Проект 45

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Иако ова не е новина деновиве, односно за веста се знае пред некој месец, видов дека нема отворено тема.
Ме интересира дали знаете лица кои ќе се запишуваат, кога излегуваат конкурсите, што мислите за ова во глобала?


Министерството за образование и наука во рамките на „Проект 45“ овозможува Високо образование за постари лица, поточно за жени постари од 35 години и за мажи постари од 45 години.


„Целта на проектот е овозможување на услови за стекнување на Високо образование за постарите граѓани кои не успеале истото да го направат во изминатиот период“, рече Тодоров на денешната прес-конференција и додаде дека цената за овие студии ќе изнесува 200 евра годишно односно по 100 евра за семестар.


Конкурсот за запишување веќе е објавен денеска, а уписите ќе се вршат на 7 и 8 септември независно од редовните уписи за другите студенти.


За оваа категорија на студенти во Универзитетите слободни се 1570 места, од кои 795 при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, 130 места на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, на Државниот Универзитет во Тетово 525 слободни места, како и 120 места се предвидени за возрасната популација на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.


„Имајќи предвид дека станува збор за популација за која е во работен однос, настават ќе биде реализирана во попладневните часови или за време на викендите во согласност со веќе акредитираните студиски програми и според претстојниот ЕКТС систем“, рече министерот Тодоров.
 
T

Tetro

Гостин
„Имајќи предвид дека станува збор за популација за која е во работен однос, настават ќе биде реализирана во попладневните часови или за време на викендите во согласност со веќе акредитираните студиски програми и според претстојниот ЕКТС систем“, рече министерот Тодоров.
Имајќи предвид дека станува збор за популација која е во работен однос, наставата треба да биде елиминирана и да се смета дека тие се вонредни студенти кои придонесуваат да се наполни државната каса.

Значи: од народот за власта.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
1.404
Поени од реакции
1.388
zimi staov
pa nikoj ne gi tera zorle be
samo im e pruzena sansa AKO SAKAAT
 
На врв Bottom