Па нели не е целта на војнава за отцепување територии, туку за денацификација на Украина од страна на Русите? Сега можеме да се инаетиме до сабајле тука, но ете имаш докази на темава кога почна конфликтот како викаа сите за две недели ќа падне Киев, Руско знаме ќе се вее на лаврата, Зеленски ќе го барале по шахтите како Хусеин и Гадафи и слични бисери на мудроста, за сега после толку време да излезе дека Бахмут едно мало обично и безначајно градче налик на наше Тетово, втората армија во светот да не може да го освои за година и пол.