Приватни или Државни факултети?

Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
и мене ме интересира ова.
или дојде да ни кажеш колку сме направиле глуп избор што сме запишани на државните факултети? :)
Глуп избор? Не сум јас тој што ќе ти одредува кај да се запишеш на факултет. Инаку на факс сум сега втора год така да не е ни тоа да се пофалам хахаха.
А темата беше отворена бидејќи во повеќе наврати сум праел муабет за условите односот и знаењето што го нудат универзитетите и сакав да видам мислења од повеќе лица, требаше да се најдат предностите недостатоците и разликите меѓу универзитетите и во нив но лошо тргна со препуцавања комплекси и навреди..
Задоволни од одговорот метталхаммер и ели?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Темата веќе и така замина во лечење комплекси на некои морончиња колку можат повеќе да измрчат и да лечат комплекси оти немаат пари за на приватен.
Чудно е како овие приватњаците се сите експерти за психоанализи.
Еве да пробам една и јас, може?

Вие (приватњаците и ванаби, како тебе н.з.) имате потреба да се јачате сами пред себе дека сте направиле добар избор. Дека и кај вас е тешко, дека кај вас е 4 пати подобро и дека на државните све, ама све е срање.
И на крај ќе се удавите во, буквално, срањата што ги постирате.

Прво ти викаш дека АПСОЛУТНО нема никаква теорија да се иде под 50/100 за оценка на испит. Fail.

После колегата маус вика дека за работа не е битно кај си завршил. Да отвореше весник и да прочиташе некој оглас, ќе видеше и делови со "Дипломирани економисти, освен од ФОН". Или дека во банките (лично искуство) не преферираат од приватни. Чкртни тоа "не преферираат", мразат. Fail.

После ти ми викаш дека на приватните професорите држеле норма, биле поштени и најјаки у свет. Ја имав среќата да ми предава Александар Николовски во прва. Предаде - ништо. Доаѓаше - пијан. Колоквиумот - најлесен тест во живот, решен за 5 мин и бодови 20/20. Да, полесен и од оној тест во прво, со цртање букви. Fail.

И нормално, кога цел муабет ви е еден тежок fail (предтоа популарно наречен game over), нормално дека ќе се свртиш кон нешто лично - лечиме комплекси зашто немаме пари. И не е ни чудно, после цело зборење на памет.
Само е иронично, пошто доаѓа од човек која завчера ја отвори темата "Сакам да студирам на приватен, ама немам пари".

Никогаш не бил проблемот некој да студира на приватен. Проблемот е кога пропаднати фаци и типови кои се запишале таму зашто немале просек или не успеале на државните, почнуваат да солат памет на цел свет.

И знаеш што е најинтересното на цел свет?
Што всушност вие верувате во работите кои ги постирате.
Ignorance is a bliss. :)

Се надевам дека се доближив малце до приватњачкото ниво на психо-анализа.
 
T

Tetro

Гостин
Глуп избор? Не сум јас тој што ќе ти одредува кај да се запишеш на факултет. Инаку на факс сум сега втора год така да не е ни тоа да се пофалам хахаха.
А темата беше отворена бидејќи во повеќе наврати сум праел муабет за условите односот и знаењето што го нудат универзитетите и сакав да видам мислења од повеќе лица, требаше да се најдат предностите недостатоците и разликите меѓу универзитетите и во нив но лошо тргна со препуцавања комплекси и навреди..
Задоволни од одговорот метталхаммер и ели?
мислења ќе најдеш секакви на ваков форум, кај што има мноооооогу членови. Спротивставени мислења кои влечат на сите страни, дури и побивајќи ѓи основните физички закони :)

за факултетите: Предности имаат и едните (државни) и друѓите (приватните). недостатоци исто. накратко:
- државните - поефтини, секој може да се запише, и точно е тоа што некој викаат дека е потешко да се помине
- приватните - плаќаш, и пишуваат оценки, не би рекол така. некаде има вакви девијации, ама не секаде.

