Единствено од спецификациите кое е застарено е процесорот направен со 28nm архитектура, и е на рамниште на интеловите 2 генерација i3 core CPU-s.
Но, ова со процесорите е глобална војна и клучот за неа е Тајван, пошто TSMC се единствена компанија која има капацитет, технологија и знаење да ги произведе најновите процесори со 4nm архитектура.
Тука е и Самсунг кој има 4nm процес за производство, но сепак заостанува зад TMSC по квалитет и delivery. Exynos и новите Snapdragon 8 gen 1 што ги правеа излегоа доста неефикасни, па Snapdragon го префрли цело производство во TSMC.
Од другите големи играчи, Intel кој најави уште во 2019 дека ќе почне да произведува 7nm процесори, последен пат го променија датумот за 2023, а тешко дека и следнава година ќе извадат.
Да не заборавиме дека 7nm технологија за производство TSMC имаат од 2018, и тоа е веќе 5 години стар процесор. Intel, AMD, Snapdragon, Mediatek, сите се произведуваат во TSMC.
За следната година најавија 3nm технологија.
Најголем напредок има кинеската SMIC, која почна да произведува 7nm CPU од оваа година.
Но, знаеш што е најлошото?
За правење на семи - кондукторите, кои се основни елементи за правење на процесорите, се користат
ретки гасови и метали кои 30%-40% доаѓаат од Русија.
Затоа имаме, и ќе имаме страшно покачување и стагнација во технологијата, посебно недостатоци на процесори во иднина. Oваа година имаме многу намалено производство поради немање на овие материјали кои се клучни во производството.
И како што можеме да го видиме примерот на Кина, кои до пред само една деценија заостануваа технолошки длабоко позади Западот, направија квантен скок за толку кратко време, за сега да се на исто технолошко ниво како Америка, а со капацитет за производство неколку кратно повеќе.
Ова е и најголемата битка која ја губат Американците моментално. Веќе уклучен им е алармот и затоа зачестија со визити на Тајван, баш поради технологијата.