- Член од
- 27 февруари 2011
- Мислења
- 297
- Поени од реакции
- 227
СВЕТ
Крим е зависен од Украина
Струја, вода, гас, храна: снабдувањето на Крим се одвива преку украинска територија. Тоа би можело да се промени на полошо по референдумот за приклучување кон Русија закажан за утре (16.03).
В недела (16.03), украинскиот полуостров Крим ќе гласа на референдум за приклучување кон Русија. Нема многу дилеми околу исходот на гласањето, со оглед на фактот што мнозинското население се етнички Руси.
Но, и во случај да прогласи независност, Крим ќе продолжи да зависи од Украина за основните животни намирници и енергенси. Водата, гасот и струјата доаѓаат преку тесен коридор кој го поврзува Крим со остатокот од Украина. Не постојат патни врски со Русија, со исклучок на траектот преку заливот Керч.
„Не постои друг начин за снабдување на Крим, дури и доколку полуостровот стане дел од Русија“, вели Габриеле Бауман, раководителка на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер во Киев.
Снабдувањето на Крим беше предизвик и пред 60 години: во 1954 година, полуостровот беше отстапен на тогашната Украинска советска република.
„Тоа беше сторено, пред сѐ, од економски причини, бидејќи полуостровот не можеше да биде снабдуван преку територијата на советска Русија, особено со вода“, вели Волфрам Ребок, претседавач со Европско-украинската агенција за енергенси. Она што беше толкувано како подарок од тогашниот советски лидер Никита Хрушчов, всушност беше решение за енергетски проблем, тврди Ребок.
Нема вода на Крим
Единствената врска на Крим со копното е преку Украина
Дури и денес, Крим не може да си обезбеди доволно вода: климата во регионот е сува и топла, а повеќето потоци и реки пресушуваат во летниот период. Најголемиот дел од водата, над 80 проценти, доаѓа од реката Дњепар преку северниот кримски канал.
Исто така, полуостровот троши околу 1.200 мегавати електрична енергија годишно. Иако постојат четири термоцентрали, тие обезбедуваат само една десеттина од побарувачката. Останатите 90 проценти доаѓаат од украинското копно. Дополнително, и 90 проценти од сета побарувачка на храна и индустриски добра доаѓаат преку Украина.
Полуостровот е релативно понезависен во однос на гасот: украинската државна компанија Черноморнефтегаз произведува нафта и гас на западниот брег и во Азовското море, со што се покриваат околу две третини од потребите. „Изгледите на Крим се добри, може да се случи дури да стане и извозник на гас, бидејќи се смета дека во Црното море има големи резерви“, вели Ребок. Остатокот од гасот доаѓа од украинска територија.
Но, доколку Крим биде анектиран од Русија, состојбата со енергенсите може да се промени. Теоретски, Киев може да ја прекине испораката на вода за околу два милиони жители на Крим. „Се сомневам дека нема да го сторат тоа, затоа што тоа ќе предизвика хуманитарна катастрофа, а тоа никој не го посакува“, вели Ребок.
Уште поважно, како што е Крим зависен од Украина, така и Украина е зависна од Русија, па договорот изгледа неизбежен. „Секој прекин на доставата може да предизвика одмазда, а Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Украина“.
Мост до Русија
Алтернативите за евентуалниот договор со Украина не се извесни. Некои обиди беа направени во минатото. Уште од 1990. се дискутира за мост кон Русија. По избувнувањето на кризата, темата е повторно актуелна. Рускиот премиер Дмитри Медведев најави дека ќе се изгради мост кон Крим, доколку полуостровот стане дел од Русија. 4,5 километри долгата поврзница за автомобили и возови би чинела околу 500 милиони евра и би се изградила за неколку години.
За енергенсите и снабдувањето со вода, од друга страна, ќе биде потребно далеку подолго време. За изградбата на тие проекти ќе бидат потребни години, ако не и децении.
http://www.dw.de/крим-е-зависен-од-украина/a-17496370
___________
Ова е еден од главните аргументи на западниве сили, гледам Дојче Веле на македонски го објавил пред некој ден, но заборавив да го прикачам. Го употребуваат буквално сите, дури и на Јутјуб видеа се сретнува како викаат дека е нелогично некој да управува со територија која нема допирна точка со останатиот дел, ко божем ова ќе биде прв ваков пример. Дубровник, Француска Гвајана, Сеута, Мелилја, се само мал дел од примерите.
Инаку, референдумот поминува мирно и со многу голем одѕив, барем како што можев да прочитам.