Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Украина сеуште административно не е подготвена за влез во ЕУ. Царува мито и корупција, невнесени точни податоци за статистика, економски според бројките не е за влез во Еу, плус огромна популација е тоа. Типичен школски пример како Еу едни земји внесува, а другите ги држи на ланец. Се разбира после Романија и Бугарија, фали во тој дел и Украина. Класична политичка пресметка со Русија и после цацко им е крив на Еу. Како политиката ја уништува економијата исто може да се земе за лекција во средна школа „Украина влезе во ЕУ“.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Не реков дека постои било каков спор помеѓу Украина и Полска, само направив споредба со спорот помеѓу Шпанија и Велика Британија. Шпанците претставуваат едвај 2% од целокупното население на Гибралтар, па сепак Шпанија вели дека Гибралтар треба да биде дел од нејзината територија, а не од територијата на Велика Британија. Ниту реков дека постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, ниту реков дека ќе постои територијален спор помеѓу Украина и Полска, туку спомнав дека можно е да се појави таков спор помеѓу Украина и Полска, што не значи дека таков спор воопшто ќе постои, го спомнав тоа чисто како варијанта.

А кога сме кај Украинската Православна Црква, тоа и не е некое изненадување, речиси сите држави кои се отцепија од некогашните федерации во источна Европа имаат православни цркви кои не се признаени од страна на православната црква која претходно уживала автокефалност врз истите територии врз кои денес автокефалност уживаат тие непризнаени православни цркви.

Не изнесов никакви полувистини или погрешни интерпретации, туку само спомнав општо познати историски факти кои ги знае секој кој го знае исходот од Втората Светска Војна, а не некој кој читал, но не дочитал.

Да, во право си, Полска се проширила на запад на сметка на териториите на Германија, и Русија исто така се има проширено на запад на сметка на териториите на Германија, денешната Калининградска Област била дел од територијата на поранешна источна Прусија, која била дел од територијата на Германија пред Втората Светска Војна.

Да, во право си, Полска и 3 четвртини од територијата на Украина биле дел од заедничката Полско-Литванска Унија, основана во 1569 година, но тие братски односи не се постари од Киевска Русија, која постоела векови пред Полско-Литванската Унија која престанала да постои во 1795, односно 2 години откако Минск, Киев и ред други територии од денешна Белорусија и Украина биле освоени од страна на Петар Велики и станале дел од Руската Империја. После 1793 година, Украина поминала повеќе од 120 години како дел од Руската Империја, а потоа била дел од Советскиот Сојуз од неговото основање, па се до неговото распаѓање.

Над 1 петтина, поточно над 23% од целокупниот извоз на Украина оди во Русија, а речиси една петтина, поточно 19% од целокупниот увоз во Украина доаѓа од Русија. Втора држава увозник во Украина е Кина со над 10%, а дури трета е Германија со 9.6%. Втора држава во која Украина извезува е Турција со 6%, а трета е Кина со над 4%.

Судејќи според овие бројки, кои не се мои, туку се на CIA World Factbook (увоз и извоз), денешна Украина има многу повеќе заеднички деловни интереси со денешна Русија и со денешна Кина, отколку со денешните држави членки на Европската Унија.

И да, сите држави кои беа дел од социјалистичкиот блок нешто добија и нешто изгубија. Така на пример, Македонија ги изгуби манастирот Свети Прохор Пчињски, делови од Прешево и Бујановац, за кои покојниот Киро Глигоров спомна дека биле дел од територијата на Македонија после Втората Светска Војна, но од тотално непознати причини, биле припоени кон територијата на Србија, за што наводно постоеле некакви документи, но покојниот Глигоров не ги нашол тие документи ни во Белград, ни во Скопје, ни никаде, како да не постојат.

Никогаш не вели никогаш, без разлика дали е за тоа дека Полска нема да ја блокира Украина во Европската Унија или за било што, ниту јас ниту ти не знаеме што носи иднината, можеме само да претпоставуваме и да шпекулираме.
Види, споровите меѓу колонијалните сили како ВБ и Шпанија не почиваат на истите основи како случајот со размената на територии во Источна Европа.
Гибралтар има своја намена и посебна историја врзана за него, а многу помалце врз основа на % на населението таму.

А источно европските држави споровите ги водат како оставштина од поранешните монархии кога населението било преместувано за да ги преформираат “етничките“ граници во новоосвоените територии и да оневозможат создавање на сенародни востанија, затоа ќе најдеш Полјаци во Украина, Австрија, Словаци во Војводина, Унгарци во сите нивни соседни земји, Руси во Балтичките земји итн. итн.

Од интерес на Полска е Украина да се оддалечи од Русија, затоа се подготвени многу повеќе да жртвуваат и не еднаш било истакнато дека во случај на руска агресија на Украина дека Полска ( а со тоа читај и НАТО) се чувствува должна да ја брани и помага на сите можни начини.

Политиката не секогаш се базира врз некои историски или духовни врски туку врз чиста заемна корист, секако сите страни ќе се обидуваат да играат и на тие карти за да ги придобиваат Украинците.
Едно е сигурно, Украинците секогаш ќе бидат подредени некому, ментално не припаѓаат во западниот свет ама поради ресурсите и територијата и положбата се од клучно значење за Западот. Украина би била последна или претпоследна станица пред конечната цел - Русија.

Македонија е изгубен случај после осамостојувањето, сите досегашни потези кои беа направени беа само лоши.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.942
Поени од реакции
12.344

Се што спомна е чиста вистина.

Сепак јас лично мислам дека Украинците имаат повеќе заеднички интереси со Русија, отколку со Полска и со државите членки на НАТО и на ЕУ.

Денес цел свет знае кој беше првиот поважен потег на западот во уништувањето на социјалистичкиот блок, поконкретно во уништувањето на социјализмот во Полска - поставувањето на Полјак за папа во Ватикан, со оглед на фактот дека над 90% од Полјаците се католици.

Воопшто не треба да не изненадува доколку ЕУ воведе некакви економски бенефиции за Украина уште пред воопшто да започне со било какви преговори со ЕУ.

Тоа е старата позната тактика - најлесниот пат до нечие срце е преку стомакот.

Но Украинците за волја на вистината, можат да бираат помеѓу Русија и Евроазиската Унија од една страна, или Полска и Европската Унија од друга страна, а можат да одберат и статус кво ако сакаат, бидејќи имаат огромно руско малцинство на нивна територија и во добар дел се енергетски зависни од Русија, а истовремено тука се Полјаците кои не жалат да бидат добри пријатели на Украинците, слично како што Бугарија не жали да издава бугарски пасоши на било кој Македонец кој ќе се декларира како Бугарин по националност.

Ние Македонците од друга страна, ниту го сакаме истокот, но ниту западот не сака нас. Не излегуваме на море, најважните патнички и железнички коридори кои треба да поминуваат низ Македонија постојат само на мапата, бидејќи имаме власти кои во моментов се повеќе зафатени со споменици и со административни згради, а на политички и на економски план сме буквално осакатени. Затоа и да испоцркаме, ниту истокот, ниту западот нема да не жали.
 
Украина секако дека има природно повеќе заедничко со Русија, меѓутоа не заборавај дека досега тоа требаше да донесе некакви придобивки, а математиката говори спротивно.
Односно, не е Европа толку атрактивна за Украинците, колку што Русија се покажала како лош партнер во минатото и сега прашањето е што може ЕУ да понуди, а што Русија да промени доколку Украинците треба да се одлучат за една од двете опции.

ЕУ има силни примери во државите кои соседат со Украина - Полска, Словачка, Унгарија, Романија иако сите се со различни степени на развој. Далеку од тоа дека се’ е совршено сега во овие земји, меѓутоа доколку ја знаеш ситуацијата во Украина би требало одма да биде јасно.

Додека ние не излегуваме на море, немаме никакви коридори со нафта и гас, една меѓународна железничка линија, но сепак генерално подобро се живее отколку во Украина која што има се’, во смисла на економски потенцијал и услови за развој.
Зошто е толку очајна таму состојбата треба да одговарат и Русите, чија централна власт за време на СССР и нивните марионети покасно во Украина доведоа до уште пострашна поделба меѓу сиромашните и богатите, каде што милионски градови во 21 век сеуште немаат топла вода и греење во становите.

Нормалниот Украинец ќе размислува во тој правец, што ќе се смени ако останеме покрај Русија? Најверојатно ништо.
Што би се сменило ако влеземе во ЕУ? :) примерот ќе го најдат кај соседите.

