеци, да не дојде до тоа, при што најчесто разочарани екс пушачите повторно посегнуваат по цигара со оправдување дека се здебелиле додека не пушеле, оти никотинот додека циркулира предизвикува истиснување на гликоза од јетра и мускулите при што телото се задоволува со гликоза делувајќи поинаку на лачењето на инсулинот, кога се прекинува со пушење тие првите недели и месец паѓа шеќерот во крвта при што се појавува желба за јадење, посебно желба за слатки и тоа се случува првите три месеци кога прекинавме со пушење!
-имунолошки систем на телото, се активира по една недела после прекинување на пушење (слична реакција како кон бактерии или вируси) и можно појава на омалаксаност, болки во телото, поткашлување, грозница слични симптоми како пред настинување, и тоа само поради имунолошкиот одговор на телото!
- појава на тврда столица, па и хемороиди и тоа може да трае една до две недели по прекинување на пушење, затоа што може да дојде до пореметување на контракцијата на цревата и моталитетот поради нагло прекинување со пушење т.е. исчезнување на никотинот во крвта!
- иритација, стрес и нервоза поради нагло повлекување на никотинот од организмот, појава која може да трае една до две недели, поради нагол прекин на никотинот во нашето тело доаѓа до дисрегулација на нервниот и ендокриниот систем со што се можни покачување на крвниот притисок, срцебиење, проблеми со меморија и концентрација!
-појава на кашлица и симптоми слични на грип, ова појава може да трае скоро месец, два или три ,а кај некој периодично во текот на годината (зависи од колку време и по колку цигари пушачот пушел цигара на ден) се појавува кашлица, апсурд нели? додека се пушело на пример не се кашлало, а сега со прекин на пушење ќе се скинеме од кашлање! да, да! та е добар знак дека ова кашлање всушност е знак дека белите дробви се прочистуваат и се враќаат во првобитна прочистена состојба, фрлајќи ги сите токсини од плуќата!
- несоница, може да трае една до две недели поради „испразнети никотински рецептори“ при што дисрегулација на допаминот во мозокот што учествува во регулирање на сонот, доаѓа до несоница или неквалитетен сон при што често ќе даде замор преку ден, а може да се појават и психолошки проблеми со таа несоница од тип на депресија и анксиозност!
:misticen: ете зошто е тешко „да се остави“ цигарата, не е во прашање карактер, во прашање е да сите овие изнесени моменти личноста што сака да се откаже од цигара да ги знае и да делува соодветно, зависи од личноста може да ги има сите овие последици, може само некоја последица, може ништо од тоа, па лесно да прекине со пушењето!
:pipi: јас мислам дека овие работи се многу поважни од брза детоксикација на телото од никотин, оти телото само ќе си го исфрли никотинот и другите токсини од цигарата, дали со исхрана дали со физичка активност, ама ако екс пушачот не ги знае овие последици од прекин на пушењето и како да се справи со таа нова ситуација на која телототреба да се истрае различно од индивидуа недела, две или месец џабе брза детоксикација кога по недела две пак ќе се посегне по цигара ако не се знаат и овие дополнителни работи за да се делува соосветно! (y)
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Непушач сум, ама знам дека зелен чај е добар за чистење и дезинфекција на телото од бактерии и ѓубришта, во твојов случај никотин.
Можда 2-3 години како пијам бар по едно кесе зелен чај неделно. Класична настикна не сум фатил во овие 3 години.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Непушач сум, ама знам дека зелен чај е добар за чистење и дезинфекција на телото од бактерии и ѓубришта, во твојов случај никотин. Можда 2-3 години како пијам бар по едно кесе зелен чај неделно. Класична настикна не сум фатил во овие 3 години.
...внимателно со зелениот чај, што всушност преставува неферментиран Индиски чај и сите ги кажуваат добрите страни ама не е лошо да се знае и другата страна за која треба да се внимава, оти може да даде различни здравствени проблеми, затоа многу е важно како се приготвува доколку не се внимава и се вријат листовите како обичен чај може да биде многу незгоден со несакани здравствени ефекти! Зашто?



... зелениот чај ако се вари со водата или пак се полева со зовриена вода но не доволно оладена вода, сите корисни состојки се губат и доаѓаат до израз антиоксидансот „полифенол“ што е одговорен за прочистување на организмот од токсини, во таа зовриена вода се ослободува претерано полифенолот од лисјето што не е е толку страшно поради горчината на чајот, туку е опасно поради зголемено дејство на полифенолот доаѓа до промена на метаболизмот во крвните садови што може да доведе и до непријатни кардиоваскуларни и срцеви проблеми, затоа велам дека лековитите растенија се најопасни по здравје ако не се знае точно како да се соберат, сушат и приготват, се продаваат на пазар со непознато собирање, сушење, па затоа најдобро е да се користи фабрички пакувани чаеви и примената да биде точно по упатство, оти на пример зелениот чај т.е. листовите не смеат да се потопени во млака вода повеќе од три минути поради ослободовање на повеќе состојки што можат да делуваат повеќе штетно отколку корисно, на пример може да се ослободи претерана количина на кофеин при што може да дојде до покачување нагло на крвниот притисок, срцебиење, несоница...и слично. ...поради содржина на полифенолот како антиоксиданс самиот зелен чај може да се пие не повеќе од една чаша да речеме од 100 мл дневно и ништо повеќе, поголемите количини и секојдневно долга примена може негативно да делува на дигестивниот систем, а без потреба да се активира имуниот систем на телото поради големата секојдневна концентација на полифенолот од зелениот чај со провоцирајќи го имуниот систем кој веќе ќе биде „истрошен“ од зелениот чај кога ќе биде нападнат од бактериите...затоа треба многу внимателно со такви лековити растенија кои навистина има позитивни страни врз здравјето на човекот, но секогаш треба да се знае и другата страна како истите при долготрајна употреба и погрешно приготвување спротивно ќе делува т.е. негативно на нашето здравје!
...затоа Зелениот чај секогаш се пие одредено време, секогаш после јадење никако на празен стомак и со паузи во текот на месецот никако да биде секојдневна навика! инаку, Зелен чај НЕ ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАТ тие што имаат проблем со крвниот притисок (посебно со висок), проблем со желудникот и цревата, пролив, анемија? зашто? ....затоа што содржината на танини го потенцира проливот, ја спречува аспорпцијата на железото, па затоа веќе ако се пие се додава лимон кој колку толку го неутрализира тој танин! (y)
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Да, точно е тоа со притисокот за зелениот чај. Јас еднаш се суредив со уште појакиот Црн чај(истото растение од кое се прави и зелен чај) и чаша кафе. Ги испив едно по друго на разлика од 30 минути. Појдов до град, и ми се слоши. Што се вика, како да ми го стиснал некој копчето за гасење.

За таа цел, си правам едно ќесе зелен чај на литро, и неам гајле. ;)
Купувам Коро Чај на Алкалоид. Веројатно е узреан или ферметиран, или каков и да треба да биде. Не сум осетил ништо лошо до сега.

Освен тоа дека покачува притисок. Ама минимално е на литро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom