Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Па нели овие од Тексас се козервативци,а ти беше против нив,цело време ги викаше конзерви???
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Па нели овие од Тексас се козервативци,а ти беше против нив,цело време ги викаше конзерви???
Тие и понатаму се конзерви. :)

Но, се попаметни од ова гомнава либерални на власт во САД. Ќе му научукаат у уста на woke прогресивциве, нешто што ми е многу мило :D

Во очите на многу американци Бајден и компанија сега се поголеми фашисти од Трамп.

Се надевам дека ќе се распадни Демократската партија еднаш и засекогаш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Тие и понатаму се конзерви. :)

Но, се попаметни од ова гомнава либерални на власт во САД. Ќе му научукаат у уста на woke прогресивциве, нешто што ми е многу мило :D

Во очите на многу американци Бајден и компанија сега се поголеми фашисти од Трамп.

Се надевам дека ќе се распадни Демократската партија еднаш и засекогаш.
Џабе се надеваш, Демократската Партија на САД ги преживеа американската граѓанска војна и обединувањето на северот и југот, а беа главни заслужни токму за отцепувањето на јужните сојузни американски држави и за почетокот на војната.

Истата Демократска Партија на САД која денес се декларира себеси како бранител и заштитник на малцинствата во САД, е истата политичка партија која во втората половина на 1870-те години кога завршува процесот на Реконструкција во САД после американската граѓанска војна, со употреба на закани, заплашувања и отворено насилство против ослободените црнци од јужните сојузни американски држави, успеа да ја врати власта на локално и регионално ниво во поранешните држави на Конфедерацијата, а тоа не се има сменето до денешен ден - со краткотрајни исклучоци кога еднаш би избрале републиканец за гувернер, но веќе на наредните избори повторно би избрале демократ.

Па дури и Тексас не знаеше што е тоа републикански гувернер цели 105 (СТО И ПЕТ) години, од 1874 до 1979 година.

Во 1957 година, тогашниот демократски гувернер на Арканзас, Орвал Фаубус, ја испрати Националната Гарда на Арканзас за присилно да ги стопира де-сегрегацијата и запишувањата на првите црнци ученици во јавните средни училишта во Литл Рок.

Потребна беше лична интервенција од тогашниот републикански претседател на САД, Двајт Ајзенхауер, со ставање на Националната Гарда на Арканзас под контрола на федералната влада на САД, и со испраќање на американската војска во училиштата за да го заштити процесот на запишување на црнци ученици.

Без поддршката од вооружените сили, Фаубус наједноставно ги затвори сите средни училишта во Литл Рок како последен чекор што можеше да го направи за да ја спречи де-сегрегацијата по секоја цена, настан денес познат како Изгубената учебна година во Арканзас.

Шест години после Фаубус, во 1963 година, Џон Кенеди - демократски претседател на САД, се соочи со својот сопартиец и гувернер на Алабама, Џорџ Валас, кој лично стоеше пред влезот на државниот Универзитет на Алабама, со цел да ги спречи де-сегрегацијата во високите образовни институции во Алабама и уписот на првите црнци студенти на универзитетот. Исто како и Ајзенхауер пред него, Кенеди исто така ја стави Националната Гарда на Алабама под контрола на федералната влада на САД и го натера Валас да се повлече.

Всушност, токму Џон Кенеди е пресвртницата во Демократската Партија на САД, неговиот предлог закон за човекови слободи и права беше усвоен од страна на американскиот Конгрес и американскиот Сенат во 1964 година откако дури после неговото убиство беше поддржан од страна на неговиот наследник и сопартиец Линдон Џонсон - заколнат сегрегационист од Тексас. Џонсон знаеше дека годините му се избројани, здравјето не го служеше баш најдобро, па играше на се` или ништо во надеж да победи на редовните претседателски избори во ноември 1964, и на крај му се исплати фрлањето на коцката - ем предлог законот за човекови слободи и права на Кенеди беше усвоен и стана правосилен законски акт, ем Џонсон издејствува изборна победа над републиканскиот кандидат Бери Голдвотер во ноември 1964.

Од 1964 година па наваму, истата Демократска Партија на САД која доведе до поделба на Унијата, до американската граѓанска војна и до расната сегрегација во јужните сојузни американски држави која траеше цел век после американската граѓанска војна, сега се декларира себеси како партија на малцинствата и на човековите слободи и права, а еве можеш убаво да видиш колку навистина ги бранат човековите слободи и права на невакцинираните, а за останатите па да не зборуваме.

Во Минеаполис - град со демократ градоначалник во Минесота - сојузна американска држава со демократ гувернер, во 2020 година полицаец задавува црнец среде улица со колено врз врат, па наместо правда, демократските власти бараат целосно укинување на полицијата. Како капак на се, го имаш претседателот на САД како отворено и јавно врши притисок врз судските власти за да внимаваат каква пресуда ќе донесат - доволен аргумент за да се прифати било каква жалба на осудениот полицаец и да се започне ново судење, бидејќи законот јасно вели дека владата не треба да си го пика носот во судството и во неговите одлуки.

Во Њујорк - град со демократ градоначалник во сојузна американска држава Њујорк - исто така со демократ гувернер, во 2014 година полицаец му врзува лисици на црнец со јасно видлива здравствена состојба - дебелина, и иако законските прописи и правила на Њујоршката полиција јасно потенцираат дека за луѓе со преголема телесна маса треба да се користат поголеми лисици со подолг ланец за да им се овозможи нормално дишење, сепак полицаецот му врзува на дебелиот црнец лисици за луѓе со нормална телесна маса, поради што црнецот се задушува и умира на лице место. Ама па тогаш претседателот на САД исто така е од редовите на Демократската Партија на САД, па ако тој не зуцне, тогаш никој не смее да зуцне. Зуцнуваа единствено њујорчаните кои лично сведочеа на настанот и тие кои не се демократи, ама па тие се расисти нели, па затоа нивните протести и не се толку важни.

Верувај ми, без разлика што носи иднината, Демократската Партија на САД нема да се распадне, во најлош случај можеби ќе се ребрендира слично како и Сојузот на комунистите на Македонија кои се ребрендираа во плави жолтици, а нивниот опстанок на американската политичка сцена останува загарантиран.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Верувај ми, без разлика што носи иднината, Демократската Партија на САД нема да се распадне, во најлош случај можеби ќе се ребрендира слично како и Сојузот на комунистите на Македонија кои се ребрендираа во плави жолтици, а нивниот опстанок на американската политичка сцена останува загарантиран.
Абе не сум толку наивен. Позади демокартите стои deep state, уште од убиството на Кенеди.

Само ако републиканците победат в'година и го земат сенатот и конгресот, тогаш Трамп најверојатно ќе се врати на власт во 2024.

Тоа ќе биде клучен момент за САД. Така да Демократите можат да се распаднат како ништо.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Најверојатно треба цела нова тема за ова, за да се соберат сите докази на едно место.

Ова е официјален документ од 2018 во кој што се гледа дека кинеско/американски научници, планирале да создадат нов корона вирус во Кина со американски пари, кој што ќе биде високо пренослив меѓу луѓето со цел GAIN OF FUNCТION. Овој прв план за грант не поминал, ама следниот од претходно објавени документи, знаеме дека поминал.

“We will compile sequence/RNAseq data from a panel of closely related strains and compare full length genomes, scanning for unique SNPs representing sequencing errors,” the application states. “Consensus candidate genomes will be synthesised commercially using established techniques and genome-length RNA and electroporation to recover recombinant viruses.”

The WHO source explained the procedure and how the brand new virus could still closely resemble the natural viruses it was derived from.

“They would then synthesise the viral genome from the computer sequence, thus creating a virus genome that did not exist in nature but looks natural as it is the average of natural viruses,” the individual said. “Then they put that RNA in a cell and recover the virus from it. This creates a virus that has never existed in nature, with a new ‘backbone’ that didn’t exist in nature but is very, very similar as it’s the average of natural backbones.”

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Директоркава на Фајзер за развој трча побрзо од Усеин Болд да избега од прашање на Project Veritas :pos:

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
17.999
Да не ти се верува колкави ретарди се прогресивциве shit libs. Успеаа да му дадат важност и вредноста на група како овие. :facepalm:

Но, што да очекуваш од тотално неспособни. Белата куќа го качи бројот на невработени само со една мерка.

 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Да не ти се верува колкави ретарди се прогресивциве shit libs. Успеаа да му дадат важност и вредноста на група како овие. :facepalm:

Но, што да очекуваш од тотално неспособни. Белата куќа го качи бројот на невработени само со една мерка.

Тенеке не можам да поверувам дека ти ова го пишиш.Ама добро е шо конечно свати кој перачи на мозок и манипуланти се прогресивциве.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.887
Поени од реакции
7.267
Да не ти се верува колкави ретарди се прогресивциве shit libs. Успеаа да му дадат важност и вредноста на група како овие. :facepalm:

Но, што да очекуваш од тотално неспособни. Белата куќа го качи бројот на невработени само со една мерка.

Пак не земаш во предвид повеќе фактори. Доколку би земал во предвид целта за рестартирање на системот и градење на нов, тогаш не се ретарди, туку интелигентно го спроведуваат планот.
Прва фаза во рестартирањето е намерно, планско рушење/ уништување на претходниот систем. Како што гледаме, таа фаза си тече совршено.

Тенеке не можам да поверувам дека ти ова го пишиш.Ама добро е шо конечно свати кој перачи на мозок и манипуланти се прогресивциве.
Ти царе во друга тема (корона), поддршка даваш на системот, веруваш во нивните изјави дека ако се вакцинира 90% од население ќе се вратиме во нормала, се исмејуваш со тие што не сакаат да се пелцоваат, а тука пишуваш дека се манипуланти :confused:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.735
па уште од времето на Обама започнаа поделбите во УСА, сега само ескалираат се повеќе и повеќе. Дотолку што веќе ми личат на вмро вс сдс. Само разликата е што овие имаат пушки и пиштоли, што е многу опасно. Либтардите највеќе ги гледам како виновни за овие работи, а после нив Трамп. Зошто Трамп? Зошто навлече огромна фолијашка банда околу него пласирајќи десничарска пропаганда.
A bandana zad Biden sho misli deka maz moze da stane zena neli e folijaska?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Да не ти се верува колкави ретарди се прогресивциве shit libs. Успеаа да му дадат важност и вредноста на група како овие. :facepalm:
Во право се. Ако се зголеми улогата, значењето и моќта на државата, посебно ако планираат и менување на Уставот (2от амандман) и давање државјанство на сите нелегални мигранти, не гледам што црвените држави бараат во таа федерација.

Владата е вмешана во секој сегмент во животот. Сега само што избегнаа банкрот и трошат како ненормални.
Во 2000та година должеле 5 трилиони, сега повеќе од 30! Републиканската партија гласа за сите тие луксузи, на сметка на туѓото гласачко тело.

Знаеш, и кај нас се вадат на тоа "социјална држава" (САД не се, ама чисто компаративно). 40% од буџетот оди во социјални трансфери, а притоа не покажуваат нималку грижа за идните генерации. Дали државата треба да го рани народот? Не. Треба да креира политики, требаат политичарите да се проституираат за да донесат компании, СДИ или порт-фолио инвестиции, кои ќе ја намалат невработеноста, ќе го растеретат буџетот и ќе придонесат и со буџетски приливи (даноци). Ние се сведовме 2ца вработени да издржуваат еден пензионер во однос на придонеси- пензија (а соодносот треба да биде 4-1 за да имаме стабилен пензиски систем)! Ебеш таква држава.

Ние знаеме каде се нашите проблеми, и во САД знаат, само Мич нема интерес да се бори за своето гласачко тело. Републиканската партија ја носи во погрешна насока, и фракцијата која беше моќна пред Трамп (и која прва застана зад Трамп) сега е помоќна. Мора некој од нив да застане на чело на Републиканската партија...по пензиорањето на Мич. Се надевам тоа ќе биде скоро. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom