Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    739

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Ниедна војна не е убава, а и сите војни имаат некакви окупаторски и империјалистички мотиви и позадини. Жалосно што толку многу војници загинале. Еве погледни што се случи по 2та светска војна, поделба на Европа на два дела и таа поделба траеше половина век.
Советскиот сојуз ја ослободил Европа т.е. источна Европа од Нацизмот ок ај да речеме дека е така, но потоа истите тие ослободени источно-европски територии пола век ги држеше под контрола со стегната тупаница и со тенкови. И нас ни продаваа со децении некаков Југо-Социјализам, а во суштина Социјализам каков и секој друг та бил Советски, Севернокорејски, Кинески, Кубански сеедно и што бидна на крај со сето тоа т.н. братство-единство, на крај сите се фатија да се дават за гуша, заедничката држава се распадна на Х делови, настапи болна транзиција и.т.н.
Истото се случува и сега, само со НАТО сојузот под превезот на капитализам, слобода, индивидуалност, либерализам и останати куротресини, а јасно се гледа дека западна Европа е "окупирана" од страна на Америка и држена под контрола со константно слабеење на армиите, сите воено - политички структури им се сведени на минимум. Единствено позитивно е што луѓето таму имаат добар стандард па затоа не гледаме обоени револуции, но сето тоа се случува на грб и трошење на ресурси на трети земји како Сирија, Либија, Венецуела, Ирак, па и нашата.

И до сега имаа лагоден живот затоа што владееа со останатите 3/4 од светот и ги цицаа на секој начин. Притоа пумпајќи долари без контрола и покритие, затоа што им се можеше.

Со технолошко - економскиот напредок на Кина, воениот на Русија ова веќе се прекинува.
И, како што Нато го губи своето влијание во одредени вазалски земји (Африка, Азија), ќе гледаме се повеќе обоени револуции во Европа, првен во источнава која е сиромашна, а уште повеќе ќе се осиромашува во наредниот период за да се задржи добриот стандард на запад, па потоа ќе се прелее и кај поголемите до целосен колапс на Нато.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Многу се јаки Украина и Украинците, затоа секој ден бараат финансии и оружје од НАТО/ЕУ земјите... :LOL:
 
Не постои идеален и перфектен систем. Но сепак ниеден тоталитарен систем не е добар. Факт е дека на крајот од 20 век западниот либерален и демократски Капиталистички систем беше апсолутен идеолошко-политички победник, а источниот тоталитарен и едноумиски Социјалистички систем беше тежок лузер, губитник и тоа во секое можно поле. Социјалистичките пактови и сојузи рикнаа, народите се фатија да се дават за гуша, од братството и единството остана само прав и прашина, економијата во колапс, па настапи транзицијата т.е. преодот од еден кон друг систем и вредности. Зошто во западните земји не се случи ова, таму дури дојде и до обединување (западна со источна Германија), а ние СФРЈ, СССР и Чехословачка се распаднавме, денеска па се распаѓа Украина !
 
Па, оваа воопшто не е ниту доведено до прашање. Општо познат историски факт е.

Но, сега живееме во 21 век, каде што гледаме повторување на историјата, само од другата страна.
Сведочиме пад на едно општество кое крахира од внатре.
Само, да се надеваме дека со неговата пропаст нема да вовлече недолжни земји, народи, а можеби и цела планета.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Прегледај го приврзокот 343199

Подеднакво жал ми е и за нив,не дека сакале да гинат за болни идеи на фашисти..јбг,загинале за џабе и да не се 45к да се 30000 залудно потрошени животи за фашистички-империалистички идеали за богатење на поединци,многу е.Нешто слично и кај нас 2001 загинаа деца,денес никому-нигде.Русија ќе ја изгуби војната,ќе го подели светот,наместо да соработува ќе се изолира,а многу мајки ќе останат без синовите..Трагедија.
Овие бројки од авион се гледа дека се надувани. Ај за техниката, за оружјето можеби ама од каде тоа 46500 војници загинале? Па дури и ЦИА прогнозира 15 000 загинати. А колку се на Украина? 9000 ли како што вика Залужни? Или 250 000? Факт е дека Украинците се масакрирани и нивниот министер Резников тврдеше дека се надевале дека нема да бидат загубите над 100 000...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.990
Поени од реакции
5.140
Живо ме занима, на што го заснова својот оптимизам Зеленски за Рускиот пораз, а притоа да не се работи за користење „трава„ или „брашно„ во големи количини?...

Менторите му дошепнуваат, мозокот му е веќе инструиран, нешто „десетто„?...
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.857
Поени од реакции
10.824
Живо ме занима, на што го заснова својот оптимизам Зеленски за Рускиот пораз, а притоа да не се работи за користење „трава„ или „брашно„ во големи количини?...

Менторите му дошепнуваат, мозокот му е веќе инструиран, нешто „десетто„?...
Прво и основно… глумец е!
Тоа ќе ти каже се што треба да знаеш :toe:

Веројатно најблиску до вистината е сцената од Ајрон Мен, кога ќе го открие (вистинскиот) Мандарин!
Ја глава оставам дека баш ова и се случува во некој подрум, во некоја америчка база во Полска!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.143
Поени од реакции
83.803

Ако земеме тука ретроградно да ги цитираме изјавите британското МО, ќе испадне дека The Sun се пореални.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.818
Поени од реакции
42.453
не знам кој уште верува у западниве медиуми осим игорче, цитро и бугариве. Дури и кога читам коментари на објави од англиски телевизии и други медиуми енглезиве знаат дека све е булшит.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.435
Поени од реакции
9.087
Прегледај го приврзокот 343199

Подеднакво жал ми е и за нив,не дека сакале да гинат за болни идеи на фашисти..јбг,загинале за џабе и да не се 45к да се 30000 залудно потрошени животи за фашистички-империалистички идеали за богатење на поединци,многу е.Нешто слично и кај нас 2001 загинаа деца,денес никому-нигде.Русија ќе ја изгуби војната,ќе го подели светот,наместо да соработува ќе се изолира,а многу мајки ќе останат без синовите..Трагедија.
~46500 не се убиени, туку онеспособени за воени дејства (енг: casualties).

1661680184796.png

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Па, оваа воопшто не е ниту доведено до прашање. Општо познат историски факт е.

Но, сега живееме во 21 век, каде што гледаме повторување на историјата, само од другата страна.
Сведочиме пад на едно општество кое крахира од внатре.
Само, да се надеваме дека со неговата пропаст нема да вовлече недолжни земји, народи, а можеби и цела планета.
Ако се погледнат најголемите војни во европа почнувајќи од крстоносните, Карло велики, Наполеон, прва и втора светска војна, сите имаат нешто заеднично. Тоа е релацијата на нападите, од запад кон исток. Ширење на империја, а секоја империја се распукала како балон и тоа кога била во најголемиот процвет. Нато и ЕУ се во некоја рака империи. Овој пат тоа "правило" е прекршено од страна на Русија. Нато и ЕУ по секоја цена се трудат да го оджат "континуитетот", а прашање на време е која империја прва ќе се распадне, мислам на Нато или ЕУ.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.990
Поени од реакции
5.140
Прво и основно… глумец е!
Тоа ќе ти каже се што треба да знаеш :toe:

Веројатно најблиску до вистината е сцената од Ајрон Мен, кога ќе го открие (вистинскиот) Мандарин!
Ја глава оставам дека баш ова и се случува во некој подрум, во некоја америчка база во Полска!
Добро, општо е познато дека Зелениот беше актер, што не значи дека може да лаже и во „живо„ не само на актерската сцена, но каде е неговото инструирање по некоја од провалените ЦИА програми за „перење мозок„, како што беа манипулирани Мерилинка, М. Џексон и сл.?....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom