2008. Еве и уште еден за во твоите анали

Ова е извештај од МВР значи зголеми ја малку бројката. Многу мрачна атмосфера имаше памтам ко вчера да беше. Дојде до мали тепачки меѓу дел од групата која сакаше да биде насилна и полицијата. Една будала фрли парче бетон.
На 09.12.2003 година, во времето од 10,00 до 14,00 часот, пред Собранието на Р Македонија, Министерството за образование и Владата на Р Македонија во Скопје, а во организација на Сојузот на студентите од Природно математички, Филозофски, Шумарски и Педагошки факултет, околу 4.000 студенти, средношколци и граѓани одржаа протестен собир, во знак на незадоволство од легализација на универзитетот во Мала Речица-Тетовско. Околу 12,30 часот, пред Министерството за образование, дел од насобраните студенти фрлаа јајца и камења, при што се скршени девет стакла од зградата на Министерството, а едно овластено службено лице е полесно повредено. Од страна на организаторите е најавено дека во текот на денешниот ден, со почеток во 10,00 часот, повторно ќе се одржи протестен собир. Се преземаат мерки за следење на состојбата.