Дали некој слушнал кога Собранието ќе ја разгледува интерпелацијата за претседателот на Регулаторна?
Читав во Деловникот на Собранието тоа треба да биде 15 дена по поднесувањето. Мислам дека од тогаш се поминати 15 дена Интрепелацијата е поднесена на 29. 08. 2012 и има приемен број 07 - 3697/1
Еве што вели Деловникот на Собранието:
5. Интерпелација
Член 45
Интерпелација може да постават најмалку пет пратеника за работата на носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно, како и за прашања од работата на државните органи.
Интерпелацијата се поднесува во писмена форма, ја потпишуваат сите пратеници што ја поднесуваат и треба да биде образложена.
Интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците.
Член 46
Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата.
Член 47
Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците.
Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.
Член 48
Право да ја образложи интерпелацијата на седница на Собранието има еден од пратениците што ја поднеле интерпелацијата, во траење од 20 минути.
Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата се поканува на седница и има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација, во траење од 20 минути.
Член 49
Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот.
Пратениците за учество во претресот по интерпелацијата, писмено го известуваат претседателот на Собранието, 24 часа пред одржување на седницата.
Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратениците кои не се организирани во пратенички групи, а кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.
Ако Собранието ја прифати интерпелацијата донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на интерпелацијата.
Член 50
Пратениците кои ја поднеле интерпелацијата можат да ја повлечат само пред отпочнувањето на претресот.
Член 51
Претресот по интерпелацијата се прекинува, ако:
- се постави прашање за доверба на Владата,
- Владата поднесе оставка,
- претседателот на Владата поднесе предлог за разрешување на членот на Владата за чија работа е поднесена интерпелацијата и
- носителот на јавната функција поднесе оставка.