Проценка на конфигурации и помош за купување

Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36
Прегледај го приврзокот 87411
Ова е таја матична?И предложи графичка или SSD за тие 2000 денари заштита..
Прегледај го приврзокот 87412 илиПрегледај го приврзокот 87413 оти ограничен ми е буџетот до 35000...
и всушност што претставува SSD во компјутерот што улога има?И дали да земам за тие 2000 на местото од gtx 650 ti 1 gb да земам gtx 650 ti 2 gb или да земам SSD?
А конфигурацијава за гејминг ти е или за нешто друго?
SSD или Solid State Drive е хард диск кој нема подвижни механички делови, за разлика од нормалните хард дискови работи 3-10 пати побрзо од нормалниот 1TB 7200RPM хард диск. Значи ако оперативниот систем ти се подига за 1 минута, со SSD ке иде за 20 секунди, или сите апликации кои ќе бидат инсталирани на SSD ќе се уклучуваат многу побрзо или пак лоадирањето на игрите ќе биде експресно. Скапи се, зошто сеуште се релативно понова технологија, но нудат многу поголема брзина од регуларен хард диск. Единствена мана им е векот на трааење. Многу корисници сепак дебатираат за векот на траење, зошто фирмите кои произведуваат SSD тврдат дека нивните уреди можат да вчитаат или впишат во просек 100.000 циклуси , а тоа со нормална работа ќе биде постигнато дури после 20 години. Но сепак и со обични хардови кои имаат и по 5 години гаранција, како Caviar Black, пак знаат да цркнат и после 3 дена работење, све зависи од таканаречената ,,електронска лотарија''
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.491
SSD-та, не спаѓаат во хард диск категорија, него хард драјв.

Векот на траење не е мана, Samsung 840 evo, кој користи TLC нанд ќелии, во просек би траел најмалце 11 години. Драјв со MCL нанд ќелии, би траел 30 години, за период од 11 години, (најмалце) ќе постои технологија која ќе биде едно 1000 пати побрза од сегашните SSD-а, на крајот, кој користи 11 или 30 години еден ист продукт? хард дисковите, се далекууууу по подложни на расипување.
 
Член од
17 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
1
и сега што препорачувате да земам SSD или подобра графичка?
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.114
Поени од реакции
9.064
и сега што препорачувате да земам SSD или подобра графичка?
Јас би идел со подобра графичка од старт, пример gtx 660ti или gtx 760. X50 верзиите не се гејминг картици, може се но многу ентри лвл. SSD можеш да додадеш и по 2-3 месеца или кога ќе имаш пари. Или подобро не земај HDD и стави само SSD и менаџирај простор подобро додека можеш да си дозволиш да додадеш HDD на таа конфигурација, јас вака би направил.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Да, SSD-то остави го за понатаму кога ќе присобереш 5000 денари земи си 120гб самсунг 840 ево, засега земи си појака графичка.
 

Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36
SSD-та, не спаѓаат во хард диск категорија, него хард драјв.

Векот на траење не е мана, Samsung 840 evo, кој користи TLC нанд ќелии, во просек би траел најмалце 11 години. Драјв со MCL нанд ќелии, би траел 30 години, за период од 11 години, (најмалце) ќе постои технологија која ќе биде едно 1000 пати побрза од сегашните SSD-а, на крајот, кој користи 11 или 30 години еден ист продукт? хард дисковите, се далекууууу по подложни на расипување.
Хард диск, хард драјв, сакав повеќе на лаички да објаснам, инаку потенцирав горе дека и хард дисковите се подложни на расипување, не се ништо поарни од SSD.
 
Член од
17 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
1
Абе немам нешто мн искуство со SSD а со стариов компјутер имам хард диск и до сега никогаш не сум имал проблем...А ко шо кажувате за SSD можите човек уште од прв момент да го предомислите.Јас ке си почнам со хард диск а потоа можеби во иднина ке земам и SSD.А само не ми беше јасно што е толку разликата помеѓу MB Gigabyte Z87P-D3 LGA1150 и MB Gigabyte B85M-D2V освен што има разлика во cheapset и во Mhz(едното е 3000 другата 1600 Mhz) за да биди разликата во пари 2000 ден. и што претставува толку многу cheapset ти овозможува нешто повеке или ти забрзува ком?И што графичка да земам
Screenshot_5.png или Screenshot_6.png ?Ке земев gtx 650 ti 2 gb ама ја нема на залиха на анхоч...И дали е добро напојувањето оти кога ги споредував на gamedebate двете графички вика Screenshot_7.png и ова треба да значи дека на графичката му е потребно само 110-115 вати?а то другото е дека препорачано е напојувањето да е 400-500 вати?Оти јас си реков дека само графичкава троши 400-500 вати и ме зачуди то се друго што ке клаваш не троши толку а камо ли една графичка....[DOUBLEPOST=1395490271][/DOUBLEPOST] Screenshot_9.png последен облик на конфигурација ке земам конвертор VGA-->DVI и да прашам отприлика колку се движат...
 
Последно уредено:

Rodeo

Thrillseaker
Член од
15 април 2007
Мислења
243
Поени од реакции
36
Z87 чипсетот е за К сериите на интел , како што се 4670к и 4770к. Наменета е за процесори кои што се отклучени и можеш да ги оверклокуваш. За твојот процесор, повеќе од H81, H87 или B85 не ти треба.
За графичката , R7 260X e солидна и е подобра од GTX 650Ti. За напојувањето, и двете графички користат скоро исто ватажа од 110 или 115 вати. Така да, за целиот систем нема да ти треба повеќе од 400-450 вати квалитетно напојување.
Еве ти benchmarks за R7 260X и GTX 650Ti
http://www.anandtech.com/bench/product/1044?vs=1129

За VGA-DVI конверторот , би требало да следува со графичката, ако нема, мислам дека се по 50-60 Ден.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.491
Смени го напојувањето со GM серијата.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.491
Не е тој модел, изгледа само во Сет има..
 
Член од
17 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
1
А што е толку подобро тоа напојување од ова ?И плус ограничен сум до 35000 и ке ми прај проблеми ова со напони што е B-серија?
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.742
Поени од реакции
18.491
Сосема ок ќе биде и B класата, ако не си ограничен со избор само од Сет, ти ја препорачувам Neo Eco серијата од Мебиус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom