Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.466
Поени од реакции
42.742

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Владо Јовановски: На власта можеме да и се фатиме за Стојко
ВЕСТИ
23.12.2014 21:23

inShare

По Сашко Коцев, и актерот Владо Јовановски го искажа својот револт во врска со зголемувањето на даноците за исплата на хонорари. Тој објави на Фејсбук:

Биди пратеник- не плаќај данок! Биди пратеник- заштити се себеси! Биди врвен пратеник- начукај им го на другите да плаќаат арач, лут, без жал. Секоја власт е исто така подложна на расипување како и претходната и малку повеќе! Или не, секој човек е исто толку вреден како и другиот и малку повеќе! Така беше, ама се се измеша. Ако после 2001 година, се укина демократијата во Македонија и се воспостави општество на племенски заедници, сега со новиот закон за даноци, се воведуваат касти. Врвни, поврвни, најврвни, од друга страна работници, аргати, глумци, амали и други. Ми текнува на она јужно-србијанското градирање на зборот богат:
1. Богат
2. Побогат
3. Најбогат
4. Немогу да га ухвате
5. Токо је богат што могу за Стојко да му се ухвате
Значи, кога ќе достигнеш ниво на најбогат, па четврто ниво (Немогу да те ухвате), ОП, си носиш закон да могу за Стојко да ти се ухвате. А? Петто ниво, идеал за сите студенти кои треба да полагаат екстерно. Еден од најдобрите потези на оваа влада беше данокот од 10%. Зашто во турско плаќавме исто толку, глупаво е сега во своја држава да плаќаме повеќе. Разбирам дека касата може да е празна и треба да го стегнеме каишот. Нема проблем, ако треба корења ќе јадеме за општото добро, ама сите, цела нација, а не едни да се од „шарената крава“. Исто така разбирам да им се покачат платите на одборници, судии, врвни стечајни управници, пратеници, платеници и слични, за да бидат независни, непоткупливи и да мислат со своја глава. Нека земаат по пет, по десет илјади евра, но вака ја вреѓате интелигенцијата на сите нас останати. Дефинитивно „Македонецот на македонецот му е македонец“ рече режисерот и отиде в банка да го подигне својот хонорар.
П.С. Ако ме нема на протестите против овој закон, незнам ни кој ни кога ги организира, но ако не сум присутен таму, значи работам некаде на црно... „Продавај магла, продавај лајна, се купуваат.“ - Цитат од „Црна дупка“.

http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=79531
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Значи толку беше верноста на глумците а ?
Ги репнаа по џебот и заборавија дека беа верни на Владата, дека маршираа против амандманите на сдсм за ај да употребам нивна фраза „недомаќинско трошење на парите на народот“ и го поддржуваа тој Буџет, а сега коа им рекоа „е момци од утре и вие ќе плаќате повеќе“ се свестија наеднаш и сеа као се многу јаки на зборови...
Глумците ги изедоа гомната тогаш кога маршираа и кога држеа говори за тој Буџет. Кај мене не им палат ваквите испади во кои плукаат против власта.

Најмасовните протести во историјата на независна Македонија се случија прво пред месец и кусур, па после уште поголем протест имаше пред некои си 2 недели ако не се лажам, ама нив нигде ги немаше тогаш да се огласат, да речат „чекајте малце, ова што им се прави на студентите не е ни праведно, ни морално, а ни законски (зошто нели они многу ги познаваа законите тој декември коа се носеше Буџетот)“. Не они сеа коа ги репнаа по џебот излегоа да зборат...
Срам да им е !
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.724
Поени од реакции
11.955
Колку злоба и изопаченост треба да има во луѓе што подржуваат закони за осиромашување на своите сограѓани, во луѓе што се надеваат дека ќе ја видат својата младина истепана...
Толку страствено да уживаш во мизеријата на тие што те опкружуваат е тешко психичко пореметување.
Има име: Асоцијално нарушување на личноста.

- непочитување на законите и социјалните норми.
- непочитување на правата на другите.
- неможноста на де чувствува каење или вина.
- тенденција на насилно однесување.

Понекогаш разликата помеѓу психопат и социопат е многу мала, некој поупатен знае подетално.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Најмасовните протести во историјата на независна Македонија се случија прво пред месец и кусур, па после уште поголем протест имаше пред некои си 2 недели ако не се лажам, ама нив нигде ги немаше тогаш да се огласат, да речат „чекајте малце, ова што им се прави на студентите не е ни праведно, ни морално, а ни законски (зошто нели они многу ги познаваа законите тој декември коа се носеше Буџетот)“. Не они сеа коа ги репнаа по џебот излегоа да зборат...
Срам да им е !
Малку пре напумпано и многу погрешно, имаш многу мала меморија затоа и мислиш дека се најмасовни.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Па ги има доста, ако почнам да ги набројувам од 91 навака не ќе стигнам, државава не постои 8/9 години.
Да не ти се веруе, знам дека како независна држава постоиме 23 години...
Не викам дека сум во право, може стварно имало помасовни протести дур сум бил детиште, затоа и викам кажи бар еден за да знам :D
Иначе не ми ни беше масовноста на протестот како влавна поента во постот.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

https://www.youtube.com/watch?v=GaSpFwMDJxU
Протест на кој лично сум присуствувал. Ме чуди ти како не си бил или не беше "бунџија" од мал?
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Да не ти се веруе, знам дека како независна држава постоиме 23 години...
Не викам дека сум во право, може стварно имало помасовни протести дур сум бил детиште, затоа и викам кажи бар еден за да знам :D
Иначе не ми ни беше масовноста на протестот како влавна поента во постот.
Глеаш не сте специални и пред вас имало народ во државава :)
Јбг пораснавте па сега е вашиот ред,само фаза е ќе ви помине ич да не му ја мислиш
Инаку штрајковите и протестите во државава ни мила ем драга, згаснаа или проретчија од како пвевобеднициве ја земаа власта. пред тоа се штрајкуваше се протестираше на долго и на широко, ма од стечајци па до тутунари,студенти,штедачи,земјоделци,протести против менување на име и знаме, протести за албански средни школи, за се нешто се протестираше.
Од 92 до 95/6 само железарците кога ќе излегуваа беа 10/12 000
Знаеш шо е работава и најболното шо и од оваа генерација ќе се родат новиот филипче,антонио,влатко итн
Де де, не набројувај, едни кажи.
Ај заеби, вие сте први вие сте специјални, посебно ти.
Од вас се почнува.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Глеаш не сте специални и пред вас имало народ во државава :)
Јбг пораснавте па сега е вашиот ред,само фаза е ќе ви помине ич да не му ја мислиш
Инаку штрајковите и протестите во државава ни мила ем драга, згаснаа или проретчија од како пвевобеднициве ја земаа власта. пред тоа се штрајкуваше се протестираше на долго и на широко, ма од стечајци па до тутунари,студенти,штедачи,земјоделци,протести против менување на име и знаме, протести за албански средни школи, за се нешто се протестираше.
Од 92 до 95/6 само железарците кога ќе излегуваа беа 10/12 000
Периодот 95/96 е премногу рано за да памтам од тогаш шо се случувало :D[DOUBLEPOST=1419437838][/DOUBLEPOST]
Ич не памтам дека имало вакво нешто, shame on me :D
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Кога било ова ?
2008. Еве и уште еден за во твоите анали :) Ова е извештај од МВР значи зголеми ја малку бројката. Многу мрачна атмосфера имаше памтам ко вчера да беше. Дојде до мали тепачки меѓу дел од групата која сакаше да биде насилна и полицијата. Една будала фрли парче бетон. Енивеј во право си за бројките - 3.000 , 5. 10, 20 не е битно е сега добро нормално би играло улога доколку излезат 100.000 луѓе кои се веќе 5% од населението...иначе поентата на протестите е да го искажеш својот став и мислење а ако мислиш дека нешто ќе смениш боље не излегувај. Ова одлично искуство. Влади со минимална поддршка и луѓе со многу подобра аргументација за многу побитни теми држеле протести па ништо не се сменило. Така е не само тука туку насекаде во светот. Единствено може да влијае на општото расположение и да има ефекти на подолг рок (паѓање на рејтинг бла бла). Реално законов може да се смени во секој момент, кај нас имаше неколку судбински работи кои знаеме дека не може да се сменат и протестиравме и референдум направивме во еден случај и пак ништо не испадна. Тоа е тоа.
На 09.12.2003 година, во времето од 10,00 до 14,00 часот, пред Собранието на Р Македонија, Министерството за образование и Владата на Р Македонија во Скопје, а во организација на Сојузот на студентите од Природно математички, Филозофски, Шумарски и Педагошки факултет, околу 4.000 студенти, средношколци и граѓани одржаа протестен собир, во знак на незадоволство од легализација на универзитетот во Мала Речица-Тетовско. Околу 12,30 часот, пред Министерството за образование, дел од насобраните студенти фрлаа јајца и камења, при што се скршени девет стакла од зградата на Министерството, а едно овластено службено лице е полесно повредено. Од страна на организаторите е најавено дека во текот на денешниот ден, со почеток во 10,00 часот, повторно ќе се одржи протестен собир. Се преземаат мерки за следење на состојбата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom