Проблеми со сервисирање на лаптоп

Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Здраво. Прво извинете ако темава е во погрешен форум, модераторите слободно нека ја префрлат или нека се избрише јас ќе постирам каде што треба.

Значи вака, имам голем проблем со мојот лаптоп. Купен е минатиот ноември и до сега 4 пати е однесен на сервис (моментално уште е). Пред се, да кажам дека си ја чувам машината и внимавам како ја користам (имам кулер и се). Првите проблеми се појавија по 5-6 месеци користење.
Го однесов на сервис, HDD беше расипан и по 2 недели го вратија и работеше сосема ок.
После почнаа проблемите со прегревањето, прегреваше до степен да се самоисклучи.
Повторно го однесов на сервис и ми го вратија назад по неколку недели со објаснување дека проблемот бил до прашината. Работеше нормално 1 месец и пак почна прегревања додека играв најчесто. Меѓутоа 1 на една недела се случуваше. Мислев дека е преоптоварување па затоа бришев се захтевно. Но, прегревањето продолжи до степен на отворен браусер со 4 таба да прегрее и да се изгаси. Од отворот од страна дува жежок воздух и се чувствува дека некој кулер не е како што треба.
Пак го носам на сервис, го држеа 4 недели и го вратија со објаснување сменет е кулерот на CPU. Работеше совршено (и игри и филмови во HD) 2 месеци и се појави пак првото прегревање (при гледање филм беше). И продолжив да работам се додека повторно прегревањето и исклучувањето не се случуваше на најобична работа со лаптопот. По 4 пат го носам на сервис и веќе 34-35 дена не го враќаат.

Станува фрустрирачки веќе. Почнав да чепкам на нет наоколу за закон и и слично и во законот за потрошувачи начекав дека доколку во рокот на гаранцијата (мојата е 5 години) се сервисира нешто повеќе од 3 пати имам право да го заменам уредот. На форумов тука и на друг начекав за некој член во закон дека не смее сервисер подолго од 30 дена да го држи уредот, а доколку се случи тоа смеам да барам нов.

Сакав да ве прашам вас за помош и совет. Пишувам за проблемите генерализирано, доколку требаат повеќе детали слободно можам да изнесам. Гаранцијата е моментално кај сервисерот заедно со кутијата и полначот и се нели, а јас имам потврда од фирмата дека е доставен лаптоп за сервисирање со опис на проблемот.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Све ни кажа уште да знаевме со марка е "зверов"
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Обрати се најдобро до Дирекција за потрошувачи, мислам така се викаше. Што лаптоп е и од која фирма го купи?
 
Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Dell, а фирмата кој друг ако не AMЦ
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Не треба многу игри да се играат на лап топ :/ симни си Speed Fan тоа ти кажува колку степени е ХДД и процесорот.Мислам на 70-75 степени сам се гаси.Ако успееш да го замениш најубаво ке биди.Среќно и пиши што си направил
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Здраво. Прво извинете ако темава е во погрешен форум, модераторите слободно нека ја префрлат или нека се избрише јас ќе постирам каде што треба.

Значи вака, имам голем проблем со мојот лаптоп. Купен е минатиот ноември и до сега 4 пати е однесен на сервис (моментално уште е). Пред се, да кажам дека си ја чувам машината и внимавам како ја користам (имам кулер и се). Првите проблеми се појавија по 5-6 месеци користење.
-Ако сакаш да ти стане појасно зошто твојот,а и многу други лаптопи и електрoника се расипуваат предвреме,се што ти треба е да го изгледаш одличниот документарец-The Light bulb conspiracy(2010).Инаку,во овој документарец се раскажува за договорот кој го имаат направено скоро сите производители на било каква понова технологија(вклучително и автомобилите и др.) за нивните производи да се расипуваат ПРЕДВРЕМЕ како би тие имале што поголема продажба! Но,истиве хоштаплери забораваат дека на тој начин се трупа се поголем електронски отпад кој ја загадува нашата прекрасна планета!
Еве ти и торент-линк >>> http://torrents.to/search/isohunt/the light bulb conspiracy ;)
 
Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Си го прочитал ли ова од страната на АМЦ?

Права на потрошувачот кои произлегуваат од задолжителната гаранција
Во случај на неисправност трговецот или сервисерот се должни да го отстранат дефектот во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за сервис од страна на потрошувачот.
Во случај на неисправност производот може да се сервисира најмногу до три пати во рамките на гарантниот рок и доколку не се поправи, потрошувачот по свој избор има право да бара замена на ист таков нов и исправен производ или нов и исправен производ еквивалентен според карактеристиките на стариот производ или да му се врати платениот износ, освен во случаите, кога исполнувањето на избраната услуга од потрошувачот е невозможно, или кога со тоа би настанале несразмерно поголеми расходи на трговецот, во споредба со друга услуга.
При тоа се земаат во предвид состојбата на производот, степенот на непочитување на договорот и настанатите проблеми на трговецот или соодветно на сервисерот, при исполнувањето на гаранциското задолжување.

Трговецот или сервисерот се должни да ја извршат замената или поправката на начин што истото ќе биде во согласност со карактеристиките и својствата на производот, во рамките на гарантниот рок и без истите да причинуваат значителни проблеми на потрошувачот.

Утре право во АМЦ ако имаш гаранција земи си парите и купи си од друго место. ;)
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Јас мислам дека ни пари ке му вратат ниту пак ке му го заменат со нов :) ке му го напрат таму привремено и ајт со здравје :mad:
 
Извини може да ми кажеш каде го најде ова, ја пребарав страната и не најдов ништо вакво. Дали Саша Матич синдром ме фатил не знам :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас мислам дека ни пари ке му вратат ниту пак ке му го заменат со нов :) ке му го напрат таму привремено и ајт со здравје :mad:
Нека проба според тоа што е напишано во гаранцијата треба да му биде заменет или да му ги вратат парите.
Ама да бев јас до сега големи сценарија ќе им направев во продавницата.
А можно е и да ги тужев затоа што не го почитуваат договорот и или сам да си земев лаптоп па да видат дали со следен купувач ќе се зафркаваат вака. :D
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 23:30 ---
Извини може да ми кажеш каде го најде ова, ја пребарав страната и не најдов ништо вакво. Дали Саша Матич синдром ме фатил не знам :)
http://amc.com.mk/Content.aspx?i=69&l=MK
 
Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
Нека проба според тоа што е напишано во гаранцијата треба да му биде заменет или да му ги вратат парите.
Ама да бев јас до сега големи сценарија ќе им направев во продавницата.
А можно е и да ги тужев затоа што не го почитуваат договорот и или сам да си земев лаптоп па да видат дали со следен купувач ќе се зафркаваат вака. :D
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 23:30 ---

http://amc.com.mk/Content.aspx?i=69&l=MK

Фала многу!

Утре прво ќе завртам телефони во Организација на потрошувачи и Државен пазарен инспекторат да видам што ќе кажат они.
 
Neno-WH

Anyone interested?
Член од
21 септември 2008
Мислења
281
Поени од реакции
17
To whom it may concern.

Се јавив во здружението и таму ме испратија во државен пазарен инспекторат. Разговарав со инспектор таму и ми кажа со фотокопија од сите документи да дојдам да пријавам и иснпекција ќе биде пратена, а тие треба после 3то сервисирање да ми дадат нов уред или парите да се вратат.

Се јавив и во сервисот. Лаптопот бил готов и проблемот било во >>>>>DVD ROM<<<<<. (изгледа сега кога ти дува врел воздух од отворорот и прегрева, дечки да знаете до DVD ROMот ви е проблемот!!) И исто направиле техничко чистење, за кое тетката многу добро ми потенцира дека НЕ ВЛЕГУВА ВО ГАРАНЦИЈА ама бидејќи веќе 3 пати сум го носел од добра волја го направиле тоа.

Утре си го подигам лаптопот, во понеделник со документите одам во инспекторат.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Што се случи со лаптопот? Патем и мој пријател имаше проблеми со АМЦ, баш со Dell лаптоп :) Нешто поврзано со Хард Дискот, али ужасна подршка имаат АМЦ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom