Протестот е заради исмевањето на муслиманите.И било која религиозна заедница кога би била исмевана, или било која група на луѓе, да земеме некој да ги исмева (а
веќе ги исмева) македонците, би биле исто така згрозени.Протестот е да не се исмева одредена група без причина.Многу погрешно е , ако се има проблем со албанското население ради расна,национална и било каква омраза да се удира на религиозн основа. Самите тие што палат знамиња, и пцујат против македонија, не се муслимани,зато што во нивната религија нема нации.
--- надополнето: 27 јануари 2012 во 15:20 ---
Кога велев дека се претерува на овој т.н. карневал на темата за палењето на грчкото знаме и погребувањето на државата, ќе ме распневте.
Сега како демек претерувале овие од видеото. За да покажете кобајаги колку сте загрижени за меѓуетничките односи и соживот?
Мизерија!
Религијата нема врска со меѓуетничките односи и соживотот. Пред 20 години, имаше соживот и без проблеми живееа во исти села и македонци и албанци , и турци и бошњаци...
Кога стапи на сцена политиката, почнаа да се делат на политичка основа, па национална, религиозна а после на што стигнаа.
Претеризмот е исто и со палењето на грчкото знаме, и со исмевањето на религијата, во случајот не се навредени албаците, како побројно малцинство во македонија со муслиманска вероисповед, згрозени се сите што се муслимани, и не само во македонија, и во индонезија исто би биле згрозени.Значи чинот е на глобално ниво, но сепак умот на тие што ги изведуваа беше на локално ниво мислејќи дека на овој начин најдобро би се одмаздиле валјда за палењето на знамињата.