секој со свој став, де.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Поголемиот дел од луѓето што одат на приватен факултет одат оти имаат длабок џеб, а не планираат нешто посебно да се замараат со студирање. Останатите веруваат дека на приватните факултети е поквалитетно образованието и слично... Се работи за парите, не се работи во интерес на студентите!

Типичен пример:
1. Факултет за туризам. Пред матура доаѓа кај нас во школо група од факултетот на презентација. Презентацијата им беше катастрофа, многу бедна. Не беа никако организирани кој што ќе каже и не успеаа вниманието да ни го привлечат. Целата презентација се сведе на фалење каде патувале студентите: насекаде (читај Македонија), Грција, Турција... Кога една моја соученичка праша што се учи на факултетот, типот што презентираше (можеби професор) повторно се фати за патувањата и забавите. Значи, се се сведува на патување, а настава каде? За претставата да биде тотално уништена пуштија еден студент од факултетот да не мотивира да се запишеме по неговото искуство. Повторно, се фати за патувањата... А се разбира тие патувања треба мама и тато да ги платат. Факултет за туризам = Пиши_пропала_инвестиција.

2. Европски универзитет. Исто така,пред матура дојде една група. Професорот што ја водеше презентацијата цело време се церекаше и кажуваше некои свои гачки, глупви и неинтересни `смешки`... За перспективи со факултетот, образовна програма и слично не стана збор.. Единствено ја спомна цената за студирање и што вклучува таа. Европски универзитет = Пиши_пропала_инвестиција.

Значи, кај нас во Македонија е обратно од цел свет. Додека низ Европа студентите бегаат по приватните факултети бидејќи нудат поквалитетно образование, кај нас приватните факултети се симбол на незнаење и голема пара. Ништо повеќе...
 

Sawyer

Only God can judge me!!!
Член од
26 август 2009
Мислења
723
Поени од реакции
154
Auuuuuuuf,a vaka nema da bide bolje,temava neka ja zatvorat zosto ova dokazuvanje ne vodi nikade,koj kade saka neka si studira i koj sto saka neka si pravi so parite i koj sto saka neka si misli.Sekoj si ja brani svojata strana,nikoj ne popusta,ova e kako sporot so imeto,pregovori koi ne vodat nikade,hahaha,taka da bidete site pametni i popustete so toa sto nema da pisuvate povekje postovi na temava i ne odgovarajte na provokacii!!!Blagodaram odnapred sto ke go poslusate mojot sovet,hehehe:):):):))))))
 
М

Мартин`

Гостин
Прашање до оние коишто се на приватен дајте да видиме статистики колку од сите студенти ја поминале годината без ниту еден заостанат испит, се кладам дека ги нема ни 1% ако воопшто и толку има, е сега најчесто на приватните викам најчесто значи 90 % се запишуваат слабите или послабите ученици што не биле добри во средно па или немаат доволно поени за упис, или пак ги добивале оценките со врски па знаат дека ќе се изгубат на државен па се запишуваат на приватен зошто имаат пари нормално. Е сега квалитетот на предавање во никој случај неможете да го рамните со државните факултети едноставно на приватните даваат многу помалку за учење и на испити дури ви даваат на некои 150-200 прашања од кои 20-тина ви се паѓаат на испит значи треба да ги научиш само тие а не цел материјал од збор до збор.

