Што имаме врска ние со војнава во Украина? Не праиме муабет тука за поддржување некоја страна, туку која е реалноста.
Реалноста е дека Македонија има воведено санкции против Русија иако Русија апсолутно ништо не му има згрешено на македонскиот народ.
Реалноста е дека Македонија се разоружа себеси за да и` помогне на нео-нацистичката хунта во Киев од која македонскиот народ нема никаква корист, а за волја на вистината ниту украинскиот народ нема апсолутно никаква корист од таа хунта и од нејзините злосторници против човештвото.
Македонците немаат никаква врска со воените дејства во Украина, но анти-македонската влада во Скопје има секаква врска со нео-нацистичката хунта во Киев, а Македонците нема да имаат никаква корист од тоа.
Решението е прекин на секаква помош за Украина, укинување на сите санкции против Русија и формирање на заедничка група помеѓу Македонија и Русија за подготвување на нацрт договор за слободна трговија и зајакнување на трговските и дипломатските односи помеѓу Македонија и Русија.