- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.358
- Поени од реакции
- 15.555
УКРАИНА ВО КРИЗА
Јацењук: Ќе банкротираме, ни требаат донатори!
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побарал денес од меѓународните кредитори да одржат донаторска конференција, со цел собирање на средства за Украина за да избегне потенцијален банкрот.
За време на обраќањето во парламентот, Јацењук ја истакнал посветеноста на неговата влада во спроведувањето на тешките реформи, но кажал и дека на официјален Киев му се потребни уште пари од меѓународните кредитори.
„За да преживееме и за да го спречиме банкротот потребна е меѓународна донаторска конференција, усвојување на планот за заздравување на Украина и помош од западните партнери“, кажал Јацењук.
Тој пред сѐ се повикал на написот во британскиот весник Фајненшал тајмс во кој се истакнува дека Меѓународниот монетарен фонд, чија делегација неделава ќе го посети Киев за разговори за актуелната програма за помош од 17 милијарди долари, идентификувал дека на Украина ќе ѝ недостигаат уште 15 милијарди долари.
Украина досега, во рамки на програмата на ММФ, доби две транши од кредитот, со вкупна вредност од 4,6 милјарди долари. Девизните резерви на Киев се на најниско ниво во последните десет години поради отплата на гасниот долг на Русија и напорите на Киев да ја одржи вредноста на националната валута гривната.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/jacenjuk-kje-bankrotirame-ni-trebaat-donatori