Прилеп и Мариово

V

Vlad II Draculea

Гостин
VirtualA напиша:
Ги изгоре џигеро за прилеп па да чита :))
Па нека чита децава, ако не друго..
Е бе „Гим“ веснико шо стана излезе.. или не...
За тие шо не знаат до оломнани единствениот, до лани најдобриот Средношколски, гимназиски, весник....Годинава не сум во редакција па појма неам:icon_lol::icon_lol::baeh:
Така да кој е одприлеп нека кажи шо се случува со веснико
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Ха, ха чет муабети :wink:
Пред шест ипол години имам пројдено во Прилеп, не видов ништо интересно.
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
123 напиша:
Ха, ха чет муабети :wink:
Пред шест ипол години имам пројдено во Прилеп, не видов ништо интересно.
Пој сеа па че видиш.. новио Градоначалник.. можи е самобендисан али прај се` шо се можи и го крева градо на здрави нозе... сеа и нов центар че града словенците поголем од ГТЦ мислам....
негде околу 6000 квадрати се зборува дека че биди.. а сеа колку е вистина појма неам
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
VirtualA напиша:
Абе нема место за толкав
не се филмај
Зад болница то шо е ливајџето огромното.. цела северно од Мирче ацев...улицата... било 60 на 100 метри или така непто./.. така да таму че било сосе паркинг... не кај шо ја пра зградата.. туку од стадионо погоре до болница то шо е дупката


Имаме нов споменик од марко Крале.... еееееееееееееееееееее
КЕФ..... елката е крива, сато малце појче.... али свети важно
и пак се врати во употреба прилепската СААТ КУЛА:.. дури и точно време покажува


I gordosta, на Вмровците во прилеп, i дел од останатите
 

gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
градо врска нема, селско-стопански е...сиромашен
народо, има мајтапчии, пациенти и О.К. момци, прилепчанки добри се (ко че го вата од к*ро врво)
единствени градови во Македонија каде има лудница забава преку ден, онака пијанки, журки, кафичите се полни, па дури и дискотеките работат се Прилеп и Битола
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
трговскиот треба да биде до стадионот, како негов составен дел.. а колку голем, тоа не сме известени :) а дека живнува градот живнува... ама многу бавно :(
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
ХMMMM...Преѕемено од време ..... И ВРСКА НЕМА....
Сега се намали криминлот во Прилеп... И сега најдоја да кажуваат дека не било сигурно... ЕБАГО.. пукнала бомба кај АМПАТА и градо не е сигурен, истио што отепа чоек на сред улица, сега се чуствува повреден.. ЕБАТИ НАРОДО ЕБАТИ... ЕМИЛ , сам си клал бомба дома во 3сато напладне... АБЕ ГЛУП НАРОД::: дотука бидува...
А Емил е единственио шо е бар чесен во Прилепската еба*а полиција

Прилеп живее во сенка на теророт Светлана Ристеска
Сунчица Стојановска

Го нарекуваат град на заскитани куршуми, опасен за живеење, дувло на криминал, рекет и на мафијашки пресметки. Блокирани на влезот и на излезот од незадоволните тутунари, а однатре од невработеноста и од беспарицата, прилепчани живеат исплашени за својата безбедност, разочарани од државата и лути на власта, чии претставници вчера дојдоа да ги убедуваат граѓаните дека шест бомби за една година не се ништо страшно и дека полицијата „ја контролира ситуацијата”.

Додека криминални групи ноќе ги расчистуваат сметките по улиците, граѓаните дење се собираат на плоштадот за да ги споделат маките. Топ-теми се бомбите и ниската откупна цена на тутунот.

- Мавнаа по грозјето, мавнаа по пченицата, по тутунот, а сега го газат и нашето достоинство. Не лажат дека градот бил безбеден, како ние да сме глуви и слепи. Сега треба народот да мавне, да ги бојкотираме изборите, па да се приземји малку оваа власт - вели жител на Прилеп, поранешен работник во монополот.

Има две верзии по настанот од пред четири дена, кога таткото на Емил Ангелески, поранешен припадник на поранешната единица за брзи интервенции „Лавови”, најде неексплодирана кашикара во семејниот двор. Официјално, станува збор за рекет и за криминални пресметки. Неофицијално, во игра се големи пари, шверц со цигари и други матни бизниси, пресметка меѓу структури во полицијата и поранешни припадници на „лавовите”, кои откако се расформира оваа единица беа вработени во полицијата.

- Мафијашка работа. Се тепаат меѓусебе, страдаат недолжни луѓе. Како Дивиот Запад станавме. Што чекаат премиерот и нашиот градоначалник? Не дај Боже да загине некој, па може ќе им текне да ги казнат виновниците - вели Страшо Дамески, жител на Прилеп.

Досега не е откриен ниту еден од подметнувачите на бомбите. Во меѓувреме, ноќе има засилени полициски патроли. Легитимираат граѓани, претресуваат таксисти, преземаат „други мерки и активности”.

Полицајци станаа околу 80 поранешни „лава” од Прилеп. Звонко Илиоски, поранешен припадник на оваа единица и сопственик на ноќниот клуб „Студио 54”, вели дека некој намерно ги оцрнува припадниците на расформираната единица.

- Кој смее да вози автомобил без регистарски таблички и да носи бомба во багажникот? Тоа може само полицијата. Ова што се случува е лов на вештерки, некој сака да демонстрира сила, да го сврти вниманието од Тутунскиот комбинат, да го исплаши народот да не си ги гледа маките - вели Илиоски.

Емил Ангелски, последниот „нападнат”, се сомнева дека бомбата во неговиот двор била поставена намерно.

- Осигурувачот беше изваден. Бомбата стоеше право, како некој така да ја оставил. Нема шанси во таква позиција да застане бомба ако е фрлена од подалеку, оти ќе се стркалала. Слушам коментари дека јас намерно сум оставил бомба во дворот. Па јас будала ли сум, беше три часот попладне, децата играа пред куќи, татко ми беше таму - вели Ангелески.

Илиоски вели дека хајката против „лавовите” отишла дотаму што 24 од нив намерно се прераспределени на работа во Зајас, Гостивар, Кичево, места со мнозинско албанско население. Од МВР негираат. Од таму велат дека само 13 овластени службени лица се разместени во други полициски станици, од кои двајца во Гостивар, еден во Кичево и еден во Дебар.

- Таму немаше борбени дејства. Разместени се бидејќи не покажале добри резултати или подолго време се на боледување. Половина од околу 500 поранешни лава работат добро - рече Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи.
Локалните разграноци на партиите имаат различни ставови за безбедноста во Прилеп. Во СДСМ и во ЛДП велат дека тоа е завршена работа и одбиваат да коментираат. Во ВМРО-НП не се согласуваат дека на безбедносната состојба и поминал „рокот на траење”.

- Нарушувањето на безбедноста е поврзано со откупот на тутунот. Пред да почне откупот се направи терен да се фокусира јавноста на бомбите, а да се оттргне од состојбите во Тутунскиот комбинат. Има сознанија дека по поскапувањето на цигарите е направен криминал во комбинатот, од каде што некој се обидел да изнесе 40 тони цигари - изјави Гоце Мавчев, координатор на ВМРО-народна партија.

Граѓаните помалку ги интересираат наводните матни бизниси на локалните моќници, а повеќе ги загрижува што полицијата не открива кои се бомбашите. Советот на општината неодамна одржа вонредна седница, од која советниците побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски и на Цане Чапрагоски, началник на Бирото за јавна безбедност. Советниците побараа прилепските пратеници со амандмани да интервенираат во предлог-законот за полиција, за да остане Секторот за внатрешни работи во Прилеп, наспроти реформите со кои се предвидува полициска станица.



Според МВР Прилеп е безбеден град

Безбедносната состојба е добра, изјави Горан Павловски, шеф на кабинетот во МВР, на вчерашниот брифинг со новинарите во Прилеп.

- Нема нерасветлени убиства. Од десет разбојништва, девет се откриени. Нема масовни нарушувања на јавниот ред и мир - изјави Павловски.
Освен засилени контроли во сообраќајот, работна група за расветлување на случаите во Прилеп, заедно со прилепската полиција, презела засилени мерки за да ги заштити граѓаните.

- Се контролираат лицата за кои има потерници, се преземаат мерки во делот на шверцот со акцизни стоки, со недозволена трговија со дрога, со нарушување на јавниот ред и мир - рече Павловски.




СМЕНИ ВО ВРВОТ НА СВР - ПРИЛЕП

Славчо Шиклески нов началник

Славчо Шиклески, досегашен заменик-началник, од денеска е началник на СВР Прилеп, на местото на досегашниот Миле Ацески, кој даде оставка поради семеен бизнис во печатарската дејност.



МВР ГО БРАНИ НОВИОТ ЗАМЕНИК

Емил Јанески има 15 награди

Емил Јанески, освен еден инцидент, односно несреќен случај, има 15 награди и покажа одлични резултати во работењето. За инцидентот што го предизвикал во ноќниот клуб „Студио 54” беше соодветно казнет, односно сменет од работното место, рече Павловски на обвинувањата на поранешни „лавови” дека Јаневски ги тероризира.

Јаневски беше началник на крим-полицијата во СВР Прилеп, а сега е член на работната група што работи на случаите поврзани со бомбите.




Политика нема, во игра се рекет и криминал

Пресметка меѓу криминални групи и изнуда на рекет се мотивите за бомбите фрлени во Прилеп. Политиката не е мотив, велат од МВР.

Во минатата година во Прилеп се случија три експлозии. На 28 февруари беше фрлена бомба пред куќата на Јанески, тогашен началник на локалната крим-полиција. На 1 ноември 2005 експлодира бомба пред куќата на Диме Момироски, поранешен директор на Тутунскиот комбинат. Ден подоцна беше фрлена бомба пред куќата на градоначалникот Марјан Ристески.

Во јануари имаше три бомби. На 8 јануари шок-бомба беше фрлена пред ноќниот клуб „Ди енд”. Три дена подоцна две кашикари експлодираа пред и врз семејната куќа на Зоран Илиоски-Лоло, сопственик на неколку угостителски објекти. Пред четири дена беше најдена активирана, но неексплодирана кашикара во дворот на Емил Ангелески, поранешен припадник на „лавовите” и еден од сопствениците на ноќниот клуб „Студио 54”.




Анкета


Ѓоре Пашоски, пензионер:
- Порано немаше толку пукање. Ова што се случува со бомбите е многу непријатно. И за нас старите и за младите. Не знам кој и зошто ги вознемирува граѓаните, но некој мора нешто да преземе. Па, не сме во војна за толку да се пука.





Драгица Тодороска, пензионерка:
- Младите ги пуштаме да излегуваат, ние дома гајлето им го береме. Власта е виновна што ништо не презема. Жените од невладините организации да ги пуштеа, ќе ги најдеа бомбашите. Не се чувствувам безбедно. Во мојата зграда има 24 стана. Пред еден да експлодира бомба, сите можеме да настрадаме.



Борис Трајкоски, невработен:
- Се чувствувам безбедно. Не знам кој ги фрла бомбите, но се знае кому му ги фрлаат. Не било другпат вака, но ова се меѓусебни пресметки од кои ние не сме засегнати. Нека си ги вадат очите ако мислат дека така треба да се решаваат некои работи. Можеби ќе има уште некоја бомба, па ќе им помине меракот.


Кристофер Манолев, студент:
- Не се плашам од бомби, се плашам само од Господ. Ако е пишано да загинам, тоа не може да се спречи. Ние младите редовно излегуваме, повеќе се загрижени постарите. Нека му ја мислат тие што се вклучени во матни работи. Другите нема зошто да се грижат.
 

pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
Za prilep ne znam ..sum bila tamu dva tri pati ama ne se sekavam totalno na nisto ..kako niz magla da sum minela..A za Mariovo znam deka ima najmala gustina na naselenost so 1,2 zotel ne kilometar kvadraten od prosecnata gustina 82 ziteli na kilometar kvadraten::):)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Франкфурт на Мајна,

Прилеп на .....-како беше, не ми текнува сега, брееее?:kez:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Mandrak напиша:
Франкфурт на Мајна,

Прилеп на .....-како беше, не ми текнува сега, брееее?:kez:
Море ни ја подзачистија тро реката можи Мајна вода да ни носи:)
 

pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
Vlad II Draculea напиша:
ја и дадов зелено на пинки не за дргуо... А мор напиша во Прилеп и мариово,.. НЕ занам за зошто се ти е магла, ти си била вкафана излеа па чофте си се напрајла.. пој пак ама не пијај толку мајкуму :)

секој шо че кажи за прилеп че се потрудам да му дам зелено :)
Fala za svetloto..Iskreno da ti kazam i ja ne znam zaso mi e se magla a vo kafana ne sum bila ali moze sledniot pat da ja posetam.:).
planiram da bidam vo prilep slednata nedela..
 
Член од
6 февруари 2006
Мислења
7
Поени од реакции
0
ABC напиша:
Da,da, sum bil ednash vo taa Makedonska kuka i skoro site specijaliteti im se dobro "aranzirani" so SOJA i nekoj drugi aditivi kako E-102,E-104.......
Sepak ambientot e navistina dobar kako nekoja "krcma" vo Mexico.
Inaku koga zborime za Prilep,mozeme da konstatirame slednoto:
-Prilep e "tipicno" gratce koe moze da se sporedi so gratcinjata na Sicilia,oplemeneto so extremna siromashtija na sekoj cekor,likvidacija na firmi od site sektori so nad 55% realna nevrabotenost,grcki investicii koj samo "grabaat" mermerni koncesii za 1000 evra vrabotuvajki pri toa okulu 40 rabotnici(ekonomski bum).Mafijata caruva,vladata go "cedi" i voopshto ne investira vo toj "grad na senishtata",ima samo edna "pristojno" asfaltirana ulica koja e sepak "vidno" oshtetena,ubistva i reketarenja kolku sakash i kade sakash,korumpirani gradonacalnici kako sostaven del,kafici so "preglasna muzika" za da zaboravat mladite na problemite shto gi "tishtat",urbana mafija koja go uzurpira ploshtadot bez "pardon" i najmnogu "internet-cafinja" na edno mesto vo celiot svet,koj zivurkaat od denes za utre oti mozebi zadutre ke treba da go zatvorat biznisot!
-Vedra strana: beshe "skara-fest" koj ima samo edna pivara za "oficijalen" ucesnik pa zatoa e "skara-fest" a ne "pivo-fest",uzurpiran ploshtad od "lokalni moknici" na koj partiskite eliti im se "borclii","dobar" pazar na zemjodelski proizvodi koj momentalno e "uzurpiran" i intezivno se prodava za "dukani" na onie shto prigrabile nekoja paricka vo "tranzicijata".Tutunski kombinat od koj shto porano ziveeshe pola drzava a sega teshko gi prehranuva i sopstvenite vraboteni.
Vo nekolku zbora covek bi se zacudil kako ovoj grad seushte zivee,barem od poslednata moja poseta na istiot,dali mozebi gradot Prilep zivee od "inaet" ili prstite gi vmeshala nekoja "cudesna radioaktivna sila"koja se osloboduva od napushtenite "Uraniumski rudnici" na planinata Selecka koj se samo na okulu 2-3 kilometri vozdushna linija od centarot na poznatiot "grad na tutunot"!
Zimi se ama celosno si vo pravo jas ziveam vo Prilep i znam se ama celosno si vo pravo i za korupcijata i za se ama bukvalno se :)) a za pivo fest najmogu ama ovaa godina imashe i krvoprolevajne :))) ama aj si vikam deka che se sredi za nekade 50-tina godini ..:)))

Acid напиша:
Ќе дојдам, ама ќе дојдам со „засилување“ во секој случај.
Сам не одам во Прилер, поопасно ми е од Тетово и околните села. :wink:
Abe drugarche jas da ti kazam edna rabota kaj nas koga che dojdish ako si se ponashash dobro i fino nikoj ne te chepka ama ako mu se smeshash na nekogo vo lebot nikoj ne te ebaa zatoa mislite deka sme loshi domajkini
 

BAMARGERA

~Blaugrana~
Член од
18 декември 2005
Мислења
875
Поени од реакции
3
Vo Prilep spored mene ima najubavi devojki i zeni :) koj ne veruva neka ide da vidi :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom