Прво да се разбериме: Генерализирањето е многу дебилна работа.Втора работа:Не постојат докази дека навистина тоа го направиле Торбеши,значи да погодуваш и да даваш предрасуди за некого без докази и факти е многу дебилно.
Еве јас како торбеш да ви представам една работа.Во моето село има една џамија и некој 6 манастири.Популацијата е 80% торбеши(голем процент моментално албанизирани),20 % македонско христијанско населеније. Досега на никој не му пречат храмовите нити некогаш му пречеле.Имаме одличен соживот со христијаните.Јас како торбеш можам да ти кажам дека голем дел од моето детство повеќе растев со христијанското население него со другите торбеши...Нејсе...Друга работа,сте чуле ли за Гоцеви Денови?Кој ги славеше , како се славеа ...?Зошто повеќе не се слават на начинот на кој се славеа?
Торбешите секогаш биле задна рупа на свирало што би се рекло.Секогаш осудувани,секогаш угнетувани и обвинувани...и никогаш не беа прифатени од Македонското население(заради некои си свои социо стигми).Последниве години т.е после 2001 година,многу работи се смениа.Кога падна струга под Албанската управа,многу торбеши почнаа да се пишат албанци.Зошто почнаа да се пишат албанци,дали знаете некој? Оти ги чуствуваа поблиски до нив,оти имаа нешто што ги зближува(религијата) а плус тоа односот на Албанците према ова население се смени т.е беше многу подобар од оној однос кога беше Струга под Македонска власт.
Моментално се Албанизира тотално тоа население(се воведува албански јазик во школите,се менуваат имињата на школите...).
Запрашај те се зошто?
Немојте да трубите дека торбешите ги напуштиле македонците?Спротивна е ситуацијата..
Сега за тврдењава: Ќе речам “МА НЕМОЈ ДА МЕ ЈЕБЕШ БРЕ„.
Торбешите се принципиелен народ али немој да заборавите на ова: Моментално во Боровец огромен дел од населението го нема(Замислите школа со 5 петтооделенци и 10 8 одделенци,ќе имате приближна слика кој останал таму),во Лабуниште исто така голем дел од машката популација ја нема.Голем дел што е останат таму се копиљаци од 10 до 18 годишна возраст и нешто од повозрасните(али главната бројка ја сочинуваат младите).
Втора работа , никогаш до сега немало немири , никој до сега не запалил свет храм или црква или нешто слично.Исламот во селата не е радикален,никогаш не бил насилен нити имало било какви интенции или пак намери за такво нешто.Се дружам со сите(а тој дел го сочинуваат и поголемите верници,и ви тврдам дека досега никогаш али баш никогаш не ни помислиле на такво нешто а не да го направат-бројката колку христијански храмови има а колку популација ја ставив поради овој став)
Да се запали свет објект треба да се има огромни мадиња или пак огромна мржња према христијаните(такви импресии како торбеш досега не сум забележал никогаш).
Значи да бидам јасен,постои можност тоа да го сторил торбеш(ИАКО ТОА НЕ Е ДОКАЖАНО НИТИ ПОТВРДЕНО) али шансите се многу мали.
Мој став:
1)Или е некој копиљ дете,потплатен од некого или нешто слично да го направи тоа.
2)Или е политичко масло да се креира мржња према торбешите од страна на Македонската популација.
Што е пресудете сами...