Простување

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Од два коментари на една тема ми дојде идеја за темава. Не знаев дали да ја отворам во Општи муабети или тука, но сепак одлучив да остане овде. Ако треба, ќе ја префрламе.

Значи, одиме понатаму.
protivpropaganda напиша:
Значи со самото признавање сме на пола пат до излекувањето, нормално доколку личноста има намера да промени нешто, нели? Следниот чекор е простување на причинителот или простување себеси. Ова е тоа што сите го изумија да го спомнат, можеби бидејки кај нас, општествено, се смета дека простувањето го практикуваат само послабите единки (сила бога не моли, нели).
Дали вие сметате дека простувањето е за послабите? Дали ако не простиш - ти си силна личност, цврсто застаната и доследна на своите принципи да не попуштиш? Или обратно - ако простиш си се издигнал повисоко и си ја ослободил душата од напнатост, горчина, мисли што оптеретуваат за одредена ситуација/личност во животот?

bibika напиша:
Простувањето е многу тежок процес.Најтешко се совладува.
Колку е за вас тешко да простите? Дали им простувате на луѓето, барем длабоко во себе? Дали сте доволно силни во очи на некој да му кажете: „Ти простувам, ослободи ја душата“?
Дали простувањето е ослободување на самиот себе си од стегите на некоја болна случка, дали е ослободување на другиот или и на двајцата?

Сте имале потреба да ви прости некој? Како сте реагирале во такви моменти кога имате потреба да знаете дека ви простуваат? Молите за прошка, искрено кажувате дека сте згрешиле и сакате да продолжите понатаму со крената глава?
За да побараш од некого прошка, или ако барем ја чувствуваш таа потреба, треба прво да се покаеш?

Лука 17: Пазете на себе, ако згреши против тебе братот твој карај го и ако се покае прости му. И ако седум пати на ден згреши против тебе и седум пати на ден дојде и ти рече `Се кајам` прости му.
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Goleminata na eden covek e vo toa kolku znae da prosti.
KAzano od golemiot mudrec-tatko mi :poss:
Ali kako mine vremeto se poveke i poveke svakam e deka e vo pravo covekot.
 
Член од
10 август 2006
Мислења
14
Поени од реакции
0
Би рекла само: Прости им ти Господе, не знаат што прават. Секогаш кога сум простила некому сфаќав дека на оние што згрешиле не им ни било важно моето простување.Само што чувството на простување е возвишено.Единствено искрено простување е она на децата. ТИЕ навистина простуваат и забораваат и продолжуваат понатаму.
 

Mickey_k

Прохујао са вихором...
Член од
8 август 2006
Мислења
130
Поени од реакции
4
Простувам брзо и нема да правам проблем (само ако е мало лошото нешто сто ми било сторено.
Ама никогаш не заборавам!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Простувам, да. Човечки е да се прости.
А кога јас знам дека сум згрешила нешто и сум имала потреба да ми простат, едноставно ме гризе совеста, а немам храброст да се обратам до личноста што се почувствувала повредена заради мојата невнимателност.
Ќе се каам, може нема да можам да заспијам навечер, ќе размислувам стално околу тоа, ама гордоста преовладува и никогаш немам храброст да пријдам и да речам, прости ми згрешив.
Знам дека е лоша особина и сум се обидувала да ја сменам ама не можам. Посилно е од мене. :nesum:
 
Член од
13 август 2006
Мислења
5
Поени од реакции
0
Спремноста да се прости искрено е карактеристика на голем човек....
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Fortune,
З`ш мор` кога цитираш не цитираш целосно?

А ова?
Само уште една напомена ако дозволите, а таа е постоечкиот факт дека за простување е потребна поголема храброст и напор отколку осветата иако е таа многу попривлечна сепак не е... Ај знаете веќе.
Начинот на кој ме цитираш излегува дека јас ја застапувам тезата дека простувањето е карактеристика на послабите единки во општеството што нема врска со мојот став околу простувањето.
Поправи ме ако грешам.
______________________________________________________

Е се`а, велат дека човечки е да се греши, а боженствено е да се простува.
Оваа изрека потекнува од христијанството, односно од првата, но и единствената вера која ја исклучува осветата како начин на коректура на меѓучовеков однос. Пред тоа важеше законот око за око, заб за заб. Со самото ставање акцент на простувањето наместо осветата се врши запирање на кругот на злото бидејки се увидело дека злото раѓа исклучиво зло и ништо повеќе.

Во нашето општество важат некакви си испревртени вредности, што од незнаење, што од алчност на поединци, што од непостоење на валиден морален кодекс... Постојат многу причини. Во нашето општество генерации се родени, живееле и живеат под влијание на дејствата на законот на посилниот. Дали станува збор за окупаторите од нашето далечно минато, социјалистичките вождови од нашето поблиско минато или пак денешните моќници кои никому одговорност не полагаат е сеедно. Нашиот човек гледа и се адаптира на постојното.
Гледа дека моќникот прави што сака и никому не му се правда за тоа што го прави иако ќе направи големи зулуми сепак е опкружен со луѓе кои верно го следат.
Нашиот народ не е глуп.:nenene:
Греши секој кој вака мисли.
Проблемот кај нас се огледува токму во фактот што секој еден си е паметен за себе, но не и за останатите.
Ако моќникот не се извинува иако постојано греши, а постојано е опкружен со луѓе и останува моќник или пак се извинува само ако му згреши на помоќен од него тогаш... Треба ли да објаснувам понатаму?

Е се`а, имаме состојба каде што послабиот бара прошка исклучиво од посилен од себе што правиме кога имаме ситуација каде што треба една личност себеси да си прости?

Секој од нас е роден со доза на суета и постои здраво ниво на суета. Суетата ни помага (или одмага) во оформување на јас мотивот. Кога таа е преголема тогаш е ѕидот која го спречува простувањето, не e гордоста. Колку е поголема суетата толку е посилен и поголем ѕидот.

Ај да не ја тапавам повеќе само да го кажам ова:
Простувањето (во пошироко значење на зборот) е силен медикамент за заздравување на скоро се` што ја мачи една индивидуа, но не е семоќно. Некогаш не треба да се простува. Кога и како некоја личност ќе простува или ќе бара прошка зависи од самата личност.
Нашата вера укажува дека ако простиш ке ти биде простено. Ако некој ти згрешил и бара прочка прости му, макар било згрешено повеќе пати, но исто така е укажано дека бисери пред свињи не се фрлаат...

Ако продолжам не ќе знам кога да престанам.:vozbud:
Ај доста беше, за сега.

Забелешка:
Прифаќам секаква забелешка, поправка или додавка.
За да ја пролаф`ме троа, де.
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
1.890
Поени од реакции
4
вредноста на секој христијанин е да знае да прости , јас сум христијанин , простувам ама не заборавам
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
protivpropaganda напиша:
Fortune,
З`ш мор` кога цитираш не цитираш целосно?

Начинот на кој ме цитираш излегува дека јас ја застапувам тезата дека простувањето е карактеристика на послабите единки во општеството што нема врска со мојот став околу простувањето.
Поправи ме ако грешам.
______________________________________________________
Јас тој дел намерно го цитирав, затоа што сакав да прочитам форумџииве што мислат околу тоа. Не ми беше целта да излезе дека ја застапуваш тезата дека простувањето е карактеристика на послабите единки во општеството. Значи, ја објаснав целта:)

protivpropaganda напиша:
Со самото ставање акцент на простувањето наместо осветата се врши запирање на кругот на злото бидејки се увидело дека злото раѓа исклучиво зло и ништо повеќе.
Не мора тоа да го прочитаме некаде за да знаеме дека е така, тоа самите можеме да го видиме во текот на животот, нели? Кога простуваш не ја насочуваш енергијата кон освета, туку до некаде забораваш на злото и тука, како што рече ти, запира кругот на злото.

protivpropaganda напиша:
Ако моќникот не се извинува иако постојано греши, а постојано е опкружен со луѓе и останува моќник или пак се извинува само ако му згреши на помоќен од него тогаш... Треба ли да објаснувам понатаму?
За жал, ова е точно.
protivpropaganda напиша:
Е се`а, имаме состојба каде што послабиот бара прошка исклучиво од посилен од себе што правиме кога имаме ситуација каде што треба една личност себеси да си прости?
Сепак, според мене полесно е сам да си простиш себе си отколку на некој друг. Што знам, во таква ситуација мораш некако самиот да си дадеш оправдување за некоја постапка или ситуација, за да продолжиш понатаму. Бидејќи сме себични (кој повеќе, кој помалку), повеќе се секираме за себе отколку за другите. На некој можеш и цел живот да не му простиш, но себе си некогаш во животот ќе си простиш или барем знаеш дека мораш да потиснеш. Повеќе ни е гајле за себе отколку за другите.

protivpropaganda напиша:
Секој од нас е роден со доза на суета и постои здраво ниво на суета. Суетата ни помага (или одмага) во оформување на јас мотивот. Кога таа е преголема тогаш е ѕидот која го спречува простувањето, не e гордоста. Колку е поголема суетата толку е посилен и поголем ѕидот.
protivpropaganda напиша:
Ај да не ја тапавам повеќе само да го кажам ова:
Простувањето (во пошироко значење на зборот) е силен медикамент за заздравување на скоро се` што ја мачи една индивидуа, но не е семоќно. Некогаш не треба да се простува. Кога и како некоја личност ќе простува или ќе бара прошка зависи од самата личност.
Нашата вера укажува дека ако простиш ке ти биде простено. Ако некој ти згрешил и бара прочка прости му, макар било згрешено повеќе пати, но исто така е укажано дека бисери пред свињи не се фрлаат...
Се сложувам.

Доста е голем постов, па некои делови не ги цитирав. Ама ако, сакам вакви постови.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Fortune,
Срцуленценцуле си ми ти!
Знам дека немаше зла намера!

Сепак, според мене полесно е сам да си простиш себе си отколку на некој друг. Што знам, во таква ситуација мораш некако самиот да си дадеш оправдување за некоја постапка или ситуација, за да продолжиш понатаму. Бидејќи сме себични (кој повеќе, кој помалку), повеќе се секираме за себе отколку за другите. На некој можеш и цел живот да не му простиш, но себе си некогаш во животот ќе си простиш или барем знаеш дека мораш да потиснеш. Повеќе ни е гајле за себе отколку за другите.
Кога си простуваш значи дека грешката е сфатена и од таа грешка си научила нешто со тенденција да не ја повториш. Кога се оправдуваш себеси значи дека грешката е увидена и се бара општествено признаена причина зошто е сторена грешката, но продолжуваш и ја повторуваш истата.

Сега нешто троа за себичноста. Повторно ќе ги спомнам заблудите во нашето општество.
Многумина во нашето општество се израснати со помислата дека ако мислат повеќе на себе отколку за другите дека се лоши индивидуи.
Мајката!!! Цел живот треба да ни се сведе во функција на туѓата среќа наместо сопствената. Ова е социјалистичкиот (колективистичкиот) морал промовиран за толчење на приватната иницијатива кај населението и спречување на едно природно право на несметана потрага по сопствената среќа. Скраја да е, на широките народни маси да им текне дека не им треба некаков медиокритетски политички или на друг начин подобен бирократ да им го води животот. `бати соц. реализмот!!!

Личниот интерес кај нас е некакво зло кое треба да се осудува. Барем така се прикажува. Овде не е место да расправаме дали е тоа намерно или не. Сигурно е едно, а тоа е дека кај нас личниот интерес не се гледа како мотивација на индивидуата како што се гледа низ цел останат свет туку намерно или не се меша со алчност и така му се дава конотација на нешто лошо и за осуда. Жива пропаганда!!!

Во ред е твоите интереси да се на прво место бидејки не се нешто битно поразлични од интересите на многумина други, но како индивидуи кога неминовно ке се здружите за остварување на своите интереси ќе бидете во расчекор со тој бирократ кој си ги штити неговите, но и интересите на „своите“. Затоа личниот интерес, кај нас, се поистветува со алчност.
Прави разлика:
Личен интерес=мотивационен фактор на индивидуата
Алчност=претерана желба за безочно стекнување на материјална корист

Кога на вести ќе кажат тој и тој работел така и така исклучиво мотивиран од своите лични интереси, мислејки дека противправно се стекнал со имот тие или не знаат што зборуваат или пак, намерно кријат дека тоа има исклучиво врска со АЛЧНОСТА на инволвираните поединци.
Друг пример често спомнуван е:
Сите политичари си ги гледаат само своите лични интереси.
Што мислите вие? Дали станува збор за нивните лични интереси или за нивната алчност?

Знај дека прво треба себеси да се сакаш за да можеш другите околу себе да ги сакаш!!! Како ќе знаеш дали треба да простиш некому или себеси ако себеси не се сакаш?

Ај тука ќе прекинам, иако има уште многу, бидејки веќе станува километарски муабетов.

Овојпат бев ептен економичен со зборовите за да не бидам премногу офтопик.:vozbud:
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Правам разлика помеѓу термините и нивното значење.Не се раководам во животов според нив.Но ги разликувам. Се сакам себе си,а и другите.Умеам да проштевам.Себе си додуша, малку потешко,но ми оди некако.
Како бе ПеПе, очекуваш да им простам на оние,за кои зборуваш погоре? Или сакајќи да бидеш пократок,не се доискажа?:)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
И простувам, и заборавам. Меко срце :icon_lol:
Простувањето не е за послабите. :nenene: Напротив. Со простувањето човек се издига над оној што му згрешил.
Е сега за барање прошка малце сум потешка... :nesum: Нешто што ми е најтешко на цел свет да го кажам е- ИЗВИНИ. Гордост е ваљда, не знам...
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
bibika напиша:
Како бе ПеПе, очекуваш да им простам на оние,за кои зборуваш погоре? Или сакајќи да бидеш пократок,не се доискажа?:)
bibika,
Ако прашањето не ти е реторичко тогаш постави го попрецизно.
Што всушност прашуваш?:toe:
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
да простувам многу. па луге сме сите грешиме. а не сум злопамтило кое врака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom