Состојбата се знаеше дека ќе биде катострафална за украинците, ботовите мораа да дудлаат како ќе го освоиле Крим.
Интервјуто со Лукашенко никој не го искоментира, и јас не сум го гледал цело само делови, иако не треба да му се верува баш се, кажа дека имало 45000 украинци загинато од почетокот на офанзивата, плус 45 илјади повредени и некаде 1 спрама 8 загуби на руската страна, што е некаде 5500 загинати руски војници.
Тактиката на украинците е истата како и при Харковската офанзива, само што тогаш имаа 10 спрема 1 надмоќ и иако имаа големи загуби не беше проблем да го пробијат фронтот, сега е во најмал случај е изедначен соодносот на силите.
Друга интересна работа кажа дека русите имале 250 илјади волонтери во резерва, што му доаќа плус на тие 300 илјади мобилизирани, ако е точно можеби ќе влезат во Суми како што се зборува последните денови, но и присуството на Вагнер во Болорусија не е случајно, така да можно е за некој месец да нападнат повторно по целата граница.
Не сум ја коментирал и онаа снимката со тенкот што среди цела формација за напад, тука имаше помош и од артилерија, ама тактиката на русите е таа, пушти еден тенк во сивата зона (ничија земја по нашки) и среди ја формацијата и потоа пак повлечи се на одбрамбена позиција, снимката покажува дека тенковите на русите не ги управуваат пијани будали, туку некој кој којзнае колку тренинг поминале, за украинците што да кажам, се гледа дека немаат никакво искуство, ги собираат од улица и ги ставаат шофери.
Малку заебанција за таквите што ги собираат по улица, кога ќе отидат во регрутниот центар го прашуваат дали има возачка, ако каже не го праќаат како инжењер за деминирање, ако каже дека знае да вози Беларус, го ставаат во Т55, ако рече Фендит, печен возач за Леопард, Џон Дир, му даваат да вози Бредли, ако рече дека зане да вози комбањ, одма го ставаат како пилот на Ф-16.