Само Уставен суд му е мајката, не знам зошто си воопшто си очекувал другарчињата на апашите да пресудат во твоја полза.
Со управен спор ќе се развлече работата со години ( а во меѓувреме ќе мора да плаќаш).
До Уставен суд поднесов иницијатива уште на 06. 08. 2012, но јас немам доверба во никого. Затоа и ова морам да го сторам, во функција да имам што повеќе аргументи за во Стразбур. Стразбур е спор, можеби нема да дочекам пресуда од Стразбур ниту за зоните, ниту за Топлификација, јас имам и години, но сакам се да направам што можам за да ми е мирна совеста
Она што го направи Регулаторна во врска со Топлификација е повеќе од грозно. Топлификација краде со тоа мерење со калориметри. Десет илјади граѓани од Скопје се исклучија од Топлификација за да се спасат од измамата и крадењето што го направи Топлификација. Во оваа ситуација, орган на Република Македонија - Регулаторната комисија за енергетика, со кршење на основните човекови слободи и права ги присилува исклучените граѓани да повторно склучуваат договори со Топлификација, за да повторно бидат измамувани и пљачкани.
Тука важи третиот став од Преамбулата на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН:
Whereas it is essential, if man is not to be compelled to have recourse, as a last resort, to rebellion against tyranny and oppression, that human rights should be protected by the rule of law,
Инаку наполно си во право за „ другарчињата “
Еве кој се членови на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката:
М-р Иван Куковски, дипл,ел.инж. Председател
Д-р Јанко Јанчевски, дипл. маш. инж. член
Д-р Башким Зибери, дипл. физичар, член
сите се своерачно потпишани.