- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.896
- Поени од реакции
- 36.949
Моите цинизам и исмевање се однесуваат кон пар членови што тресат ноторни глупости и невиситини, и ретушираат работи што се случија пред една година. Такви некои егзотични толкувања како вел север бил феинт за да се земел Херсон кој подоцна го изгубија, заслужуваат заебавање.@Ne_sum_ja твоите постови беа генерално разумни и логични, ама се повеќе дивергираш кон една група на профили како @Staufer @Klinton @Fenix955 чии мислења на оваа тема се претворени во цинизам кон РФ и нивната (не)способност.
За нив е разбирливо, живеат во Германија/САД и работат во воено-индустриската сфера на НАТО, не знам зошто и ти почна да го имаш тој поглед.
Настрана целата пропаганда и од запад и од исток, очигледно е дека во суштина борбата на РФ и Москва е контрола на случувањата источно од Дњепар и јужниот морски брег им биде како дома. Која е логиката да се борат за цела територија на Украина кога како РФ немаат доволно население ни за таа територија што ја владеат и без Украина?
Идеално, тоа би го имале без употрба на никакво оружје со власт во Киев која сака соработка со Москва.
Киев решава со помош на НАТО воено да се пресметува со областите на исток и најважно Крим (каде и живеат Руси). Што се очекуваше, русите да се исселат веднаш зад Урал и НАТО да прави бази на Крим? Руско-Турски војни, малку контекст?
Русите имаат 2 моменти на пораз: повлекувањето од Херсон (верувам дека имаа план за прогрес кон Одеса кој засега не успеа) и мобилизацијата дома (и за Москва и за РФ ова е тешка војна со држава чие огромно мнозинство го сметаат за свој народ, не се ова наркоманско-психопатските гранатирања на НАТО над арапи, срби, косовари, македонци (РАФ и Беломорие) кои не ги ни сметат за луѓе).
Се друго, почнувајќи од Крим 2014 па до денешното населување Чеченци во Марипол и Таганрог е срам за НАТО и цел западен свет.
Нели се малку дебилни муабетиве. Истите ликови велат дека Бахмут е најутврденото место на планетава и затоа Русите споро напредувале, ама од другата истите ликови тврдат дека Украинците имале три пати поголеми загуби. Тие што бранат во “најутврденото место на планетава” имале три пати поголеми загуби од напаѓачите. Ват д фак е муабетов.
Иницијалната желба на Русија им беше да ја неутрализираат Украина со некој договор потпишан под притисок кај што ќе се вратеше во руската сфера на влијание или во најмала рака ќе останеше неутрална. После тоа се впуштија кога видоа дека нема да ја биде работата се впуштија во land grab.
Сега ситуацијата е прилично лоша за Русија и дамо се потврдува дека колку подолго трае војнава толку повеќе ќе крвари Русија. На почеток украинците добиваа Џавелини и шлемови а сега добиваат тенкови и модерни крстосувачки проектили. Се заглавија во војна против држава и народ со желба за борба и вооружени од 30+ држави.