Бројот на работници во индустријата се намалил за 4,7 насто
Бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истиот месец лани е намален за 4.7 проценти.
Ова денеска го соопшти Државниот завод за статистика, додавајќи дека во периодот јануари-април 2009 во однос на истиот период од 2008 година бројот на работниците во индустријата се намалил за 4,5 насто.
Во април годинава во однос на истиот месец лани најмногу се намалил бројот на работниците во производството на текстилни ткаенини и тоа за 23,1 насто, како и во вадењето на руди на метал (15,7 насто).
Бројот на работниците во секторот Вадење на руди и камен во април 2009 година, во однос на просечниот број на работници во 2005 година, е намален за 20.9%, во Преработувачката индустрија е намален за 8.0% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 9.1%, покажаа податоците на заводот за статистика.
---------------------------------------------------------------
Платите растат, бројот на вработени во индустријата опаѓа...
... убава работа ова статистикава, чуда се случуваат.