Имав премногу срања од тоа Турските мастики, ама не можам да ги најдам
Се мислам дека ги испратив за да добијам фудбал од 150 денари
Се продаваа едни шкарт мастики од 2 денари и со секоја од нив ни даваа едни пошкарт сликички, ама тоа веројатно само кај мене во маало го имало
Се паѓаа екипите на Бешикташ, Генчелбирлиги, Галата, Фенер, Анкараспор, Бурсаспор и Малатијапор
И јас го имам истиот шпил карти како тебе, со Едмундо, Батистута и Франк Де Бур
Бергер беше последниот што ми фалеше да го комплетирам шпилот
И јас од другиот шпил ги немам сите карти
Не знам само која беше поврзаноста со картите од НБА, ама мислам дека се паѓаа во исти срања. Со нив играв на тапка за да ќарам сликички за фудбал
Во наредниов спојлер ќе ги ставам дупликатите од СП 1998
Педериште од каде ти се тие Депор сликичките?
Немам таков албум, од Депортиво го имам само ова
Ајде сега малце ја да те предизвикам откако успеам да најдам уште некои работи
Џебни албум дигимон, тасо жетони дигимон (два вида), тасо жетони покемон и некои срање сликички од покемон
Вечната борба беше кој ќе биде Тајчи, а кој Јамато
Кога дебатиравме кој бил појак, машките го браневме Јамато, женските го бранеа Тајчи
Легендарниот чибичан, што ми го донесе братучед ми од Германија
Не можев да го носам на часови во основно и му го давав на татко ми
Татко ми тоа време ги водеше најголемите синдикални штрајкови во Македонија и преговараше со сите можни министри. Други времиња беа тоа, на независни синдикати, не како сега. И така отиден во влада на разговори со тогашниот премиер, го прекинал состанокот затоа што на пилето од чибичанов му се одело во веце
Сегашноно гомце POU е модерна верзија на тогашниов чибичан
За крај, во кесата со тасо жетоните, го најдов и следново нешто
Кога ќе најдевме некој упаљач во основно, прво го пукаш сред час за да ги исплашиш сите. После го вадиш ова делче кое го имаше само на одреден вид на упљачи, мислам дека на оние кои беа на стискање, а не на легендарнине што се вртеа на тоа железото, па ќе ти рѓоса прстот додека да запалиш
Одиш по луѓе и ги пецкаш
Исто, се фаќавме цело одделение за рака, така што бевме допрени само со показалецот. Еден се држи за кваката од вратата, а со другата рака ја пецнува кваката. Од металот демек струјно коло ќе се направи и сите се возбудувавме како сме осетиле пецкање, а уствари врска немаше