Полска отсекогаш била поделена на силни две сфери на влијание и постојано биле делени меѓу истокот и западот, луѓето таму сеуште се ментално поделени во зависно во кој регион живеат, колку повеќе на Исток толку поголема бедотија.
Словачка идентично.
Романија идентично.

Русите треба да променат многу работи, пред се делбата на колачот.
 
Читнав неодамна нешто слично за ова, светската економија остварува раст, но паралелно со нејзе, и невработеноста и сиромаштијата остваруваат раст во светски рамки.

Па така, додека Русија и Украина имаат заеднички интереси од секакви области, сепак секојдневниот Украинец никако да види корист од таквите заеднички интереси.

Јас сум против членство на Македонија во ЕУ, против членство на Украина во ЕУ и против било какво проширување на ЕУ, без разлика дали е со поранешните југословенски републики или со поранешните советски републики или со било која друга држава, бидејќи додека од една страна фондовите на ЕУ делуваат привлечни, сепак кога пристигнува цехот за плаќање следуваат катастрофални последици.

Таа ЕУ веќе можеме да ја прочитаме како селски буквар, со зачленување во таа ЕУ се укинуваат царините и добар дел од давачките, но претежно тоа е отворање на границите за извозот на поголемите и посилните индустриски и економски сили на ЕУ - Германија и Франција. Мерцедес-Бенз, Фолксваген, БМВ, Пежо, Рено, Цитроен и ред други и сега остваруваат профит, но истиот тој профит ќе биде уште поголем со укинувањето на царините. Можеби нема да се согласиш со мене бидејќи македонската куповна моќ не е толку голема и силна, но праксата говори дека Македонците претежно купуваат нови автомобили, а не користени автомобил, од каде им пари - Бог знае. И се разбира, не се тука само автомобилските компании, станува збор за цел ланец на индустриски брендови кои ќе добијат амин за безцарински увоз во новопечените држави членки на ЕУ, а ние какви што сме, не извезуваме ништо, освен евтина работна сила.

Можеби и Украинците извезуваат исклучиво евтина работна сила во Русија и можеби таа евтина работна сила во Русија не е третирана со почит и не е доволно платена, но јас лично не верувам дека ќе им биде нешто подобро во ЕУ.

Затоа и за Македонија и за Украина, исто како и за сите останати држави од поранешниот социјалистички блок кои сеуште не се зачлениле ниту во НАТО, ниту во ЕУ, мислам дека најдобро е задржување на статус кво.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Некои велат дека Украина е житницата на Европа, може да произведе храна доволно за сите да се најадат.

Но тука лежи и нешто друго. Прво, зошто Русија би се откажала од ефтините производи од Украина? Второ, дали ЕУ на Украина би и дозволила да заработува со овој бизнис?

Ако би било се’ така наивно, ЕУ ќе дозволеше украински производи без проблем да се пласираат на Запад, а Русија ќе ја плаќаше реалната цена на тие производи.
Ова е само груб пример, но се рефлектира во сите останати гранки. Никој не и мисли “добро“ на Украина туку мислат на себе.

Големите корпорации се заинтересирани да ја превземат украинската индустрија и да ги зајакнат монополите, да ги истребат сите локални фирми, а оние кои сега нешто вредат да ги превземат под своја капа. Украинците ќе останат само како вработени, без никаква сопственост.

Русите исто така не се заинтересирани за силна Украина, бидејќи ќе им ги помати сметките во бизнисот со ресурси, а дополнително Западот ќе им дојде пред врата и полека ќе се спрема комбинирана специјална војна на економско политичка основа за слабеење на Русија. Сите тие профитабилни бизниси со Украина можат да прекинат, ќе се зголемуваат тензиите, а Украинците ќе се воздигнуваат конечно над Русите бидејќи ќе имаат лажен впечаток на долгоочекуваната моќ.

Статусот кво не е трајно решение кога стратегиите на противниците исто можат да се променат и ќе пронајдат свои начини до целта, затоа мора постојано да се држат отворени опции.

Затоа опцијата на Централно Југо-Источна Европска економска федерација е добра алтернатива, но потребно е неверојатен напор толку многу земји да се придобијат.

As for geopolitical orientations, it is worth mentioning the scientific conclusion of the Ukrainian geopolitician Yu. Lypa, who stated that geopolitical axis of Ukraine is the "North-South", not "East-West". He stressed that the choice of Western or Eastern vector of foreign policy of Ukraine is the most harmful to Ukrainian people doctrine. There is no better doctrine for destroying Ukraine. Moving along the "East-West" axis gives us an ethnographic split into "Westerners" and "Easterners", religious split into "Orthodox" and "Greek Catholics", and also into "agricultural" West and "industrial" East and so on.

Neither the East nor the West is the source of Ukraine. The basis of its race, culture, and philosophy from the very beginning was the South. Another guide direction of Ukrainian lands and races is the North.

Only the "North - South" axis - (Scandinavia-Baltic States, Belarus, the Balkans, Turkey) - is the axis of Ukrainian lands. It was so in the ancient era, and in the Cossack era. This Ukrainian axis is one of the most attractive geopolitical axes in the spaces between the Baltic and the Urals. Only along it the Ukrainian state has to build its own geopolitical structure, in which Ukraine itself, because of its human, economic and military potential, will be a natural leader, not scenery for someone else’s geopolitical performance.

http://uk.wikipedia.org/wiki/Липа_јуріј_Іванович

Размислете сега за нас во овој контекст, во секој можен аспект. :)
.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Увозот на гас од Русија е запрен транзитот не е засегнат!

Државната компанија "Нафтогас Украина " целосно престанала купувања на природен гас од рускиот " Газпром" .

Транзитот преку Украина кон Европа не е засегнат. Според експертие најверојатно станува збор за привремена состојба , предизвикана делумно од невообичаено топлото за ноември време и ниското потрошувачка на гас . Поради тоа гасните складишта на Украина се преполнети .

Во октомври "Нафтогас" постигнуваше во просек по 104 милиони кубни метри гас дневно , но од почетокот на ноември купувања се паднати за половина, а на 6 и 7 ноември дошле до 9 милиони кубни метри , пред сосема да запрат на 8 ноември . Тогаш истече рокот во кој украинскиот "Нафтогас" мораше да плати на " Газпром" стари долгови за 1,355 милијарди долари .

Киев плаќа на Русија околу 400 долари за 1000 кубни метри гас - една од највисоките стапки во Европа , и сака поевтино гориво или поповолни услови во договорот , како што се намалувањето на клаузулата " земаш или плаќаш "
http://www.reuters.com/article/2013/11/11/russia-ukraine-gas-idUSL5N0IW2C520131111
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Москва сака да започне со реализација на крупни заеднички проекти Украина, проекти кои ќе дозволат да се зголемат капацитетите на украинската економија, но во случај доколку Киев не го потпише договорот за асоцијација со Европската унија, изјави советникот на рускиот претседател за прашања од регионалната економска интеграција, Сергеј Глазјев за весникот „Експерт“.
„Во нуклеарната сфера се планира создавање на голем производствен капацитет од затворен стил за нуклеарната енергетика, со што државата сама ќе може да произведува елементи за своите нуклеарни централи со помош на руските технологии. Тоа се проекти кои вредат десетици милијарди долари, проекти кои забележително ќе ја подобрат украинската економија“, изјави Глазјев.
Тој додаде дека ако Киев и Брисел не го потпишат договорот, се планира и проширување на соработката меѓу Русија и Украина во ракетно-космичката сфера, изградбата на атомски пловила и во авијацијската индустрија.

Властите на Русија повеќепати изјавуваа дека во случај на потпишување на договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, Русија ќе биде принудена да воведе заштитни мерки, што ќе го затвори рускиот пазар за украински стоки.

http://ruskarec.mk/news/2013/11/12/glazjev_ako_ukraina_ne_go_potpise_dogovorot_so_eu_rusija_e_podgotvena_za_28111.html
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Значи пак гасот ке биде фрај.
 
Член од
13 април 2013
Мислења
73
Поени од реакции
72
Украинците се пред клучна одлука.
Господ да им е напомош,за да го изберат правилниот пат.
Ако изберат зближување и интеграција со Русија таа нивна одлука ќе зависи и врз нашата држава,зошто после тоа ништо нема да може да ја споре Русија во текот на оваа деценија да се споушти на Балканот.
Ако го изберат другиот пат,тогаш и ние за подолго време ќе мораме да ја јадеме сегашнава манџа која ни ја приготвуваат Западот и албанциве.
Во секој случај на Украинците им посакувам се најдобро зошто тоа беа можеби единствените наши пријатели во 2001 година кога ни гореше под нозе.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Варјаг интересно име со поинтересно значерње.
Го слушнав како име на Воен брод.
Во превод - неканет гостин.

Пoпатно, нека им е со срека на Украинците ке мор да играаат на жилет.

Факти за славната 2001.
.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Бундестагот ја предупреди Русија да не се меша во внатрешните работи на другите земји односно да не го попречува процесот на приближување на Украина кон Европската унија, пренесува МИА

- Земјите сами одлучуваат. Правото на вето на трети не може да постои, истакна Меркел во декларацијата за така наречените источни партнерства на ЕУ и ја потсети Русија на принципот за немешање во внатрешните работи на другите држави, како составен дел од повелбата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), чиј потписник е и Москва.

Меркел наведе дека повеќе пати му кажала на рускиот претседател Владимир Путин дека контактите на ЕУ со Украина, со Молдавија или со Грузија, не се насочени кон Русија.

- Но, и покрај тоа во изминатите месеци тие земји се под притисок. Ерменија дури одби да потпише еден договор со ЕУ и се одлучи за членство во царинската унија со Русија, Белорусија и Казахстан, истакна Меркел.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=27312
.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Лавров и одговора на Меркел, вели Украине е ставена под неверојатен притисок:

http://www.reuters.com/article/2013/11/19/us-urkaine-eu-russia-idUSBRE9AI0AE20131119

Да, ама не кажува за тоа како Русија го употребува гасот како еден вид оружје за да врши притисок врз Украина:
Lawrow bestritt, dassRusslandsein westliches Nachbarland selbst bedrängt: "Wir üben keinen Druck auf irgendjemanden aus. Das ist die souveräne Entscheidung jedes Staates." Die Position Russlands gegenüber der Ukraine sei "ehrenvoll und kollegial".
Die EU wirft Russland seit langem vor, seine Gaslieferungen an die Ukraine als politische Waffe einzusetzen. Ende Oktober sorgte die Drohung Russlands, die Ukraine mit Strafzahlungen wegen nicht bezahlter Gaslieferungen zu belegen,für Streit mit der EU.
http://www.spiegel.de/politik/ausland/russischer-aussenminister-lawrow-kritisiert-eu-fuer-druck-auf-ukraine-a-934381.html

Позициите на Русија наспроти Украина биле почесни и колегијални, жими „ачиво“.Знае да јаде бурек, ама не кажува за тоа како Русија врши притисок врз Украиниа.Згора на тоа дојде и директна закана од Москва кон Украина дека таа ќе биде со плаќање пенали казнета поради не исплатени доставки на гас.За ова многу, многу не му се зборува.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Да, ама не кажува за тоа како Русија го употребува гасот како еден вид оружје за да врши притисок врз Украина:

http://www.spiegel.de/politik/ausland/russischer-aussenminister-lawrow-kritisiert-eu-fuer-druck-auf-ukraine-a-934381.html

Позициите на Русија наспроти Украина биле почесни и колегијални, жими „ачиво“.Знае да јаде бурек, ама не кажува за тоа како Русија врши притисок врз Украиниа.Згора на тоа дојде и директна закана од Москва кон Украина дека таа ќе биде со плаќање пенали казнета поради не исплатени доставки на гас.За ова многу, многу не му се зборува.

Zoshto da ne se mesha Rusija, si gi zashtituva kompaniite shto vodae biznis vo Ukraina, i nema shto Germanskata baba da jade burek.
Tie so NATO, po cel svet vojuvaat i direktno se vmeshani vo sekoj etnichki konflikt, objavuvaat vojni kade shto ke stignat, rushat, palat, izgladnuvaat deca do smrt, a za toa kakov pritisok vrshat vrz Makedonija ne treba ni da se diskutira. Vakvo licemerie od Briselanite ne me iznenaduva ama ich.
Kolku shto gledam Ukraina ne e redovna so isplakjanjeto ...A shto ke praveshe EU na primer da prodavashe gas na Ukraina, ke gi zatvoreshe slavinite i ke beshe "plati pa klati"

Samo sakam da kazham deka EU e poznata po lazhni vetuvanja, dodeka im sednesh vo skut. Ukraina treba da e mnogu pretpazliva shto pravi.
Vo pozicija e da izigra pametno i da cica mleko od dve ovci.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom