Алтернативна Медицина
Што се подразбира под терминот алтернативна медицина?
Не постои стриктна дефиницја за алтернативната медицина. Генерално, тука спаѓа било која практика на лекување која не се вклопува во званичната медицина - т.е. било која практика која не е широко прифатена во медицинските школи и од страна на докторите во болниците.
Границите на алтернативната медицина постојано се менуваат и некои типови на алтернативно лекување стануваат поприфатливи за докторите .
Типови на алтернативно лекување
Според Националниот центар за комплементарна и алтерантивна медицина и националниот центар за здравје на САД, се разликуваат седум главни подрачја на алтерантивна медицината (некои од нив се научно тестирани, но други не):
1.Акупунктура - тоа е пракса која се базира врз стимулирање на одредени точки на телото (обично со игла, но може и со притисок – акопресура ), со што се потпомага лекувањето.
2.Традиционална орјентална медицина - која се фокусира да ги утврди пореметувањата на енергијата во организмот.
3.Хомеопатија - здравствените проблеми се третираат со различни многу разблажени субстанци.
4.Народни лекари како што се различни тревари, искусни жени и практичари на народната медицина
5.Хербалните лекови - тоа се различни билки кои се користат во медицината и во нутрицијата. Тие обично ги наоѓаме во продавниците за здрава храна, или може да се добијат од различни травари, често во форма на чаеви, капсули или екстракти. Овие субстанци не се регулирани преку американската Food and Drug Administration (FDA). Сепак една третина од адултните американци регуларно земаат некој вид на билки, најчесто во форма на чаеви за од камилица за смирување на нервите или echinacea против настинка.
6.Мануелното лекување - медицинските проблеми се третираат со манипулација и со зајакнување на поедини делови на телото. Најпознат метод од овој вид е хиропракса (хиропрактичното лекување се фокусира на нервниот систем и на модификација на на кичмениот столб –т.е. на пршлените кои го препокриваат кичмениот мозок).
7.Масажа - форма на мануелно лекување-остеопатија, во кое кое се користи манипулација и лекување со допир, каде практичарот ги става рацете на или во близина на телото, за да ја усмери енергијата.
8.Измена на исхраната и/или животниот стил , исто така преставува подрачје на алтернативната медицина. Многу луѓе земаат суплементи сметајќи дека вообичаената исхрана не содржи доволно витамини или минерали. Многу луѓе кои боледуваат од некои хронични болести како што се срцеви болести или дијабетес ја прилагодуваат својата исхрана или навиките, за да можат да ја одржуваат болеста под контрола. Со ова не само што се лекуваат одредени заболувања, туку истовремено се врши превенција на други. Ова подрачје на алтернативнат амедицина е широко прифатено и интегрирано во традиционалната медицина.
9.Контрола на умот се фокусира врз улогата на мозокот (умот) во различни состојби, кои го засегаат организмот. Хипнозата е форма на свесен сон или транс, може да помогне кај некои луѓе да се справат со зависности, болка, или анксиозност, додека некои други третмани, како психотерапија, медитација и јога се корисни за релаксација. Многу луѓе се свртуваат кон одредени групи на подршка и кон молитва за да се справат со болестите и да се чувствуаат поповрзани со другите.
10.Лекови и вакцини кои не се прифатени од званичната медицина, исто така се сметаат за алтернативни. Евентуално по екстензивно тестирање од страна на званични институции, некои од овие медикаменти или вакцини можеби ќе станат дел од прифатените третмани.
11.Биоелектромагнетика се базира врз идејата, дека електричните струи во сите живи организми произведуваат магнетни полиња, кои се шират надвор од организмот.
Во што алтернативната медицина се разликува од традиционалната медицина?
Алтернативната терапија се одликува со својот холистички пристап, што значи дека докторот или практичарот ја третира личноста во целост, а не само одредената болест. Во алтерантивната медицина се обрнува внимание на емоционалните и спиритуални потреби на пациентите. Овој пристап се разликува од оној на традиционалната медицина, која главно се фокусира на физичката страна на болеста.
Под алтернативна медицина припаѓа и Хомеопатијатата, која во последно време е прилично проширена иако и се препишуваат дејства и особини кои навистина не секогаш ги поседува. Кратко инфо околу хомеопатијата:
Основноположник на хомеопатијата е Samuel Hahnemann, лекар, хемичар, преведувач на стручна литерарура и полиглота.
Хомеопатската пракса се темели на точно утврдени принципи:
Законот на сличноста: субстанца која кај здрави луѓе може да предизвика одредени симптоми, може слични симптоми да излечи кај болни.
Тестирање односно докажување на лековите на здрави луѓе: Хомеопатска Материја Медика претставува попис на резултатите на тие испитувања. При избор на лекот, симптомите на пациентот се споредуваат со симптомите на лекот. Хомеопатските испитувања секогаш се вршат на луѓе, не на животни.
Samuel Hahnemann: Еден лек, минимална доза: се бира само еден лек чии симптоми се најслични на оние на пациентот и се аплицира 1 или максимум 2-3 пати.
1.Потенцирање, односно динамизирање: за да се ослободи исцелителната вибрација, изворната субстанција се доведува во течна состојба, се разредува и при секое разредување се протресува со рамномерни удари. За лекот да стане хомеопатски не треба само да произведува симптоми кои може да ги излечи, туку мора да биде динамичен, односно потенциран по пат на растресување.
Силата на лекот се означува како потенција.
Хомеопатите користат потенции со распон од матична тинктура до 1 према 100000. При изборот на потенцијата, најголема улога има состојбата на болниот.
2.Витална сила: во секое суштество постои енергија која е потребна и доволна за потполно оздравување, само треба да се деблокира, за да може да делува одвнатре.
Пореметувањето на здравјето е динамичен процес и претставува пореметување на виталната сила.
Хомеопатската медицина врши корекција на виталната сила и го реставрира здравјето во најголем број на случаите.
3.Тоталност на симптомите и лекување на човекот како целина и индивидуа: психосоматски пристап – се бара лек за пациентот, а не за болеста.
4.Хомеопатски лекови: потекло.
- Животински царство,
- Царство на билките,
- Царство на минерали и метали,
- Продукти на болест (нозоди),
- Здрави ткива и секрети (саркоди).
Најголем дел од лековите се докажани лично од Hanemann неговите колеги Herring, Kent, Alen и други светски познати хомеопати.
Начин на дејство на хомеопатските лекови
Во хомеопатијата болниот се лекува со лек, кој кога би бил даден на здрав човек би предизвикал симптоми слични на оние кои ги има болниот.
Кога Hanemann за прв пат почнал да ги препишува хомеопатските лекови сватил дека непреработениот хомеопатски лек може да предизвика опасно влошување. Истотака знаел дека разредувањето на лекот ќе го ослабне и направи помалку делотворен. Заради тоа му паднало на памет да го протресува во секоја фаза на разредувањето со одреден број на силни удари. Открил дека на тој начин енергијата на лекот и неговата моќ да излекува се зголемуваат, иако во растворот после одреден број разредувања не можат да се докажат материјални честички. Ова е многу важно да се разбере, бидејќи некои хомеопатски лекови во облик на матична тинктура се отровни. Меѓутоа со разредување и протресување истите стануваат нетоксични и немаат несакани дејства, бидејќи се што останало од нив е само еден посебен енергетски образец.
Секоја супстанција зрачи енергија на својствената за себе бранова должина. Со протресувањето на хомеопатскиот лек, брановата должина на одредена супстанца се втиснува во течниот носач. Експериментално е докажано дека со замрзнување на течни хомеопатски лекови се создаваат кристални структури во кои секој лек го задржува својот посебен препознатлив образец, ист како што има своја посебна бранова должина на која зрачи.
Изменетата бранова должина која ја предизвикува лошата здравствена состојба може да се поништи само со лек кој може да произведе слични бранови должини.
Хомеопатија најчесто се користи во третманот на алергии.Во Велика Британија е и официјален начин на кој се третира алергијата. Во алтернативната медицина се препорачува користење на хомеопатија во комбинација на енергетски методи (бионергетски третмани, реики, магнетотерапија, третмани со универзална енергија итн)