Интересна анализа на случувањата околу Вагнер кои делува доста логично.
Првата е претпоставка е дека Пргожин сака продолжување на договорот со Русија кој му завршил на Вагнер пред месец дена, затоа и ги тргнаа од Бахмуд. Нели имаше и самиот Пргожин најави дека се враќаат на почеток на август на фронт во Украина. Е сеа Шојгу бил за тоа да не им се дсде нов договор, па најверојатно од тука и најголемиот анимозитет меѓу нив двајца. Што значи се работи за пари.
Другата, исто доста интересна и логична. Од мобилизацијата во Русија во октомври навака, Украина има три мобилизации направено, сега во 4 региони има прогласено тотална мобилизација, со што планира да собере некаде 100000 луѓе, а во контра офанзивава немаат ни приближно такви загуби. Соодносот на силите, би бил некаде 3 према 1 во корист на Украина на територија на Украина. Ако на тоа се додаде и дека се почесто има шпекулации дека НАТО ќе одлучи директно да прати војска во Украина (претпоставувам во западниот дел и околку границата со Белорусија, а не на први порбени линии) бројката во корист на Украина би се зголемила. Е сега претпостсвката е дека се ова е циркуз за да прогласи Путин нова мо илизација и да воведе воена состојба на територија на Русија, со што би имал уште поголема моќ, а би се амортизирало евентуално незадоволство кај народот, поради нели тоа што Вагнер претставува закана. Претпоставката е дека бо таква ситуација Русија би можела да мобилизира дури и до неколку милиони граѓани.
Две сценарија кои се поприлично реални и логични.