Ново од Русија
Рускиот регионален патнички авион "сухој суперџет-100" вчера успешно го изврши својот прв пробен лет, јави Итар-тасс. Првиот лет е извршен на аеродромот на компанијата за изработка на авиони "Сухој", во Космомолск на Амур, на истокот на Русија и траеше повеќе од еден час, пренесе МИА. За добивање дозвола за производство на тој "супер авион" ќе бидат извршени вкупно 600 пробни летови. "Сухој" во 2008 година ќе произведе четири "суперџет-100" кои ќе бидат испорачани на компанијата "Аерофлот".