Треба само да ја бутнеме вратата и целата 'рѓосана структура ќе се распадне (Владимир Владимирович)
Неколку пати поставив прашање кое е вашето мислење за тоа кој е end game за Русите, што е она кое ќе го сметаат за победа. Се споменуваа 15-20% од територија на Украјина, вклучително и оние заземени 2014, но сега со ослободувањето на Изјум, Херсон и други територии, тие 15-20% се намалени.
Дали тоа руското раководство тргна во војна со цел да заземе дел од Украјина или скроз да ја сотре украјинската државност? Во тоа светло беа и изјавите на Путин и Лавров за непостоење на украјинска нација која била Ленинова измислица, негирањето на украинската култура, јазик, традиција и засебност (нешто слично како РМ со комшии) обидот за блиц освајање на Кијев ради сета таа рѓосана структура.
Но изгледа дека рѓата многу повеќе ги нагризува агресорите. Како крстосувачот Москва на кој од 6 CIWS работел само еден а пумпите за избацивање вода биле во аут уште од 90-ти.
Значи да повторам, кој е ботом лајн на Русија во војнава, што им е целта? Веќе влегуваме во 10-ти месец на оваа војна. Дали постои рационална цел за која Русија влезе во една ваква авантура? Некако исчезнаа првичните поими demilinacizacija за сега да имаме идеолошки вакуум.
Повторно ќе апелирам да се престане со навреди, со именување на неистомисленици со нацисти или соросоиди или не знам што (Бачето=еуросодомити
) , овие кои се дежурни на темава 24/7 треба да сфатат, да прифатат, да почнат да перцепираат дека постојат различни мислења од нивните и да се однесуваат со должна почит кон соговорникот а не да се збираат тука и да вреѓаат и омаловажуваат оние кои имаат контра ставови.
Очигледно едноумието е стравична појава кај русофобите на темава, не можат да поднесат другачије мислење во Ано Домини 2022, таа матрица не се менува лесно.
А нема никаква потреба од вреѓање анонимни ликови на форум или соц.мрежи. Зарем не?
И да не заборавам, мојот народ е на страна на Украинците, и едни и други знаат како е под руска чизма.
СЛАВА УКРАИНИ !
ХЕРОЈЕМ СЛАВА !