Ок односот спрема студентите се знае каде е подобар зошто таму е приватен и во секој момент може да летаат од работа ако не се однесуваат човечки ист е случајот и со државните болници значи сигурен сум дека овие од државните не го негираат тоа. Но ако сумираме се на крај гледаме дека вие ќе го завршите факултетот многу полесно но со многу помалку знаење.. оние што ќе го завршат ФОН да речеме 30% ќе се вработат во фирми на нивни родители, 10% може ќе успејат што навистина учеле а отишле на приватен да најдат работа и да се докажат иако тоа тешко.. останатите 60% најверојатно ќе бидат невработени како и досегашните кои завршиле таму сигурен сум да се направи некоја статистика дека оние што завршиле ФОН сега или не работат или се надвор од струката сигурно ќе бидат едни добри 50% ..
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
285
Поени од реакции
39
Дечко дај не ме замарај со вакви глупи прашања те молам да се пофалам пред кој? Пред луѓе кои ни ги знам ни тие ме знаат? Ама патетично прашање..
па дај ми патетичен одговор =/
добри сте добри, и што сега? патетичен дечко со женски аватар и име ти поставува прашање, а кај е одговорот?
или со педери не комуницираш? :vozbud:
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Чудно е како овие приватњаците се сите експерти за психоанализи.
Еве да пробам една и јас, може?

Вие (приватњаците и ванаби, како тебе н.з.) имате потреба да се јачате сами пред себе дека сте направиле добар избор. Дека и кај вас е тешко, дека кај вас е 4 пати подобро и дека на државните све, ама све е срање.
И на крај ќе се удавите во, буквално, срањата што ги постирате.

Прво ти викаш дека АПСОЛУТНО нема никаква теорија да се иде под 50/100 за оценка на испит. Fail.

После колегата маус вика дека за работа не е битно кај си завршил. Да отвореше весник и да прочиташе некој оглас, ќе видеше и делови со "Дипломирани економисти, освен од ФОН". Или дека во банките (лично искуство) не преферираат од приватни. Чкртни тоа "не преферираат", мразат. Fail.

После ти ми викаш дека на приватните професорите држеле норма, биле поштени и најјаки у свет. Ја имав среќата да ми предава Александар Николовски во прва. Предаде - ништо. Доаѓаше - пијан. Колоквиумот - најлесен тест во живот, решен за 5 мин и бодови 20/20. Да, полесен и од оној тест во прво, со цртање букви. Fail.

И нормално, кога цел муабет ви е еден тежок fail (предтоа популарно наречен game over), нормално дека ќе се свртиш кон нешто лично - лечиме комплекси зашто немаме пари. И не е ни чудно, после цело зборење на памет.
Само е иронично, пошто доаѓа од човек која завчера ја отвори темата "Сакам да студирам на приватен, ама немам пари".

Никогаш не бил проблемот некој да студира на приватен. Проблемот е кога пропаднати фаци и типови кои се запишале таму зашто немале просек или не успеале на државните, почнуваат да солат памет на цел свет.

И знаеш што е најинтересното на цел свет?
Што всушност вие верувате во работите кои ги постирате.
Ignorance is a bliss. :)

Се надевам дека се доближив малце до приватњачкото ниво на психо-анализа.
Дека кај нас е тешко да завршиш на колок. завршиш година на испит не е, дека кај нас има подобри услови да и тоа е факт, дека на повеќето државни факултети условите и односот професор-студент е срање да и тоа е факт.
Ај баш провери и најди го постот за работата што викаш? Не испревртувај зборови и не додавај измислени коментари вистина е тоа за во огласите се сложувам, да бидеме реални 90% од вработните места се добиваат преку врски познаници, огласите се само маска. Пропаднати фаци и типови викаш.. да само што некои од нив се синови ќерки на едни од највлијателните фаци у државата.

Причина што јас избрав да се запишам на Европски универзитет не беше тоа што немам просек или неможам да научам уште 100,200 па и 500 страници туку беше тоа што мразам кога некој професор кој зависи од мене а не јас од него(по правило треба да е така ама јбг тука е се наопаку) ми изиграва фаца демек јас сум на врвот а ти си на дното јас говорам ти слушаш, јас никогаш не сум грешка и слични срања.

--- надополнето ---

па дај ми патетичен одговор =/
добри сте добри, и што сега? патетичен дечко со женски аватар и име ти поставува прашање, а кај е одговорот?
или со педери не комуницираш? :vozbud:
ај иди на првиот пост од 9та страница ќе видиш, извини женска ама прашањето навистина е патетично
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Причина што јас избрав да се запишам на Европски универзитет не беше тоа што немам просек или неможам да научам уште 100,200 па и 500 страници туку беше тоа што мразам кога некој професор кој зависи од мене а не јас од него(по правило треба да е така ама јбг тука е се наопаку) ми изиграва фаца демек јас сум на врвот а ти си на дното јас говорам ти слушаш, јас никогаш не сум грешка и слични срања.



Види друже, сигурен сум дека кога ти го кажуваш ова на другите и сам на себе, се чуствуваш горд и над сите. Мислам, хелоуууу, принципи на ниво.
Они на Државен ќе ти јадат гомна тебе?
Бап 2000 евра и кур не ти чуе бе, брааааааат!

Ај сеа логично да го разгледаме твојот случај.
На државен ќе те примеле во државна квота (хипотетички претпоставуваме дека си кадарен и имаш 5,00 просек, а не си размазен син на некои богаташи). Тоа е 200 евра годишно.
Но, бидејќи тебе не сакаш некој "да ти јаде гомна и да се дига", им викаш на твоите - "Слушајте сеа ваму, заеби државен, јас не сакам да се замарам. Ќе плаќаме 10 пати повеќе и ќе идам на Европски".

И твоите ти викаат "Сине офкорс ќе даваме 10 пати повеќе, само нашата мамина маза да не ја закачаат wошите професори".
Дали ти реално со твојата логика и ментален капацитет на 18 години (кога си се упишувал) би ги "одрал", ама буквално ОДРАЛ, твоите родители да плаќаат 10 пати повеќе само зашто ти изиграваш некој типац со морални и животни принципи?
Ти дали имаш осет за парите, дечко?

Дали ти си свесен што збориш и со што се фалиш, ЧОВЕКУ?!

На крај, кога ќе има ред во Стопанска, јас ќе го чекам (јебига, навикнат сум, сум чекал и полошо на Економски), а ти ќе бидеш оној што ќе дојде последен во ред, ќе се искара со сите и ќе биде нервозен, за на крај да отиде до типката и да и рече "Еве ти 1000ка женска, не можам ја да чекам, иам принципи, дај преку ред".
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
285
Поени од реакции
39
ај иди на првиот пост од 9та страница ќе видиш, извини женска ама прашањето навистина е патетично
оо сега видов и да, презадоволна сум а мислам дека и металхамер е задоволен со одговорот :smir:
и што е патетично? што јас и другите реплицираме пошто наводно љубомориме? is that the point?
или патетично е тоа што некој дошол да се расправа и да убедува луѓе како неговиот приватен факултетчил е подобар со лижигазовци на кои тато им е важна личност од која професорчето има корист и пишува на другите помали оценки со образложение дека не може сите да имаат петки пошто ке било сомнително и така им се пишувале петки додека биле наводно болни или негде на одмор а другите тупеле мозок, за на крај да им се каже `за друг час научи повеќе, пак ке те прашам`. Верувај, кај мене ги имаше многу :pipi:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Прашање до оние коишто се на приватен дајте да видиме статистики колку од сите студенти ја поминале годината без ниту еден заостанат испит, се кладам дека ги нема ни 1% ако воопшто и толку има, е сега најчесто на приватните викам најчесто значи 90 % се запишуваат слабите или послабите ученици што не биле добри во средно па или немаат доволно поени за упис, или пак ги добивале оценките со врски па знаат дека ќе се изгубат на државен па се запишуваат на приватен зошто имаат пари нормално. Е сега квалитетот на предавање во никој случај неможете да го рамните со државните факултети едноставно на приватните даваат многу помалку за учење и на испити дури ви даваат на некои 150-200 прашања од кои 20-тина ви се паѓаат на испит значи треба да ги научиш само тие а не цел материјал од збор до збор.
Мартин, немој да кажуваш дека на приватен се запишувале слабите ученици, напротив ќе ти кажам пример, еве за мене, јас бев одлична ученичка, а за пари нема врска, кога направив калкулација колку ќе треба да се запишам на државен во ск(стан,партиципација,уплати за уписи ...) ми излезе исто колку и на приватен, слушав од други дека приватниот не вредел, но покрај тоа јас одлучив на приватен да студирам, и сум многу задоволна со мојата одлука. А исто така има и студенти кои имаат повеќе и од 5 предмети заостанато. зависи кој колку учи.

За тоа кој помалку дава за учење, нас ни даваат онолку колку што е потребно да научиме не избегнуваат надвор од темите и не не натрупуваат со непотребни информации, ако сакаш нешто повеќе да научиш има библиотека, интернет каде што можеш да најдеш дополнителни информации во врска со дадениот предмет. За разлика од вас на државен кои имате до 5 предмети на семестар ние имаме 8/9 предмети, и кога ќе видиш на крај немаме помалку за учење, скоро е исто.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Види друже, сигурен сум дека кога ти го кажуваш ова на другите и сам на себе, се чуствуваш горд и над сите. Мислам, хелоуууу, принципи на ниво.
Они на Државен ќе ти јадат гомна тебе?
Бап 2000 евра и кур не ти чуе бе, брааааааат!

Ај сеа логично да го разгледаме твојот случај.
На државен ќе те примеле во државна квота (хипотетички претпоставуваме дека си кадарен и имаш 5,00 просек, а не си размазен син на некои богаташи). Тоа е 200 евра годишно.
Но, бидејќи тебе не сакаш некој "да ти јаде гомна и да се дига", им викаш на твоите - "Слушајте сеа ваму, заеби државен, јас не сакам да се замарам. Ќе плаќаме 10 пати повеќе и ќе идам на Европски".

И твоите ти викаат "Сине офкорс ќе даваме 10 пати повеќе, само нашата мамина маза да не ја закачаат wошите професори".
Дали ти реално со твојата логика и ментален капацитет на 18 години (кога си се упишувал) би ги "одрал", ама буквално ОДРАЛ, твоите родители да плаќаат 10 пати повеќе само зашто ти изиграваш некој типац со морални и животни принципи?
Ти дали имаш осет за парите, дечко?

Дали ти си свесен што збориш и со што се фалиш, ЧОВЕКУ?!

На крај, кога ќе има ред во Стопанска, јас ќе го чекам (јебига, навикнат сум, сум чекал и полошо на Економски), а ти ќе бидеш оној што ќе дојде последен во ред, ќе се искара со сите и ќе биде нервозен, за на крај да отиде до типката и да и рече "Еве ти 1000ка женска, не можам ја да чекам, иам принципи, дај преку ред".
Си правиш премногу претпоставки и слики во главата за мене мојата ситуација па и за моите.. Не сум должен да ти објаснувам се и сешто нели? Во Скопје си? Ќе седнеме на кафе ќе се дружиме тогаш ќе праиме муабет стекнуваш многу грешна слика за мене а не ме ни знаеш татина мамина маза закачат професори дрн дрн.. ако за тебе е одрал за мене можеби не е? Разгледував опции се двоумев дали приватен или државен и ти ја кажав причината зошто го одбрав приватниот нели? не е за да не ме закачаат едноставно во такви моменти избувнувам и ако се искурчиш ти малку на професор толку кажи чао пријатно на факсот нели ? Со што се фалам бе што сум се пофалил ти ја создаваш таа слика за мене..
 
М

Мартин`

Гостин
Мартин, немој да кажуваш дека на приватен се запишувале слабите ученици, напротив ќе ти кажам пример, еве за мене, јас бев одлична ученичка, а за пари нема врска, кога направив калкулација колку ќе треба да се запишам на државен во ск(стан,партиципација,уплати за уписи ...) ми излезе исто колку и на приватен, слушав од други дека приватниот не вредел, но покрај тоа јас одлучив на приватен да студирам, и сум многу задоволна со мојата одлука. А исто така има и студенти кои имаат повеќе и од 5 предмети заостанато. зависи кој колку учи.

За тоа кој помалку дава за учење, нас ни даваат онолку колку што е потребно да научиме не избегнуваат надвор од темите и не не натрупуваат со непотребни информации, ако сакаш нешто повеќе да научиш има библиотека, интернет каде што можеш да најдеш дополнителни информации во врска со дадениот предмет. За разлика од вас на државен кои имате до 5 предмети на семестар ние имаме 8/9 предмети, и кога ќе видиш на крај немаме помалку за учење, скоро е исто.
Ок може си ти одлична и стварно учиш и си била квалитетен ученик/студент ама како што реков имаат некои што минеле одлични со врски, некои што немаат појма. Имам ја братучетка еве заврши на ФОН во средно минеше со просек помал од тројка (незнам точно) сега на ФОН минеше како ништо инаку смер детективи и безбедност и самата си кажува што како е немора сега тука барем да докажувам најдобро ќе биде да ја замолам да се регистрира на форум па да биде првата што ќе признае барем на форумов и она самата го кажува ова ..

И викаш стан па ако ти треба стан за тука ќе ти треба и за на ФОН а за партиципација и останати работи нема шанси да ти е исто, рачунај ти ќе си влегла државна квота значи по 200 евра сега излеа 100 ќе биде така да ќе поминеш со 800 или 400 евра сите 4 години додека на ФОН даваш најмалку 6000 евра.. какви сакаш математики прави нема шанси исто да ти испадне.

А да го тргнеме на страна тоа што со 3 години неможеш да работиш во државна администрација па мислам секој ќе заклучи што е подобро, инаку мене рано ми е за на факултет и јас планирам да одам на ФОН зошто не планирам да се замарам на државен толку многу и искрено не посветувам толку време на учење и во средно зошто и да не успеам со ова имам(е) приватен бизнис кој веќе и добар дел го знам од татко ми така да ..
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
оо сега видов и да, презадоволна сум а мислам дека и металхамер е задоволен со одговорот :smir:
и што е патетично? што јас и другите реплицираме пошто наводно љубомориме? is that the point?
или патетично е тоа што некој дошол да се расправа и да убедува луѓе како неговиот приватен факултетчил е подобар со лижигазовци на кои тато им е важна личност од која професорчето има корист и пишува на другите помали оценки со образложение дека не може сите да имаат петки пошто ке било сомнително и така им се пишувале петки додека биле наводно болни или негде на одмор а другите тупеле мозок, за на крај да им се каже `за друг час научи повеќе, пак ке те прашам`. Верувај, кај мене ги имаше многу :pipi:
Женска те молам.. подобар полош факултет ставови и мислења.. вие одите во крајности вие се фаќате за студентите што биле и како биле колку имале на кој биле не ти знам што, значи одете во крајности а со тоа и јас со вас значи навистина избегавме од контекстот на темата.. па секаде ги има општеството такво не прави такви, се формираат некој глупи ранг листи меѓу луѓето и тоа ме иритира најмногу од се.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
И викаш стан па ако ти треба стан за тука ќе ти треба и за на ФОН а за партиципација и останати работи нема шанси да ти е исто, рачунај ти ќе си влегла државна квота значи по 200 евра сега излеа 100 ќе биде така да ќе поминеш со 800 или 400 евра сите 4 години додека на ФОН даваш најмалку 6000 евра.. какви сакаш математики прави нема шанси исто да ти испадне.
Јас не сум на Фон, во Тетово сум на СЕЕУ и плаќам само за автобус, партиципација(не цела, зашто земам стипендија) и книги. Доколку одев во Скопје и тоа на државен ќе ме фатеше поскапо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom