Приватни или Државни факултети?

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Објективно гледано од државните факултети излегуваат и во иднина ќе излегуваат поквалитетни кадри. Но, како што напиша еден член погоре, доколку сакаш да научиш, ќе научиш било - каде, а сметам дека на приватен факултет имаш далеку поголеми можности да научиш нешто ако сакаш да го научиш.
Точно е дека на приватниве повеќе се влечат и излегуваат неквалитетни кадри, ама факт е дека и на државен има такви студенти што се влечат, препишуваат итн.
Негативна работа кај државните факултети е тоа што повеќето работат по стара програма, не се опремени, не ја имплементираат Болоњската програма во целост, а сеуште имаат комплексирани професори од комунистичко кои немаат цел да те научат, туку да те оборат.

За разлика од таму, на приватен имаш помош буквално од секој, нити професор нити асистент не смее да те одбие на консултации и тоа ненајавен, на студентска служба не ти се понашаат итн. Конкретно ФОН е вклучен во многу активности, студентите се ангажираат во натпревари, има гостински предавања од реномирани фирми и личности. Негативната работа е тоа што се ниски критериумите за добивање 6ка, но тоа го сфаќам ради тоа што плаќаш голема школарина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom