Промена на Уставот (желботека)

А

Антоние

Гостин
А демек нема да се делат и тепаат ако е непосредна демократија а?

Знаеш ли шо кажа со ова? Дека за секоја ситница, треба да решава народот на референдум. Знаеш ли колку е тоа долг и гломазен процес? Општеството буквално ке се блокира. Законите и измените на законите и одлуките ке се носат многу споро. Ке го снема собранието како орган и со тоа владата и претседателот ке бидат слободни од брзи забрани за нивните дејствија, зашто народот дур изгласа - отиде државата. Ке нема арбитража никаква. Самите одлуки од мнозинството од народ ке бидат без никакво професионално знаење, зашто тоа мнозинство не е образовано за такви одлуки. Самиот процес за гласање за закони од народот, ке донесе презаситување и често немање на процентуална застапеност на граѓаните во тие референдуми и со тоа постепено откажување од народот во непосредно владеење и натрупување на предлозите на владата и со тоа кочење на извршната власт. Да бевме население од 10 000 луѓе во државава, да немавме толку сложено општество и да носевме туники и да бев антички - ок. Али не сме.
Финтата со непосредната демократија е во тоа што таа е замислена за (целокупна З+И+С) власт која што наместо да се вмешува и да интервенира во сите сфери на социо-политичкиот живот, само ќе арбитрира. Во меѓународното право арбитрирањето е најефикасен метод за донесување одлуки, склучување договори и правни норми. Замисли наместо пратеници и министри да имаме арбитри, кои што ќе одлучуваат во совет од непарен број членови, каде што еден е заседавач, и никој од нив нема да ужива никакви специјални привилегии. Секој граѓанин би можел да предложи закон, а за да биде усвоен да има двотретинска подршка од советот (66%), и да предложи да се отстрани било кој закон, кој што ќе се отстрани ако добие апсолутно мнозинска подршка од советот (51%). Ете ти непосредна демократија произлегувајќи од квази институција.

---------------------------------------------------------------------------

Гледам, држава сте почнале да си играте :) (или тоа или авторот на темата само ја користи заплетканоста на уставот со политиката за да си ги пласира своите субјективни политички ставови, неможејќи да го стори тоа на ниедно друго место на форумот), но како и да е еве и јас ќе додадам нешто што мислам дека треба сериозно да се измени/надополни во Уставот.

- Членот 30 од Уставот ја гарантира приватната сопственост и тоа во нејзиниот "индивидуален облик", пропуштајќи да ја спомене групната приватна сопственост, или со други зборови сопственоста на правните лица.

- Членот 56 од Уставот ја инагурира државната сопственост, но не прави разлика помеѓу државна сопственост и сопственост на единиците на локалната самоуправа.

Иако уште од 2001 постои ЗСИДСП, кој што ги пополнува овие "нерамнини", сепак Уставот е над ЗСИДСП и искусен правник може да ги искористи овие дупки за да изврти фактичка состојба.
 
L

Liberation

Гостин
Гледам, држава сте почнале да си играте или тоа или авторот на темата само ја користи заплетканоста на уставот со политиката за да си ги пласира своите субјективни политички ставови...

...приватната сопственост и тоа во нејзиниот "индивидуален облик", пропуштајќи да ја спомене групната приватна сопственост, или со други зборови сопственоста на правните лица.

...државната сопственост, но не прави разлика помеѓу државна сопственост и сопственост на единиците на локалната самоуправа.
Уставот е философија пред се, идеја за тоа како да изгледа нешто. Тој не се менува на секои 4 години, со доаѓањето на една и заминувањето на друга партија од власта, на кој како му одговара. Овде кој сака може да даде идеја (колку и да е таа неиздржлива) без да спомене било која политичка партија.

-Правно лице е група физички лица на кои правото им дозволува да дејствуваат како една индивида. Процентот на индивидуална сопственост на стекнат имот си го уредуваат физичките лица со договор. И во случај на кривична одговорност, се е јасно уредено.

-Суверената држава со правото на делегација им дала за право на ЕЛС да управуваат со определен имот на државата. Постои хиерархија, а државата е суверенот (најгоре). Доколку имотот на ЕЛС е еднаков по сувереност со државниот, тогаш де факто има држава во држава. Како што со закон е извршена децентрализација, така со закон може да се врати претходната состојба (како што сега има обид за ограничување на некои право директно во Уставот, додека еден куп слични права биле дадени уште 1991).
 
- Да, утврдено е во ЗСИДСП, но не е во Уставот, а Уставот е повисок од законот. Тука има замрсување на субјективитетот.
Ако некој направи проневера во некоја фирма, или со други зборови физичко лице изврши смеќавање на владение на имот на правно лице, може да го судат според ЗСИДСП кој што ја гарантира групната сопственост (сопственоста на правните лица). Ама ако ја влечкаат работата до Врховен или Уставен суд, може да им биде нулифициран случајот заради оваа дупка во Уставот. Значи ќе мора да го судат според Кривичниот закон и наместо тужба за смеќавање на владение или за поврат на стварта, или што и да е, ќе му стегнат кривична пријава за кражба или проневера, пошто ова другово е своевиден ризик.

- Во ЗЛС од 2002 пишува дека општината има право на сопственост на ствари, средства и права. Значи со нив може целосно да располага, да им прави што сака. Арно ама, во Уставот ова го нема. Таму не се прави разлика помеѓу државна сопственост и сопственост на ЕЛС. Заради принципот на правна сигурност, потребно е да се разграничат овие две.
Што ако државата треба да фининсира некое недоволно развиено подрачје на општината. Во каква сопственост ќе бидат средствата и парите што ќе бидат дадени како помош? Што ако некој си бутне од тие средства во џеб. Ќе го судат за кражба, ама на чива сопственост?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom