Процесот на моето истражување.
Многу често додека истражував,наоѓав мислења од типот: Имам 16 години,стојам пред голем проблем кој засега е драма,но во иднина може да стане трагедија.Единствно дете сум во семејство на интелектуалци.Немам сериозни роблеми со здравјето,само што сум бил страшливо и затворено дете како мал.Се сеќавам,дека имаше нешто во мене,кое ме тераше да се срамам,што сум момче.Некако внатрешно чуствував,дека со мене нешто не е во ред.Кога ме тераа да со играм со девојчињата од населбата,бев привлечен од куклите и од женското друштво.Сега знам дека уште тогаш сум се чуствувал како женско.Многу се срамев што имам пенис како момче и до ден денес користам само женско веце.Најтешкото за мене дојде со пубертетот.Со ужас ги сртнав знаците на машки црти-влаката,дебелиот глас...се што е машко на мене.Не го сакам тоа туѓо тело на мене,а незнам како да се ослободам од него.Живеевме во Германија и таму прочитав литература за моите проблеми.Прашање-Постојат ли луѓе кои се реодени како мажи,внатрешно се чуствуваат како жени,а половата насоченост им е кон жени?Во нормалната суштина,сексуалната ориентација на човекот е една изјава на вродениот во него инстинкт за размножување,кој се гради во хормоносексуални и психосексуални аспекти по половото созревање на соодветна индивидуа.Зборуваме за полово општење меѓу маж и жена или жена и маж,една нормалност дадена од природна гледна точка,зошто така се продолжува животот.Тоа е
ХЕТЕРОСЕКСУАЛНОСТА,но како што секое правило има и исклучоци,кои го потврдуваат,мајката природа не е совршена и самата допуштила исклучоци од своите правила.ДЕЛ од нас,луѓето на кој им се паднала таа ,,среќа,, да бидат исклучок,во никој случај не требало да се гледа на таа наша сексуална особеност како на нешто престапно,одвратно и неморално,зошто ние немаме никаква вина за тоа ШТО СМЕ РАЗЛИЧНИ.Тоа со нас дошло од причина-вродена или придобиена,во рано детство или за време на пубертет.И така се шириме на-
БИСЕКСУАЛНОСТ-кога роден како маж или родена како жена се привлечени од двата пола-
ХОМОСЕКСУАЛНОСТ-кога кога роден како маж,се спознава како маж,чуствува како маж,но сексуално е привлечен од сопствениот пол.А родена како жена се спознава како жена,чуствува како жена,но е сексуално привлечена само од жени.А една од поновите појави позната како
ТРАНСЕКССУАЛНОСТ,кај неа причината е само вродена.На генетско ниво белковинската аберација на т.н "HY" антиген може да го нема таму каде што треба да го има-"Y" сперматозоиди и да го има таму, каде не треба - а "X" сперматозоидите.Соодветно,мозочните структури кои се формираат подоцна за психичкото сексуално идентифицирање и сексуалната ориентација,развивајки се во утробата,не се формираат во машки тип,туку во женски и обратно.Така да,тука имаме индивидуа која е родена како маж,телото му е машко,а тој се спознава,чуствува и однесува само како жена и тоа негово тело во кое е роден,е туѓо за него.Тоа е ужас и кошмар за таа идивидуа,а желбата да ја смени таа обвивка во која природата по грешка го ставила е неизмерна.Половата насоченост и задволување на таа насоченост кај таква индивидуа е сврзано со спротивниот за него пол-машкиот.Трансексуалната жена се раѓа како жена во женско тело,но психички таа всушност е маж.Во последните дваесет години се појавија бројни публикации,анализи,статии....а и живиот свет докажа постоење на уште една група во класацијата на ,,девијантни состојби,,-транс-транссексуалност.Што претставува таа група и какви се медицинските,психолошките,личните и социјално-правните аспекти,кои се важни за една личност,која има проблеми со психолошката сексуална идентификација и сака промена на пол? Темата е доста интересна,станува збор за роден маж,кој психички се определува како жена,чуствува како жена и однесува како жена,но сексуално е привлечен од жени.Такви луѓе на светско ниво се нарекуваат - ,,машки лезбејки,,.И реципрочно-се раѓаат како жени,со женско тело,но со машка психа,но половата привлечност им е ориентирана кон мажи.Можеби многу од вас кои го читаат ова се подсмеваат скептично и си мислат дека нема такво нешто.Епа,дами и господа,Светската здравствена организација одговорно изјави дека,луѓе со различна ориентација од хетеросексуалната во светот(родени во една и иста година) се од 3% до 6%.На прв поглед мали цифри, но ако се пресмета во рална бројка,цифрата не е за подценување.Тој дел од населението на планетата,зарем нема право на еден достоен човечки живот.Нивната ,,неприродност,, и различност се должи на тоа дека така се родени.Во последно време нашите медии ја претворија во мода и екстравагантност појавата да се биде трансвестит или хомосексуалец.Клипови,реклами,паради,уметници и дизајнери кај нас пишаат и парадираат со таа своја ориентација.Е тоа веќе е перверзија во вистинската смисла на зборот,полоша и од порнографија, е таа нивна гласност.На таа група од граѓани треба да се гледа како дел од нас,а не како на настрани или чудни суштества,кои не заслужувааат да дишаат.Да се бара од нив тоа што се бара од сите членови на општеството-да дадат допринос за развивање на општеството со својот интелект и физички способности.Важно е во секој од нас да го зачуваме човечкото достоинство.Затоа на родителите на деца во развој,кои го имаат истиот проблем,сакам да апелирам,да не паѓаат во ужас и нечовечна паника,ако синот или ќерката сподели со вас сличен проблем.Колку и да е шокантна веста,крајот на светот ни одблизу нема да се наближи.Зошто ,таа или тој,многу страдаат,не само зошто не се како другите,повеќе зошто се сами,сосема сами и неразбрани и нивниот живот има само уште еден чекор,кој вие и без да го осознавате,одбивајќи ги сте ги принудиле да го направат.Ке ве замолам да разговарате,да најдете начини,вашето дете да го пронајде сопственото јас,и на еден или друг начин да му даде смисла на својот живот.
Мојата лична историја,проблемите и мислењето за сексуалноста.
Јас лично не сум трансексуалец.Како психа и начин на мислење се наоѓам на средината меѓу ,,типично машко,, и ,,типично женско,,.(види),со лесна насока кон женското,тоест,трансџендер на околу 50% и унисекс на околу 70%.Физички сум повеќе жена,кое беше докажано и со генетска анализа.По сексуална ориентација сум насочен кон мажите,и никогаш не сум имал секс со жени и не пројавувам интерес кон нив.
Уште од мал,психички не се чуствувам ,,типичен маж,,.Во насока на моите стравови,што би можело да се случи ако луѓето разберат дека не сум 100% маж,разивав и страдав од сексуалните отклонувања со една мисла да постанам жена.
Но кога бев мал немав интернет,немав книги и информации за мојата состојба.На 17 год првпат имав контакт со интернет и најдов страници кои ги опишуваа многу од моите чуства и мисли.Но првите познанства со такви припадници,повеќе ме збркуваа,тоа беа трансексуалци,со веќе сменет пол по оперативен зафат и живееја како жени.Тогаш мислев дека и јас сум како нив ,,жена заробена во машко тело,, и решив дека треба да станам како нив,еден ден.
Најдов и една друга разлика меѓу нас,која тогаш ми беше чудна.Повеќето од трансексуалните маж-жена,кои беа на интернет,имаа типично машка сексуална ориентација,се нарекуваа,,лезбејки заробени во машко тело,,.Тие беа привлечени од жени.Тоа за мене беше повеќе од заблуда.А замислете си само дека бев сам,класниот час не расправа теми за трансексуалци,хомосексуалци....,општо немаше информација никаде наоколу.Контактите со пријателите ништо не ми помогнаа,самите тие немаа никаква блиска претстава за овие поими.Во еден момента дојдов до важен заклучок,дека сексуалната ориентација и сексуалната идентификација на еден човек не одат рака под рака и на физиолошко ниво се определуваат од низа различни фактори.Од тогаш до ден денес сметам дека,човек може да се роди,со едно тело,со друга сексуална идентификација и со трета сексуална ориентација.Таа теорија го објаснува постоењето на трансексуалци,геј,aсексуалци,бисексуалци,интерсексуалци и др. сексуалности...
Статистички е докажано дека,луѓето немаат типично женска и типично машка психа.Просечен маж е 75% типичен маж и 25% типична жена,по психа и начин на мислење.Изгубив многу време,од првиот контакт со интернет до денес да најдам делови од информацијата која ми недостигаше,кои на почеток се губеа во морето од страници за трансексуални особи низ целиот свет.Добив храброст да користам женски полови хормони,естрофем,околината и така и така ме сметаше пред се за жена.За среќа запознав еден од најдобрите психијатри,со помош на тетка ми,која ми е како втора мајка.Еден од најдобрите во државата,кој ми го дополни недостатокот на информации со позајмена литература и неколку лични разговори.Така и сопрев на време,со хормоните.До ден денес сожалувам што во училиште имавме само два три часа психологија на темата,а учевме некакви небитни лекции кои никогаш не нашле примена подоцна.
Продолжив да истражувам на нет.
Во оквирот на трансексуалците,најдов два спротивни фронта.Едни,по промена на полот,имаат сексуална ориенатација кон мажи.Повеќето од нив,пред промена на пол биле геј и се однесувале женствено од мали.Тие трансексуалци,сметаат дека другите кои се доживуват како ,,лезбејки во машко тело,, не се воопшто трансексуалци.Нивните докази се дека вторите не пројавуваат женски црти од рана возраст,како нив,туку за време на пубертет.Многу од,,лезбејките во машко тело,, пред промена на пол,имале сопруги и деца,кои никогаш не забележале кај нив појава на женственост.Овие пак одговараат дека стравот да не разбере никој тоа што се,ги терало да изгледаат помажествени.Така трансексуалците кои пред смена на полот,биле женствени и хомоориентирани,ги нарекуваат вторите -фалшливи,а се сметаат себеси за вистински.Но научниците не се согласуваат со нивната теорија.ДЕНЕС сексуалната теорија предложи термин ,,автогинефилија,,кој означува возбуда од мислата за себеси во женско тело.Сеуште сексолозите разгледуваат различни мислења по прашањето,дали таков тип на сексуално отклонување постои.Тоа се должи на фактот дека ако тоа постои,а под негово влијание определини луѓе веќе извршиле смена на полот,за нив би било тешко да признаат дека под влијание на него,кое што е излечливо,допуштиле неповратна грешка во животот.
Од моето лично искуство јас тврдам дека автогинефилијата постои,таа беше мојот најсериозен проблем.Неправилната интерпретација во комбинација со моите-филии,-фобии,под влијание на недоволна информираност,ме доведоа до изводот дека правилниот пат за мене,е хируршка смена на полот.Среќен сум што не го направив,со помошта на извонредните совети и информации од според мене најдобриот психијатар во Македонија.Исто така сметам дека постојат трансексуалци кои никогаш не би се покајале што направиле промена на полот,тоа е логично,сетете се на теоријата за взаемна независност на сексуалната ориентација и идентитет.
Апелот на почеток ми е-информирајте се максимално пред да мислите на што и да било.Возможно е да сте трансексуалец а да бидете во состојба на сексуално отклонување,кое се лечи,многу лесно.Ако се сомневате дека имате каква и да било сексуална или несексуална зависност-филија,или неконтролиран страв од било што-фобија,споделете со вашите блиски,и направете консултација со добар психијатар или сексолог.Во спротивно еден проблем може да роди нов,да стигнете до мачен и долг процес во животот.