Проблеми со маусот

Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Од пред некое време, тоа кругчето на маусот нешто не ми штима. Скрола ама ко ќе кликнам на него не функционира. Пример ко ќе гуглам нешто, ко ќе кликнам на линкот не ми отвара како new tab. Се средува тоа?
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
се средува со купување нов маус. :D
а може и софтверски да е, ама не верувам. пробај друг браузер види дали ќе работи средното дугме.
може и да го отвориш маусот да видиш нешто механички да не е проблемот, можеби лесно се средува.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Никаде не работи. Ни на друг браузер. Можи механички е.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.850
Никаде не работи. Ни на друг браузер. Можи механички е.
фрли го у ѓубре и купи нов, 100 денари е... ај мојот лоџитек мх-518 кој го платив 1800 денари му се прецвика кабелот па да го правам треба, но за ова да се замараш?
 
R

red.devil

Гостин
фрли го у ѓубре и купи нов, 100 денари е... ај мојот лоџитек мх-518 кој го платив 1800 денари му се прецвика кабелот па да го правам треба, но за ова да се замараш?
А од кај знаеш дека неговиот е од ~100 денари? Битно се испофали со мх-от. чД
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.850
А од кај знаеш дека неговиот е од ~100 денари? Битно се испофали со мх-от. чД
моја грешка помислев од оние старине мауси со топче:D иначе не се фалам, 7 години го користам и ми се заеба а не сакам да го менам, за модерни стандарди не е нешто сеа толку јако како порано што беше.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
кај има маус со топче, у музеј? :D одамна оптички се маусите, тие со топче се праисторија.
и ИТ индустријата е многу смешна, цд-ром постои толку многу години, на нив им требаа повеќе од 20 години да им текне ласер да користат во маусите.

ballmouse.jpg
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
Абе за купвање ќе купам ама реков да не е нешто софтверски па лесно да го средам. И онака не ми е битно тоа толку. :D
 
R

red.devil

Гостин
Со оглед на тоа што клиникиве ни се како музеј, може да се заклучи дека такви мауси има таму. Налетав на таков пред некое време, ми падна косата од нервоза во тие доооолги пет минути што го користев.
Абе за купвање ќе купам ама реков да не е нешто софтверски па лесно да го средам. И онака не ми е битно тоа толку. :D
Ако имаш време и сакаш да му дајш шанса, најди го најновиот драјвер и апдејтирај го. Ако тоа не успее отвори го и зачисти го од прашина често знае и тоа да биде проблем. Ако и тоа не оди... трк у продавница... :toe:
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Абе за купвање ќе купам ама реков да не е нешто софтверски па лесно да го средам. И онака не ми е битно тоа толку. :D
а што маус имаш? некој од 200-300ден со кабел или некој скап >1000ден
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Ne mora da go frlas u gjubre, ali denitivno treba da go pustes u penzija i zamena da mu najdes ;)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.092
Поени од реакции
316
а што маус имаш? некој од 200-300ден со кабел или некој скап >1000ден
Genius e, од пред сто години (ама ласер е фала богу хаха). Нека тера дури тера и онака десктоп компјутерот го користам ептен ретко.

Туку ми се појави друг проблем. Вчера баш ми се исклучи сам и го уклучвам и на почетокот кај шо пишва некој информации, пишваше температура за CPU 91 степен. Другарчето еднаш го среди тоа ама еве сега пак јави.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.850
Genius e, од пред сто години (ама ласер е фала богу хаха). Нека тера дури тера и онака десктоп компјутерот го користам ептен ретко.

Туку ми се појави друг проблем. Вчера баш ми се исклучи сам и го уклучвам и на почетокот кај шо пишва некој информации, пишваше температура за CPU 91 степен. Другарчето еднаш го среди тоа ама еве сега пак јави.
земи зачисти прашината, отвори го нека стои така нека работи, немој под маса да го чуваш и нема да грее
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Genius e, од пред сто години (ама ласер е фала богу хаха). Нека тера дури тера и онака десктоп компјутерот го користам ептен ретко.

Туку ми се појави друг проблем. Вчера баш ми се исклучи сам и го уклучвам и на почетокот кај шо пишва некој информации, пишваше температура за CPU 91 степен. Другарчето еднаш го среди тоа ама еве сега пак јави.
нова термална паста, чистење на ладилници и вентилатори, чистење во куќиштето.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.393
Поени од реакции
21.946
Пред четри месеци зедов маус со УСБ,после 2-3 недели почна проблеми да ми прави еднаш да кликнам четри пати ми кликаше,сега си зедов Genius маус и тастатура безжични и супер си се погодија..Поентата ми е ако зимаш нешто ефтино 70% се шансите да ти се расипе после неколку недели користење,затоа ако зимаш зимај нешто скапо за да не плаќаш двапати како мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom