Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Длабоко загрижени за ефектите што ќе ги предизвика воведувањето на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите по материјалната положба и правата на лицата кои вршат работа без договор или врз основа на договор на дело, но и на останатите работници, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права (Синдикатот на УПОЗ, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“), како и други здруженија на граѓани и поединци бараат од Владата на Република Македонија:

1) да ја стопира примената на измените на законите со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите, со цел да се отвори простор за нивна измена и повлекување;
2) преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнато вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што за работниците не се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување.
3) да се укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите на плата од шест просечни плати.

Ние, потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права, во принцип не сме против тоа да се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување за лицата кои се доведени до ситуација со години да не можат да остварат права од пензиско и здравствено осигурување, иако вршат работа. Напротив, ние целосно сфаќаме колку е важно плаќањето на придонесите за пензиското и здравственото осигурување како за самите работници така и за функционирањето на фондовите за пензиско и здравствено осигурување.

Сепак, ние не сме убедени дека законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе го решат проблемот со правата од пензиското и здравственото осигурување на лицата со прикриен работен однос, кои вршат работа без договор или врз основа на договор за дело. Напротив, сметаме дека овие законски измени ќе ја отворат Пандорината кутија на дополнително намалување на правата на работниците.

Законските измени што ќе стапат на сила од 1 јануари 2015 година ќе ја отворат Пандорината кутија, зашто ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување да склучуваат договори за дело со нововработените лица, па дури и со веќе вработените работници. На тој начин, тие ќе си ги исполнат финансиските обврски кон државата (плаќање придонеси од плата и персонален данок), но ќе заштедат на грбот на работниците врз основа на неисплата на надоместоци за годишен одмор, надоместоци за боледување, задолжителни систематски прегледи, отпремнини за вработените кои ги отпуштаат и друго. Исто така, нема да бидат законски обврзани да ги почитуваат работничките права кои ги имаат работниците согласно Законот за работните односи и другите закони кои регулираат права од работен однос. Посебно сакаме да нагласиме дека овие законски измени нема да имаат реперкусии по џебот и правата само на оние лица кои во моментот вршат работа за хонорар наместо за плата, туку и по оние вработени кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи. Тоа е дополнителна причина за нашата загриженост, како и повод вработените кои во моментот се вработени согласно одредбите на Законот за работни односи да се солидаризираат со своите колеги кои ќе бидат директно изложени на последиците од законските измени по 1 јануари 2015 година.

На крај, и не помалку важно, го изразуваме своето категорично противење на изземањето од плаќањето придонеси за хонорарите на избраните и именуваните лица. Избраните и именуваните лица во секоја демократија треба да бидат во служба на граѓаните, а не да бидат носители на дополнителни привилегии во однос на граѓаните. Според Уставот на Република Македонија, сите, вклучително и избраните и именуваните лица, се еднакви пред Уставот и законите. И од ништо што има ефект врз материјалната состојба и правата на граѓаните не смеат да бидат изземени!



Инфо- https://www.facebook.com/events/868955713135368/?notif_t=plan_user_joined

Доколку сметате дека на темата не и е место тука- слободно префрлете ја на соодветно место.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Лично не ме засега, го поддржувам протестот, а јас не излегувам на него.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.130
Поени од реакции
84.818
Во нормални држави кога ќе се случи протест владата става прст на чело и пробува да најде заеднички јазик со протестантите.
Овдека владата кур ќе је заболе што некои протестирале и ќе се надеваат дека со тек на време ќе се смират страстите, и дека луѓето ќе заборават на протестиве.
 
Член од
16 септември 2014
Мислења
329
Поени од реакции
764
Повеќе не е битно дали си студент,фрилансер,невработен,вработен,анимадунди,педер или лезбејка, мамето мамино ни го расплакаа, партиски војничиња лебот ни го земаат. Неписмени партиски полтрони носат малоумни закони и не дотепуваат.
Не прават идиоти со тоа шо не убедуваат дека од тука нема поубаво а ако не ви чини одете си, не направија робови кај транзициони ајдуци да работиме колку за корка леб.
Епа преку КУРОВ доста беше.
Јас ќе идам кој нема за превоз нека пише, еве и хамбургер и кока кола добиа од мене, само дајте да не спиеме повеќе од ова полошо нема.
Нека не ви го перат мозокот со присуство на опозицијата на овие протести, на опозицијата и е должност да присуствува на вакви протести. Сега шо се килави тоа е сосема друга работа.
СТОП ЗА ГЛУПИТЕ ЛЕФОЛМИ ВО ДРЖАВАВА
Зарем некој ќе испушти можност за јавен хејт на пвевобеднициве ? :D
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Немаш другар/роднина кој што е засегнат од проблемот?

Имам, кога прашав како би се решил проблемот, одговорот беше со пари на рака место на сметка, и тој не би излегол на протест и неговите...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Имам, кога прашав како би се решил проблемот, одговорот беше со пари на рака место на сметка, и тој не би излегол на протест и неговите...
Или просто и едноставно- да не го воведат законот нели.
Тоа е и намената на протестот.
 
M

mar30

Гостин
Времето е такво вируси има ладно е затоа народот од пред ТВ укључен на Шител и кАнал5 морално ке ги подржуе протестантите.
Здравјето пред се.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
против протестот!

како и сите што плакаат давачки така и хонорарците треба. законот вика дека ако хонорарот остварен е помал од најниската месечна плата тогаш не се плака ништо а све над што би било еднкво на плата на некој што работи цел месец е тогаш се плакаат давачките. Некои од хонорарците остваруваат приход многу поголем од многу вработени.. па ако вработени можат да плакат нема причина зашто и хонорарците да не.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
од 4500 кажете ми колку за придонеси и колку за мене ќе останат ај вие кои сте против протестот??
се чуствувам како во турско кога арач плаќале луѓето. а после нас ќе ни речат демократија ..оф леле:facepalm::facepalm:
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
568
Поени од реакции
294
од 4500 кажете ми колку за придонеси и колку за мене ќе останат ај вие кои сте против протестот??
се чуствувам како во турско кога арач плаќале луѓето. а после нас ќе ни речат демократија ..оф леле:facepalm::facepalm:
До 8к не се плака ништо.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Да работиш непријавен,да зимаш големи хонорари при тоа да неплаќаш ништо а да бидеш под завод како невработен за разлика од некои вработени со многу помали приходи а пријавени.

Заврши и филмот за луѓето како таткото на @puno ,вработен професор кој на црно прави проекти,дополнително заработува а неплаќа ништо за разлика од некое регистрирано проектантско биро кое едвај крпи крај со крај

Епа нема ништо вечно.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.283
Поени од реакции
18.108
против протестот!

како и сите што плакаат давачки така и хонорарците треба. законот вика дека ако хонорарот остварен е помал од најниската месечна плата тогаш не се плака ништо а све над што би било еднкво на плата на некој што работи цел месец е тогаш се плакаат давачките. Некои од хонорарците остваруваат приход многу поголем од многу вработени.. па ако вработени можат да плакат нема причина зашто и хонорарците да не.
Тогаш зошто не го направија да се плаќа ако се заработува повеќе од просечната плата, значи на 20.000 денари.

Од авион се гледа дека е наменет само за земање пари од приватниците, затоа го направија да биде над минималната плата 9.000.[DOUBLEPOST=1418513005][/DOUBLEPOST]
Да работиш непријавен,да зимаш големи хонорари при тоа да неплаќаш ништо а да бидеш под завод како невработен за разлика од некои вработени со многу помали приходи а пријавени.

Заврши и филмот за луѓето како таткото на @puno ,вработен професор кој на црно прави проекти,дополнително заработува а неплаќа ништо за разлика од некое регистрирано проектантско биро кое едвај крпи крај со крај

Епа нема ништо вечно.
Затоа се воведе друг закон со кој се забранува вршење на неригистрирана дејност, посебно за луѓе кои заработуваа многу, како валволин продавачи на коли, или тие што правеа згради без фирма.

Сега има закон за тоа, така да нема потреба од овие оправдувања дека со овој закон ќе се санкционирал некој кој правел проект за 10.000 денари.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom