jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.314
Кина и Русија се ривали во регионот, тоа е точно, но моментално имаат заеднички непријател, факт кој го замрзнува ривалството. На Кина и одговара воено силна Русија како воена контратежа на САД и на Русија и одговара економски моќна Кина како контратежа на економската доминација на евроатланските структури. Сакале или неќеле, Кина и Русија се ставени во ист кош.Како што сега ги ставаат во исти кош Русија и Кина. А ќе се разочараат.
Што се однесува до Турција, ако се навратиме назад некој месец, можеби треба да се запрашаме која беше улогата на Ердоган во бунтот во Казахстан. Односите меѓу Русија и Турција се доста комплицирани, баш поради Турските републики. Сите овие Турски републики(освен Азербејџан) се цврство врзани за Русија, колку што се цврсто врзани за Турција. Затоа и релацијата на Русија со Турција е доста внимателна.