Загубите во оклоп на Украјина, заклучно со вчерашен ден :
(Само она кое е документирано со фото или видео запис)
MBT :
208 Т-64
73 Т-72
62 Т-80
Тотал - 343 тенка
OA :
20 БРМ-1
91 БРДМ-2
3 Вепр
114 оклопни автомобили
ОТ/ОБВ :
78 МТ-ЛБ
169 БМП-1 (БМП-73)
1 ПБВ-501
46 БМП-3 (БМП-100)
1 М-80 (Југословенско производство

)
4 БМД-2
60 БТР-4
15 БТР-60
53 БТР-70
85 БТР-80
14 YPR-765
8 М-113
5 VAB
1 Патрија Паси
5 Бушмастер
3 Мамба
3 Мастиф
7 Кирпи
7 МПВ
55 Хамви
14 Саксон
13 Хаски
4 ЛМВ
9 Краз Кобра
5 Краз Кугар
8 Краз Спартан
14 Новатор
28 Варта
63 Козак
778 Оклопни транспортери, MRAP и борбени пешадиски возила.
Без командни, санитетски, радарски и остали невооружени оклопњаци, бројката е 1235 оклопно борбени возила од сите типови.
Прилично сериозни загуби имајќи предвид предвоената ситуација. Интересно што од 30-на М-80 екс-Ју производња кои ги употребуваат секојдневно има само едно онеспособено возило.
Ленд Лисот фактички ја одржа Украјина во игра, тоа станува јасно ако се земат во предвид овие загуби погоре.
Инаку Т-64 бил забранет за извоз за време на СССР па така останале еден куп такви тенкови на украинско тло пост 1991. Овој тенк е технологија од 60-ти иако е значајно поквалитетен од Т-62 да речеме.
Сепак, годините си го прават своето.
Украјина имаше план да ги замени постепено Т-64 со домашниот Т-84 Оплот кој успешно го извезоа во Тајланд и некои такви земји, но за својата армија не направија повеќе од 20-25 комада. Засега нема ниту еден загубен Т-84 Оплот. Инаку се работи за шасија од Т-80 врз која е насадена сосема нова купола од украјинско производство.
Но тоа е, поради корупција и непотизам наместо со одличните Т-84 (чиј прототип е од 1996, 26 години да штанцаа по еден тенк месечно сега ќе имаа армада од Т-84) на фронт војуваат со прастарите Т-64. Но сепак треба да се знае дека Т-64 бил модернизиран пост 2014 и не заостанува премногу зад руските Т-72.
Т-84 Оплот :