Промена на предметен професор во средни училишта

Член од
12 декември 2009
Мислења
137
Поени од реакции
31
Ме интересира која е постапката за покревање петиција за промена на предметен професор. Колку души треба да се потпишат, како да се започне сето тоа... Ако има некој искуство со тоа би било добро да го сподели :)
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
хахахаха ова ме изнасмеја..

Не си го губи времето, освен ако не злоуставува ученици и тепа или силува и вие имате доказ за тоа, иначе нема шанси да ви сменат професор само затоа што вие барате, макар и да правите петиција и цело школо се потпише...
 
M

Mussolini

Гостин
Не сум упатен у тава шо те интересира ама мислам дека праќање писма до директорот на школото и министерството за образование, МОЖЕБИ, ке успеете да сменете нешто...
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Прво, треба да се има записник. Без тоа никој нема да ве разбере озбилно.
Претседателот нека евидентира се што соучениците имаат да кажат околу професорот, односно заради што не сакаат да им предава веќе. Фала богу, овде не се брои STOEOVAA!!!! Imaf 2 i sega na testot izvadif 5 ZASTO NEKE PETKA DAMI STAVI!!!!!!!111 Поединечни замерки за оценки и слично не се издржан проблем, претпоставувам дека ако веќе сакате да ви се смени професор имате проблем од поголем калибар, пример за начинот на предавање и слично.. :)
Откако ќе ги собере претседателот сите жалби од учениците, седнува со потпретседателот, селектира, упростува, вади поенти и потоа истите ги доставува до училишната заедница на генерацијата, која патем треба да има редовни состаноци барем еднаш во тромесечието :) Се разгледува дали и друг клас пројавува желба истиот професор да го смени, ако има, се работи тимски на доставување жалба и доделување на нов предметен професор, секако, со убаво стокмени и прецизирани причини зашто истото се бара :)
Ова нема да го направите сами, прво ќе си идете кај класниот и ќе побарате мислење како од професор и постар човек... Ако класниот смета дека ви е издржана жалбата, тогаш истата се доставува до психолог/педагог на ревизија, па потоа до советот од професори, па до директорот :)
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Абе деца бе деца........ Мојот клас у средно го имаше направено ова, ни ја сменија професорката па таа другата полоша на крај испадна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom