Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Ресурсите секако се во центарот на случувањата, само кои ресурси? Во Авганистан ресурсите секако не беа фосилни горива туку комбинација од: проектирање моќ, сила и влијание/контрола на регионот, опиум за финасирање на црните операции на циа (сите тие невладини организации и обоени револуции, промени на власти ширум светот, сето тоа кошта пари кои не секогаш може официјално да бидат одобрени од Конгрес/итн), и не најмалку - правење нестабилност во регионот преку извоз на муслимански платеници и фанатици, не само за дестабилизација на регионот туку и за дестабилизација на Русија (посебно Кавказот кој е побалкански и од Балканот).




Туку генерал-ниов на генералштабот одамна бил љубител на Кина, да се запраша човек што мислел Трамп кога такви луѓе ставал на функција. Ама забораваме дека колку и да некогаш се појавуваат непланирани луѓе на ПОТУС позиција (како Трамп, и многу понезгодниот за нив - Кенеди) естаблишментот одамна ги има поставено правилата на игра и баш такви луѓе како генералов редовно се наоѓаат на функции од значение. Луѓе кои се полесни за контролирање од дип стејтот (и тие позади дип стејтот).



 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Тешка е ситуацијата во САД на психички план.
Најбарани порно термни.

1631786842302.png
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Проблем: Илјадници нелегални имигранти влагаат во државата.
Решение: Забрана за летање на дронови за да не може да се снимаат случувањата.

Инаку ова се дешава откако администрацијата на Бајден ја запре депортацијата назад во Хаити, а со тоа и општо.


 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Да погодам, ако не ги примат Абот и Тед ќе бидат криви. И одат во Тексас, најлошото место во САД, барем според либералите! Нека одат во Калифорнија, либералниот рај, каде ќе ги дочекаат со превисоки даноци и шансите да бидат и останат бездомници се повеќе од веројатни. Ама ќе може да гласаат!

И тоа во Ел Пасо одат! Демократско дувло во црвената држава. :/

Бајтманчето сум го нервирал! :(
Вистината боли, а тоа е дека неговата идеолошка матрица е окупирана од радикални сили кои немаат интелектуална основа, туку чисто емоционална, и со таа сакаат да освојат простор. Како платформа ги имаат медиумите. Така може да се случи ова:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Koj te spomnal Dembele tebe, se oseti prozvan vo druga tema, kade e fakt deka ucestvuvas vo 70% od diskusijata razmenuvajki dosadni repliki so Ron.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Тоа што не ти се допаѓаат моите аргументи за вакцината, не е мој проблем. Оваа вакцина нема да стави крај на пандемијата затоа што, прво нема доволна ефикасност која ќе креира колективен, дури и ако се постигне зацртаната цел од 70%, со ефикасност од 50-66%, пресметај колку ќе бидат заштитени и во кој степен (иако ефикасноста ќе продолжи да тоне). Второ, само одредени категории на граѓани се под сериозен ризик по животот. Трето, вакцината не ја сопира трансмисијата и можноста некој да заболи, да биде хоспитализиран и/или да почине, туку дава одредена заштита. И последно, Короната постои и кај животните. Намалување мутации, ова-она на другата тема.

За идеологијата. Јасно ми е дека и левицата и десницата одат кон одредени крајности, ама ако ги ставиме фактите на маса, левицата е таа која користи сила и истата се релативизира. А кога десницата ќе направи инцидент, како упадот во Капитол, одма има плачки.
Дали имаше осуда кога беше запален федерален суд со луѓе во него? Не. Тоа беше вест за која се зборуваше 3 дена. Кражбите на БЛМ? Ништо позначајно затоа што поминаа како расна битка. Демолирањата на Антифа? Ништо, дејците биле расисти. Окупирањето територија (која вообичаено се смета за тероризам)! Ништо. Ама Капитол, па Капитол. Нервозен беше и тој 6ти јануари, добро се сеќавам. ;)

И да, ако не сакаш закони како оној во Тексас, ќе се залагаш против законите за педофилија и менување на полот кај детето во Калифорнија или законите каде абортусот е легален до последнот месец. За ништо од тоа немаш пишувано, ама не почасти со 2-3 коментари поврзани за Законот од Тексас.

Лично, сакам пак Трамп да се кандидира. Чисто да гледам малку плачки низ социјалните мрежи.

Ти беше одличен соговорник тие 4ри години, за волја на вистината.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
За вакцините можеш сам да прочиташ дека на таа тема речиси и не пишувам. Сметам дека е право на личен избор и никакви драконски задолженија нема да направат ефект. Јас се вакцинирав по долго мислење чисто на раат на одмор да идам, а инаку си бев прележан и сметав дека нема потреба од вакцина. Особено сега откако се покажа дека вакцината воопшто не спречува ни 4 ни 5 ни не знам кој по ред бран.

Од друга страна па не треба целосна анархија да се дозволи, факт е дека каков таков ефект на ублажување на последиците даваат вакцините, но ефект дава и природниот имунитет. Коментарот во ковид темата ми беше повеќе за тоа дека едни исти работи ти, Тенеке, Рон, Игорче и останати дежурни ги повторувате и темата е презаситена и досадна за читање. Башка па типови како оној рамноземјашот тие па ептен на нерви идат.

За идеологијата секако нема никогаш да се најдеме на иста линија, јас повеќе пати сум кажал дека иако имам левичарско либерални погледи, далеку сум од највоук ултра либералното движење кое и штети севкупно на левицата. Културната војна сметам дека е глупост но која покрај воукерите ја форсираат и десничарите оти па и немаат со што друго да привлечат кликови. Пример фустанот на АОК овие денови е генератор за гледаност на секоја десничарска медиумска фаца (такер, шапиро и сл) исто како и на воукерските ѕвезди. А у суштина е небитна и тривијална вест која заслужува 1 минута попатно споменување.

6 јануари сметам дека е посериозен настан од сите кои ги наброја оти не верував дека во наводно најмоќната држава и наводен пример за демократија ќе гледаме слики како од некоја банана држава, во ситуација кога ниеден орган и суд не најде основ за она за што оние заведените протестираа.

А Трамп нека се кандидира, многу рано е за прогнози но не верувам дека би победил, ќе биде клучно колку уште ќе држи стравот и ќе се гласа против Трамп отколку За демократ, а и зависи дали Џо ќе направи нешто корисно оваа година кога има целосна контрола во двата дома. Ако е Камала 2024 секако победува Трамп.

Циркус ќе биде 2024 ако бидат Бајден и Трамп, 80 годишни излапени ќе креираат иднина. Уште Берни фали пак да се кандидира. Избори геријатрија.

Sent from my SM-A217F using Tapatalk
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom