Страшно како трач политиканството од СДС влијае на АБЦ.
Малце инфо за АБЦов:
Јанкулоска магистрирала на
University of Kent, Canterbury, Велика Британија.
Во јули 2004 година Правниот факултет при Универзитетот во Кент(Kent Law School) и ја додели Наградата за посебни достигнувања во областа на правото.
Веле Самак,Дипломирал на студии по економија на
Универзитетот во Чикаго (
University of Chicago ) во 1996 година.
Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија (
The Wharton School at the University of Pennsylvania ) во 2005 година.
Во новиот владин кабинет доаѓа од Корпорацијата Мајкрософт (
Microsoft ) како
маркетинг менеџер одговорен за Америчкиот пазар за производи за деловна интелигенција (
Business Intelligence ) и SQL Server 2005.
Во својата позиција реализира кампањи што помагаат да придонесат приход од над 1 милијарда американски долари и со кои има освоено 2 награди за успешен маркетинг.
Во 2004 година, заедно со група студенти во школата Вартон, превзема проект од наставата и ја формира фирмата ТераПас (
TerraPass ) која користи пазарни механизми за неутрализирање на CO2 гасовите од автомобилите. Денес ТераПас ( TerraPass ) е најуспешна фирма во својот сектор.
Претходно работел во Ситигруп (
Citigroup ), најголемата финансиска фирма во светот, како
потпретседател во одсекот за кватнитативни истражувања (Global Quantative Research).
Самак е единствен аналитичар кој бил унапреден во потпретседател по 1,5 година.
Глигор Ташковиќ има повеќе од петнаесет години меѓународно деловно искуство во повеќе од десет индустриски гранки во дваесет земји. Дипломирал право,
општетство и информатика на Универзитетот Корнел, САД, во 1987 година, каде во 1991 година и магистрира менаџмент на Факултетот за менаџмент.
Од 1994 година до денес е директор и извршен потпретседател за односи со влади, финансиери, нафтени компании и со медиумите на меѓународната корпорација АМБО за подрачјето во Вашингтон, Брисел, Скопје, Тирана и Софија во врска со развојот и финансирањето на трансбалканскиот нафтовод, вреден од 1,5 милијарди американски долари.
Бил консултант на проекти и на раководни функции за корпоративна стратегија и развој како и за медиумска покриеност во секторот на финансиските услуги, телекомуникации, воздухопловство, осигурување, шпедиција, недвижнини, нафтената индустрија и медицинска опрема. Од странските јазици говори англиски, француски, а има познавања и од латински, јапонски, шпански и бугарски јазик.