Промена на Уставот (желботека)

L

Liberation

Гостин
1. Верските лидери предложија промена на член 40, каде би требало бракот да се дефинира како заедница на маж и жена.

2. Владата предлага измена на член 4, со што ќе се овозможи предавање на македонски државјанин на друга држава заради судско гонење.

3. Министерството за правда предлага амандман со кој полесно ќе се санкционираат македонските државјани со два пасоша.

4. Се јавија и од СДСМ, каде сакаат со амандмани да се оневозможи учество на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители.

5. Нова демократија... пардон. Демокрација е Ре бара Бадентер при избор на судии и при гласање за Буџет (федерализација на економијата).

6. ДУИ ја поддржува Демокрација е Ре во барањата.

Епа ајде да видиме кој какви желби има, што сака а што не сака да стои во Уставот наш насушен.
Силувањето започна, повелете придружете се, нема да има кривични пријави...
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Да се укине средното образование!Секакви дебили има,средно не е за сите треба да се знае кој е работник (на кој не му фака главата/го мрзе) а кој е со средно и со факс.А не сите дипломи земаа,а ногу дипломирани за ништо не ги бива.
 
М

Мартин`

Гостин
Голема подршка за првиот предлог закон!

Да се укине средното образование!Секакви дебили има,средно не е за сите треба да се знае кој е работник (на кој не му фака главата/го мрзе) а кој е со средно и со факс.А не сите дипломи земаа,а ногу дипломирани за ништо не ги бива.
И ова исто така ..
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Да се смени системот во Директна Демократија.За секоја политичка одлука да одлучуваат самите граѓани преку референдум.Така да кога ќе се донесе некој тапа закон ко за пушењето,за градење цркви,џамии...граѓаните да излезат и да гласаат дали тој закон треба да се воведе,а не луѓето да се делат и тепаат помеѓу себе.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
1. Верските лидери предложија промена на член 40, каде би требало бракот да се дефинира како заедница на маж и жена.

2. Владата предлага измена на член 4, со што ќе се овозможи предавање на македонски државјанин на друга држава заради судско гонење.

3. Министерството за правда предлага амандман со кој полесно ќе се санкционираат македонските државјани со два пасоша.

4. Се јавија и од СДСМ, каде сакаат со амандмани да се оневозможи учество на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители.

5. Нова демократија... пардон. Демокрација е Ре бара Бадентер при избор на судии и при гласање за Буџет (федерализација на економијата).

6. ДУИ ја поддржува Демокрација е Ре во барањата.

Епа ајде да видиме кој какви желби има, што сака а што не сака да стои во Уставот наш насушен.
Силувањето започна, повелете придружете се, нема да има кривични пријави...

Јас у нашиот македонски устав би променил само таму кај што пишува дека Македонија е мултиетничка земја ја би ставил дека Македонија е земја само на македонскиот народ а сите останати се малцинства(јеби га 70 % сме сепак) а би го сменил да можам и знамето у оноа шеснаесет кракото и тоа вера на прво место православна христијанска па 5 места празно па на 7 католичка на 8 исламска на 9 еврејска итн. :toe:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596

Е со тебе ќе влеземе у Европа со сигурност , се правиш голем патриот . Правилно е да си стои дека е мултиетничка држава , а со твоево мислење нигде нема да стигнеш .

Целосна подршка за првиот предлог , секоја чест за МПЦ и ИВЗ .
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
1. Верските лидери предложија промена на член 40, каде би требало бракот да се дефинира како заедница на маж и жена.

2. Владата предлага измена на член 4, со што ќе се овозможи предавање на македонски државјанин на друга држава заради судско гонење.

3. Министерството за правда предлага амандман со кој полесно ќе се санкционираат македонските државјани со два пасоша.

4. Се јавија и од СДСМ, каде сакаат со амандмани да се оневозможи учество на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители.

5. Нова демократија... пардон. Демокрација е Ре бара Бадентер при избор на судии и при гласање за Буџет (федерализација на економијата).

6. ДУИ ја поддржува Демокрација е Ре во барањата.

Епа ајде да видиме кој какви желби има, што сака а што не сака да стои во Уставот наш насушен.
Силувањето започна, повелете придружете се, нема да има кривични пријави...
Ова требаше!!! Браво... :bravo:
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Е со тебе ќе влеземе у Европа со сигурност , се правиш голем патриот . Правилно е да си стои дека е мултиетничка држава , а со твоево мислење нигде нема да стигнеш .

Целосна подршка за првиот предлог , секоја чест за МПЦ и ИВЗ .
Уххххх постребала ни е европа а и нато ние да си ја задржиме македонштината та за друго ако остане арно ако нееее и немора ! :toe:
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Од 120 пратеници да се намали на 90 ,гласам за :).
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Да се смени системот во Директна Демократија.За секоја политичка одлука да одлучуваат самите граѓани преку референдум.Така да кога ќе се донесе некој тапа закон ко за пушењето,за градење цркви,џамии...граѓаните да излезат и да гласаат дали тој закон треба да се воведе,а не луѓето да се делат и тепаат помеѓу себе.
А демек нема да се делат и тепаат ако е непосредна демократија а?

Знаеш ли шо кажа со ова? Дека за секоја ситница, треба да решава народот на референдум. Знаеш ли колку е тоа долг и гломазен процес? Општеството буквално ке се блокира. Законите и измените на законите и одлуките ке се носат многу споро. Ке го снема собранието како орган и со тоа владата и претседателот ке бидат слободни од брзи забрани за нивните дејствија, зашто народот дур изгласа - отиде државата. Ке нема арбитража никаква. Самите одлуки од мнозинството од народ ке бидат без никакво професионално знаење, зашто тоа мнозинство не е образовано за такви одлуки. Самиот процес за гласање за закони од народот, ке донесе презаситување и често немање на процентуална застапеност на граѓаните во тие референдуми и со тоа постепено откажување од народот во непосредно владеење и натрупување на предлозите на владата и со тоа кочење на извршната власт. Да бевме население од 10 000 луѓе во државава, да немавме толку сложено општество и да носевме туники и да бев антички - ок. Али не сме.
 
И сега има закони кои ги влечкаат,ќе ги воведат па ќе ги тргнат итн.Закони нема потреба секој ден да се воведуваат и нема владата да прави како ќе и текне без согласност од народот.Дали сите се за Скопје 2014?Дали сите сакаат црква или џамија на плоштад?Дали народот сакаше да се продаде ЕСМ?Во Струга никој не го слушаше народот,Бучко доби молотови...но што дека...За вакви работи треба народот да одлучи.Собранието нека го снема ионака не го бива.За законите и одлуките што се однесуваат за целата територија нека одлучуваат т.е. гласаат градоначалниците и советниците од градовите,а кога треба некоја одлука да се донесе посебно во некој град нека си гласаат жителите на тој град.Сиромаштијата е на незавидно ниво,а накитеноста на Скопје со споменици веќе е на завидно.Каква е таа демократија кога народот нема никаков збор,а тие пратеници што ги изгласал народот повеќето имаат функција платоземачи и кафепијачи у собрание.Директна демократија има во некои кантони во Швајцарија и не претставува проблем за општеството.
 
Ти збориш за промена на цел политички систем. Не збори за примери од минатото, зашто не знаеш колку ќе е добро и со твојот пример. Гледај ги само моите забелешки а има сигурно и стотина други причини зашто не треба непосредна демократија кај нас.

Швајцари е сосема друг политички систем. Има различни органи на власт и степените не се за општество како нашето. Национален Совет, Национално Собрание и Влада не е просто возможно кај нас да се донесе, поради различната структура на општеството и историјата. Да беше така лесно - сите општества ке беа како Швајцарија. Чоколади, саати и банки не е еднакво на бостан, опинци и кладилници. Се е различно.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
1. Верските лидери предложија промена на член 40, каде би требало бракот да се дефинира како заедница на маж и жена.
Верските лидери нема што да се мешаат.

Сум ЗА хомосексуалните парови да можат да стапат во официјална заедница, а дали да се вика брак... Гледам на некои хетеросексуални им пречи, а дали хомосексуалците инсистираат да се вика брак нз. Треба дебата, а не буткање под тепих и табуизирање.

5. Нова демократија... пардон. Демокрација е Ре бара Бадентер при избор на судии и при гласање за Буџет (федерализација на економијата).

6. ДУИ ја поддржува Демокрација е Ре во барањата.
Против! Треба интеграција, а не федерализација и поделба.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
4. Се јавија и од СДСМ, каде сакаат со амандмани да се оневозможи учество на министерот за правда во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители.
Без разлика кој го предложува, се согласувам со било кои измени кои ќе овозможат што помало (до никакво) влијание на извршната врз судската власт
 
L

Liberation

Гостин
Ај и јас да пуштам паричка во џубоксот.

1. Бришење на преамбулата. Македонската историја не започнува од Крушевската Република и АСНОМ, па само тоа да стои. И набројувањата на народи, нации и националности е спротивно на граѓанскиот концепт за држава. Самата преамбула ги двои граѓаните на вакви и онакви, со што од старт се руши унитарноста. МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ТАПИЈА ДЕКА СЕ ДРЖАВЈАНИ.

2. Член 32: Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Да се укине амандманот произлезен од Охридски договор, кој фаворизира одредени етнички заедници при вработување, само оти се некаква етничка заедница. Ако државата е на граѓаните, тогаш секој граѓанин го заслужува работното место според знаењата, образованието и квалификациите, а не според таква припадност. Ја не можам да сфатам, како еден дел од граѓаните не се срамат што спрема нив се однесуваат како спрема лица со посебни потреби.

3. Во член 34 процентуално да се определи износот на социјална помош во сооднос со БДП.

4. Во член 36 да се стават и сите кои се бореле за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, а не само АСНОМците (кои и така веќе ги нема) и жртвите на социјализмот, .
___________________________________________________
Апсурди:
Член 8 гарантира слободно изразување на националната припадност. Аргумент повеќе Уставот да биде без преамбула.
Член 13: Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. (Снимањето на осомничените со лисици на раце и нивното третирање како најголеми криминалци, е еклатантно кршење на Уставот!)
Член 16 гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Сегашната Влада да научи што значи овој член. Не, ова не значи организирање групи од ултранационалисти со IQ под 70, да тепаат средношколци кои протетираат мирно.
Член 16: ЦЕНЗУРАТА Е ЗАБРАНЕТА. Ако форумов е “од забавен карактер“, да ги нема ни подфорумите Религија (шири религиска нетрпеливост), Хуманитарни акции и помош, Економија и бизнис, Право, Образование и Историја (шири национална нетрпеливост). Ако не, Политика да се врати, пошто го кршите Уставот.
Владата да размисли што значи секуларноста што ја прдвидува член 19.
Член 21: Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Некој од законите предвидуваше пријвување на секој протест или собир на граѓани во МВР.
Член 39:Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите. Како ова право го остваруваат невработените кои земаат социјална помош од неколку илјади?

To be continued.

--- надополнето ---

5. Во член 61 бројот на паразити кои ништо не прават за народот да се намали за 1/3 (80). Што е бре ова, свако село -народни посланик!

6. Во чл. 61 да се стави дека човек што бил правосилно осуден на казна затвор, да неможе да биде пратеник. И пратениците да бидат подложени на ригорозни психолошки, психијатриски испитувања и тестови за интелигенција пред да почне да им тече мандатот.

7. Да се поништи член 73 (Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници).

8. Во држава која се декларира како граѓанска, впишување на Совет за меѓунационални односи и неговите функции во Устав, е кршење на граѓанскиот карактер. Бришење на член 78.

9. Во член 79 да се вметне одредба дека претседателот не смее да биде член на партија. Пошто и така ингеренциите му се сведени на оние што ги има англиската кралица, тогаш барем да ги претставува граѓаните, а не да биде извор на партиски препукувања. Ако не, да му се дадат поголеми ингеренции од сегашните (ама ова по истекот на мандатот на Хорхе, пор фавор).

10. Во член 90 строго да се дефинира дека партијата која има мнозинство во Собрание, да не е должна да коалицира со албанска партија која освоила мнозинство од албанските партии. Сценариото од 2008 е вовед во федерализација на Македонија.

____________________________________________________
Апсурди:

Член 57 Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален развој... Нека и пренесе некој на Владата дека рамномерен регионален просторен развој не значи воскреснување на згради и трупање споменици на двете педи земја од Кале, преку св. Богородица до Ристиќева палата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom