Промена на судбината

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Баба ми велеше од пишание не се бега :) Навистина неможе да се даде точна дефиниција за судбина и нејзините ефекти врз човековиот живот.Јас не ни можам да го објаснам мојот став околу ова прашање.Едноствано верувам дека некој „горе“ ги мести коцките или пратил некој претходно да ги намести.Ако сака нешто да се случи ќе се случи,без разлика што и да направиме за да го спречиме или забрзаме.Ти како лик во овој филм само играш по претходна режија со ексклузивно право да внесуваш ефекти.
(ова кога несака и несака ме потсетува на луѓе во кладилница,често го споменуваат :icon_lol: )
 
S

smart ass

Гостин
Еве една хипотетичка ситуација:
Некој си младич дознава дека треба да умре на 30 години (под претпоставка некоја видовита баба му кажува или не знам како, но битно така треба да се случи). И човекот се рокнува истиот ден од 5-ти спрат. Дали ке умре (ако му е судено да умре на 30 години некоја виша сила ке го спаси)? Ако умре дали ке ја промени судбината на светот (сепак од газење на една пеперутка умираат милион луге, а не од умирање на човек кое не оди според планот)?
Дали ќе умре зависи од неколку варијабили,меѓу кои дали ко на америчките филмови ќе се рокне во контејнер со ѓубре,потоа зависи од теренот,дали имаме мека почва,па тро дрвца,понатаму зависи од положбата во која ќе паднеако паѓа клинец...гарант нозете пуздер ужасни болки и ако Брза помош биде стварно БРЗА..може да преживее,а можеби и не.

Тоа е хипотетички(исто и тоа ако истиот ден се фрли оти некоја баба го лоботомирала)...

Ако умре дали ке ја промени судбината на светот
Една фамилија во црно+оговарања покрај ова теоретски не е доволно еден да ја промени судбината на цел свет-премногу варијабили+ на долг рок единствено што ќе биде е...нема да има наследство(кое хипотетички требало да го има).

Енивеј Екстремниот ДЕТЕРМИНИЗАМ како филозофија е троа лош.

Оти Simply you can not change the law's of physics...not even god himself can.

Инаку умерениот детерминизам е тамн и ми се допаѓа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Судбината му била бабата да му каже дека ќе умре на 30 за он да се џитне од 6ти спрат и да умре одма. :)

Значи во принцип у судбина му стои дека он ќе умре со пад од тој и тој спрат. :)
Епа тоа е целата работа, тука се вмешува и парадоксот со патување низ времето "а ла Lost", па ако навистина бабата е видовита, со самото гледање во иднината, таа ја менува иднината на дечкото.

Можеби младичот ќе умрел на 65 (кога веќе ќе биде "старич"), но бидејќи бабата ќе му каже дека умира на 30, тој ја менува "судбината", односно иднината.
Секако, ова не е она филмско менување како што сите си мислат, кога ќе го спаси цел свет, али ипак...:)
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586

Епа тоа зборам, не ја менува судбината, судбината му одредила дека бабата ќе му каже дека ќе умре 30 за тој да го избегнетоаи да умре на 65. Значи у судбина му стои да умре на 65 не на 30 :)
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Верувам дека се се случува со некоја причина, дека ништо не е случајно.
А за судбината и за тоа дека така ни било пишано...не знам како да го дефинирам.
Мислам дека до некаде ние сами сме си кројачи на сопствената судбина и дека од нас зависи(во поголем дел само до нас) што ќе ни се случи.

Инаку кога сме више кај бајачките,другарка моја беше во скоро време и бабичката и изнакажа работи од минатато сегашноста и тоа и го погоди.
И кажа и работи за иднината но и потенцираше дека тоа го гледа од сегашна точка и дека на крај се ама буквално СЕ зависи од неа, дали ќе се уда богато и сречно и сл и сл.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Можеби некој веќе го напишал ова на темава, но да потсетам дека поимот судбина, односно судба има мошне конкретно значење на нешто конечно, неизменливо (т.е. така било пишано, речено, судено). Како таква судбината не може да се смени оти според своето буквално значење, таа претставува токму непроменливост, предодреденост, осуденост на нешто што е невозможно да се избегне. Ако може се избегне, тогаш тоа не е судбина.
Во судбини не верувам премногу, но мислам дека многу работи во животот, на кои можеме но и не можеме да влијаеме, на крајот на краиштата носат последици (или резултати) кои тешко се избегнуваат.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Пред година дена имав интересна случка, сретнав еден човек од арапските земји кој престојува овде,човекот ми викаа знаел да чита од дланки и јас од љубопитност побарав од него да го примени тоа врз мене,ги споив дланките и она што го чув не можам да го опишам.Човекот го гледав прв пат во својот живот а опиша се за мене до најмал детал,карактеристики и работи кои е просто невозможно да бидат кажани за личност која прв пат ја гледате во својот живот.
Нејсе,се сеќавам откако ми изнакажа се го прашав дали е возможно човек да смени нешто од тие работи.Ми одговори дека се е возможно,дека нешто може да се смени.
Кој да знае,можеби е така можеби не,но знам дека колку и да се опирав на кажаното се излегува како што рече.
Судба,кој да знае....
 
A

ateist

Гостин
Можеби некој веќе го напишал ова на темава, но да потсетам дека поимот судбина, односно судба има мошне конкретно значење на нешто конечно, неизменливо (т.е. така било пишано, речено, судено). Како таква судбината не може да се смени оти според своето буквално значење, таа претставува токму непроменливост, предодреденост, осуденост на нешто што е невозможно да се избегне. Ако може се избегне, тогаш тоа не е судбина.
Во судбини не верувам премногу, но мислам дека многу работи во животот, на кои можеме но и не можеме да влијаеме, на крајот на краиштата носат последици (или резултати) кои тешко се избегнуваат.
па нормално дека неможеме некој работи да ги избегнеме
колку и родителите да не учеле како млади некој работи за наше добро да не поштедат самата љубопитност и неопитност доаѓа до израз па тие грешки сепак ги правиме .Но тоа нее судбина . Ако збориме за СУБОНОСНИ ОДЛУКИ КОЈ МОЖЕЛЕ И ТЕ КАКО ДА НИ ГО СМЕНАТ ЖИВОТНИОТ ТЕК е тоа ДА .!

Некој луѓе се задоволни од својте СУДБОНОСНИ ОДЛУКИ значи сметаат дека во конкретен момент од животот извршиле правилен избор .

Судбина во смисла дека некој работи не зависат од нас самите и од нашиот избор- одлуки туку секако ќе се случеле тоа тешко може да се рече судбина - предодреденост како што инсистираат капиталисти и религии туку востановени меѓучовечки и опшетствени односи .

Не се согласувам со некаков божји план во смисла предодреденост- судбина . Тоа религии го шират за нивни интерес на луѓето да им наметнат апатија , разочараност , пасивизам .

пасивизам (лат. passivus) 1. состојба на неработење, неактивност, НЕПРОТИВЕЊЕ , НЕДАВАЊЕ НА ОТПОР; 2. фил. сфаќање според кое животот на поединецот, на еден народ или на целото човештвоНЕ ЗАВИСИ ОД ВОЛЈАТА на поединци и на групи, зашто претставува производ на некоја ВИША СИЛА , на ПРИРОДНИ ЗАКОНИ др..
.
.
.
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
785
Имав случка пред 2-3 лета во Охрид, една баба-јасновидец на плажа одеше од човек до човек нудејќи гледање на судбината за скромна сума (50-100 денари... дај што даш). Една моја “лаковерна„ пријателка веднаш ја повика за да и погледне што ја чека. Бабата ме погледна и ме виде како се смеам, и веднаш со презир ми се обрати: ти не веруваш во ова? Јас им возвратив дека сум спремен во моментот да и дадам 1000 денари доколку успее барем малку да ми ѕирне во минатото... веќе погодувате кој беше нејзиниот одговор? Таа не гледа во минатото туку само во иднината! Станав да прошетам по плажата, додека таа ја лажеше мојата другарка гледајќи и принцови на бели коњи и успешен живот...
Да не се лажеме... никој неможе да ја погоди иднината... никој неможе да гледа на кафе/дланка/хороскоп/графчиња... Бидејќи првин тоа би го пореметило целиот универзум, и неговата причинско-последична врска... и второ би имало многу повеќе лото добитници :)
 
Премногу релативни работи влијаат на иднината (односно како некои што ја нарекуваат судбината) такада не постои човек што може да предвиди нешто што ќе се случи без да е запознаен со повеќето од параметрите.
 
nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Ова ме потсети на еден случај, се работи за внук и вујко, внучето е мало, а вујкото 17-18 години. И одат на гледачка... И типката им кажува дека вујкото ќе умре на 20 години, исто така и внучето. Демек ги чекало иста судбина. И овие не поверувале многу, кога оп навистина се случува вујкото на детето да умре на 20 годишна возраст. Случајност или судбина? И сега овој другиов има наполнето 19 години и секој ден живее со стравот дека за помалку од една година ќе умре. Сепак јас мислам дека тоа било чиста случајност тоа што погодила бабата, но сепак...останува сомнеж, дали постои судбината и дали може да се влијае на нејзе...
 
Член од
20 мај 2011
Мислења
47
Поени од реакции
13
судбина постои и сите ние ја креираме во овој момент, се е во наши раце, нема запишано, нема предодредено, едноставно ние бираме каде ке одиме, и кој пат ке го следиме.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Еве една хипотетичка ситуација:
Некој си младич дознава дека треба да умре на 30 години (под претпоставка некоја видовита баба му кажува или не знам како, но битно така треба да се случи). И човекот се рокнува истиот ден од 5-ти спрат. Дали ке умре (ако му е судено да умре на 30 години некоја виша сила ке го спаси)? Ако умре дали ке ја промени судбината на светот (сепак од газење на една пеперутка умираат милион луге, а не од умирање на човек кое не оди според планот)?

Не оди тоа така, во секој момент правиме различни избори и секој момент со секој избор ни носи различна иднина,
Секоја едника прави свој сопствен избор и тоа не зависи од другите односно само од себе зависи.
Оние луѓе кои навистина имаат таква дарба ги гледаат процесите кои иницираат промени и врз основа на тоа знааат што во
иднина ќе се случи но сепак сето тоа може да се промени и зависи од нашите избори доколку ги направиме.
 
Член од
28 март 2011
Мислења
20
Поени од реакции
6
Да се верува во судбината како апсолутна, непроменлива е снобски, нерационално, наивно, одлика на сите модерни програмирани роботчиња. Коренот на ваквото поимање е заради нејзиното погрешно разбирање . Многу луѓе често судбината ја изедначуваат со смртта, се фокусираат на смртта, фактот дека сите умираме е непобитен, но оној временски интервал помеѓу нашето раѓање и смртта тоа би требало да е судбина и е во наши раце од моментот кога рационално можеме да размислуваме. Ситуациите се случуваат приликте и неприликите се тука нивното согледување, идентификување, искористување,избегнување зависи од нашиот пристап.Во крајна линија и помирувањето односно разбирањето на смртта, храброста да се размислува за неа воопшто слободоумноста ослободува и дава еден сосема поинаков поглед и го зграбуваш животот во свои раце.
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Имам една моја поговорка... омилена ми е :P
-Hate your destiny 'cause it doesn't exists! ;)

Еве повеќе од мене...
-If i can't find my purpose in life ill create one for myself.
-When you will understand that the future is in your hands than you will live your destiny!
-Who says the written cannot be erased? All i need is my right hand and the back of a pen... or BACKSPACE ;))

--- надополнето ---

Во моментов ми текнаа уше по некоја глупа фраза но нема што да пишам...
Сакам да додадам дека лугето кои сакаат да ги држат работите под контрола не веруваат во судбина(повеќето) и обратно оние кои повеќе сакаат да бидат водени тие почесто веруваат во судбина.

Неможам да дадам одговор на темата бидејки станува збор за не решлива равенка (ни фалаи x,y во задачата) така да или мора да претпоставиме дека е тоа или дека е трето или пето... треба да се стигне до теории со паралелни универзуми, пишани судбини итн итн.. :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom