Приземјување, заземјување (grounding, earthing).

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.864
Поени од реакции
7.551
Узумљење викаше на времето Д. во каубојското кога учевме :icon_lol:.

Нашава планета земја има одредена електромагнетна фрекфенција и таа се нарекува шуманова фрекфенција по некој си Шуман, тоа не е толку важно како се вика туку важно е дека таа земјина фрекфенција е иста со онаа на нашите мозочни бранови. Дури и во библијата пишува дека ние сме деца на оваа планета и сме дојдени од нејзе и на крајот завршуваме во нејзе. Со одењето боси по земја сме поврзани со таа фрекфенција и набојот од останатите електромагнетни полиња околу нас го испраќаме долу во земја. Добивките на оваа техника од алтернативна медицина се опишани во видеата подолу, дури се мери и волтажа со мерен инструмент на човек кога е приземјен и кога не е, па така неприземјен човек во своето тело има околу 15 волти додека приземјен околу 1 волт. Па и поимот приземен кога се вика за некој човек може и несвесно доаѓа од таму. Има безброј сведоштво за здравствените придобивки кој сака можи да си побара по интернетов.


 
P

parvati

Гостин
Прво видео ми заличи на Нигрутин куде дува од бонг.
Фторо видео трансер куде се фали сс његоф ноф мобилан

Онтопик
Од ск пијанчење ке си га меру у волтажу, што поише пијан тој поише заземуњаст и пријземњен до земњу.
Нова бабина поука
Не иди босо сине, ке си смениш волтажу!!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.864
Поени од реакции
7.551
Август депримирачки месец слабо работа слабо пари...


Паааааааааа бев на тоа бавчата наша вчера и си реков дај бос да ја завршам некои работи во нејзе, нема некоја голема работа рекреативно само малку таму. И резултат од одењето бос неколку саати беше не само што се чувствував многу подобро, туку и вечерта се помирив со човек со кој што мислев дека тешко помирување ќе има, пиевме пиво во мир и спокојство.

Па секоја можна прилика ќе гледам колку може повеќе да одам бос :icon_lol:.
 
B

Bafra

Гостин
Одењето Бос треба да се прави по земја која ја греело сонцето неколку саати за подобар ефект .
Во зима пробај Бос на мек снег да газиш 10-60 секунди па кажи за чуството ;)
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.937
Поени од реакции
12.539
Август депримирачки месец слабо работа слабо пари...

Паааааааааа бев на тоа бавчата наша вчера и си реков дај бос да ја завршам некои работи во нејзе, нема некоја голема работа рекреативно само малку таму. И резултат од одењето бос неколку саати беше не само што се чувствував многу подобро, туку и вечерта се помирив со човек со кој што мислев дека тешко помирување ќе има, пиевме пиво во мир и спокојство.

Па секоја можна прилика ќе гледам колку може повеќе да одам бос :icon_lol:.
Буцио, а си помислил ли дека причината за тоа што си се чувствувал многу подобро е тоа што си бил физички активен во природа, а не тоа што си одел бос?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.864
Поени од реакции
7.551
Буцио, а си помислил ли дека причината за тоа што си се чувствувал многу подобро е тоа што си бил физички активен во природа, а не тоа што си одел бос?

Мацо јас ако не сум физички активен преку ден навечер не можам да заспијам :icon_lol:. Така да секогаш сум активен и тоа не некоја тешка работа што ја работев и редовно го правам тоа еднаш до два пати неделно таму мора да се навади, само прв пат бос беше.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.671
Поени од реакции
6.189
.....ако ги тргнеме на страна сите суеверија, алтернативни медицини, њуејџ објаснувања и слично.....одењето бос има позитивни ефекти кои рационално можат да се објаснат

генерации и генерации луѓе оделе боси.....стапалото има многу нервни завршетоци и еволуцијата го создала како сетилен орган....кај нашите предци кои оделе боси стапалата давале информации за тлото по кое газат, за температурата на тлото, за опасностите кои демнат.....за да може стапалото правилно да се развие детето треба да гази по нерамен и рапав терен (идеално песок) за да се стимулира стапалото, да се искриви и да се добие потребниот лак

носењето обувки и постојаното газење по рамни површини (рамен под во домот, рамни улици) е причина се повеќе да се појавуваат рамни табани и многу деца мораат да носат ортопедски чевли

одењето бос по песок, трева или свежа земја ги масира стапалата, го зголемува крвотокот во нив и опушта, односно влијае позитивно

одењето бос по паркет, асфалт и други рамни површини нема никаков ефект односно не прави разлика дали одите боси или во патики

околу електрицитетот и заземјувањето

во воздухот околу нас постои електрично поле кое изнесува отприлика 100V/m ....јачината варира со промена на годишните времиња, времето од денот и атмосферските празнења

чевлите шти ги носиме се изолатори и бидејќи сме изолирани од земјата нашето тело е изложено на одредено електрично поле, доколку одиме боси по влажна земја или трева тогаш сме на ист електричен потенцијал со земјата

сепак влијанието на ова електрично поле врз човековото тело и здравје е дискутабилно и треба да се спроведат независни истражувања врз голем репрезентативен примерок за да може да се донесат конкретни заклучоци[DOUBLEPOST=1409650751][/DOUBLEPOST]
Одењето Бос треба да се прави по земја која ја греело сонцето неколку саати за подобар ефект .
Во зима пробај Бос на мек снег да газиш 10-60 секунди па кажи за чуството ;)
секогаш кога имам можност газам бос по снег и чистам снег бос....да ладно е но чуството е подобро отколку сварена нога[DOUBLEPOST=1409651129][/DOUBLEPOST]кај нашите предци кои оделе боси прстите се раширени што овозможува поголема стабилност и рамнотежа, кај модерниот човек кој најголемиот дел од животот го поминува во обувки прстите се деформирани и искривени према внатре unshod-footvs-shod-foot.jpg
 
Последно уредено:

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
269
Поени од реакции
110
1. Количеството електрицитет што го има телото не се мери во волти, се мери во кулони.
Доколку имавме потенцијал од 12V релативно кон земјата, отпорот на нашето тело и отпорот на земјата е премногу голем за тој напон да се заземји, но ако се заземји би се намалил напонот до 0V, не до 1V...
2. Ако човек е наелектризиран или не е наелектризиран, тоа нема никаква врска со здравјето, има ефекти кон здравјето доколку низ нас протече струја, не доколку сме наелектризирани, тогаш нема течење на струја...;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom